Знаеме ти дека и на Морзеова азбука да беше напишано ќе прочиташе. Космонаут - *гугла што е Морзеова оти Достоевски и Толстој може не ја спомнале низ книги. Иди ти читај книга со лоша интерпункција, лош превод, без параграфи и дојди кажи ми дали ќе ти е сеедно.
Ако не читаш океј е, не знам зошто упорно се браниш неповикана. Не те нарековме неписмена се пронајде сама. Сега се вадиш на лош превод, имаш книги од македонски автори ако толку ти смета преводот, што во просек е добар. Читам јас секакви книги не се грижи за мене Очигледно си ја имаш мувата на капата па брани се цело време
Не знам, сè ова ми е генерализирање. Придобивките од содржините што се консумираат според мене далеку ги надминуваат придобивките од самиот медиум. Тоа што ти го кажуваш имплицира дека квантитет е подобро од квалитет. Ако самиот акт на читање автоматски ти влијае добро на мозокот, а содржината е небитна, зошто па да не го читаме Драган Таневски само. Тежината на придобивките е во содржината, не во медиумот.
Точно. И за малите нешта ако си го фатиш редот, што се вика си го правиш денот - секогаш ќе ти е погодено.
Не дека го има перфектниот стил на пишување, или па концизност. Ама па и не беше толку тешко да се прочита ова
Јас не читам. Ни пак одам на претстави. Не сум фан ни на филмој, зато на кино одам оти ми е незгодно да станам и заминам. Ама културни настани сакам и одам. Културата е толку уба и важна. Да бидам искрена на прво читање ни тука не читам. Поќе "скенирам". Проблеми со фокус имам големи. Долго време, особено средно, се терав и форсирав да читам. До толку шо си го имав напраено "my personality". За ништо не се каам особено во животов, ни за ова. Само многу касно продуктивно научив да си насочвам фокус на важни работи и за забава да си давам друг тип работи. Јас не можам ни подкаст да слушам, ни јутуб видео "на суво". Мора да е "врзана активност" и убрзано. Па научив дека ако "врзвам" активности можам да се фокусирам, а ко ќе успеам да се фокусирам памтам и анализирам ненормално. Пример подкаст и цртање ми се најчеста комбинација и успевам да ги завршам двете. Омилен подкаст уствари ми е и едукативен - stuff you should know. Учам со пишење оти врзвам читање и пишење најпаралелно шо можи. Един исклучок се серии пошто за некоја причина мојов мозок е среќен со нив и ништо друго. Треба да растиме и секој одбира медиум шо му одговара на мозокот. Дали ова ме прај глупа, неписмена, проста - не ми е гајле. Впрочем, и ми одговара така да мислите. Пониски се очекувањата и не мора многу да се трудам. Ама за ваше добро надминете holier than thou фазата за да видите колку можности има еден мозок и светот генерално.
Текстот го напишал Милан Станковиќ. Случајна информација, не сум запознаена со текстот, ја немам слушнато песнава.
Музиката пишува он дека ја направил. Има убав дел што мене бар ми се свиѓа: и мртви се боре да се дигну горе, само сам се ја жива предала
Шо можиш друго да очекуваш од народецов наш, освен да се кодоши и туѓо гајле да бери *освен политичарите, би ги додал тука јавните личности и инфлуенсерите