Доаѓа време кога човек се изморува од се што е лажно... Лажни ветувања, лажни пријатели, лажни утехи, лажни верувања и празни убедувања.
Како може личност со лупус и реума да накачи килажа? Нормално јаде ама од М сега во XXS само може да се облече. Срце ми се кине, постојано губи тежина. Со кого може да разговарам за ова? Искуства?
Сакам да кажам камо се вака да ми се годеше. Имав за учење за Септември. Од Јануари знаев за то. И природно почнав под присила пред една недела и беше знак ? дали ќе стигнам. И некни ми стига мејл: "лол се одложи за Ноември" ама веќе се прилагодив на учењето и со исто темпо мислам дека ќе додржам да продолжам. Камо се вака да ми се местеше.
Само специјијалист што ја прати болеста ова е индивидуално и не е за на форум искуствата се тука многу малку
Сакам да викам, не да кажам.. да се дерам. Зборнав со психолог, но вознемиреноста е тука. Ме влече надолу.. се чувствувам како да тежам 5 тони...
СДК дека многу сум тапа во местење маси, правење ордевери, ц'цкање храна и мезе. Ама сериозно сум тапа, секогаш ми испаѓа ко 7 годишно дете да редело.
Да, и јас така правам, ама ич не ми оди местењето во чинии. Па и со месо, со зеленчук, со мезенце... катастрофа редам, барем гледам да не се многу раштркани. А нема шанси виткани, па украсени, такви наџиџани како што некои прават, да ти е глупо да земеш да го растуриш.
Дали се решава често лекар да згреши терапија? Мене 2 инфузии ододенаш ми пиша ама јака тахикардија ме фати и ја одбив втората на половина. А не ми е воопшто лошо и не гледам потреба од толки многу..Не знам, немам доверба едноставно.
Ммм јас па обожавам, ама само за мене и мм хаха, за гости јок. Јас мразам да сецкам, губам време со тоа, затоа си купувам од Мик сецкано и си редам.
Е ја правам такви, наџиџани Врска неам од каде таков талент, помеѓу антиталенти. Еве ти еден мал совет, гледај да е различна боја. На пример кашкавалот не го ставај со шунка во слична боја, можиш парче кашкавал парче кулен, ептен убаво изгледа. Нареди го сувомеснатото одоколу, а во средина остави простор за месо, скара. Нема правило пишано, се е како ти фаќа окото И плус, не е за гледање, за јдење е, сите одат на исто место, во мешето
Бурекојавление! Јадев бурек после не знам колку месеци... Прв ми е ова лето сигурно. И уште си стојам на ставот дека нема повкусно нешто од бурек, со јогурт. Точка. За овакви мали задоволства вреди да се живее.
Би сакала да можам и јас, интересно ми е да спремам, внимавам на детали, чаршав, салфетки, прибор, итн, ама за храната не ме бива. Фала на совет, ја па увек ги редев до сега, пола страна млечни, пола сувомеснати. Башка топло мезе. Еве ме глеам на пинтерест, барам инспирација како по обичај, и таман ќе си помислам дека ќе ми испадне ко што треба, во реалност fail-нувам. Треба повеќе да вежбам.
Ај ќе ме научиш и мене, ќе идам на курс може? Сакам да ги глеам таквите преубави ордевери и да ги јадам ама да ги спремам ја, малку потешко, нерви неам за ццкање не за друго. А со што е бурекот? Вегетаријанец си така? У Босна со сирење не го ни сметаат за бурек ама ај шо знаат пак тие.
Цел ден ми се врти мисла у глава како едвај чекам да се вратам дома и си почнам со Хари Потер маратон. Не знам од кај ми се појави еуфоријава, во последно време гледање филмови ми е баш мех, ама добредојдена е. Волку возбудена за гледање филм не сум била од не знам кога, значи it's a big deal. Биче свашта. Еве сега и @MissChievous спомнала мезе, можда и си направам мезе.