Септември месецот во кој сум родена, месецот во кој го закопав најмилиот … Месецот кој буди се во мене би го започнала со : Ние жените најдобрата верзија од себе ја даваме на најлошите мажи и потоа шетаме како инвалиди цел живот …
Ми оди и јас да си изнакупам тетратки и боички и фломастери и стикерчиња и сѐ. Па што дека не сум прваче П.с. А не дека немам, ги чувам сите дрвени боички во посебни фиокички наменети само за нив, за мрсните бои и за кредите. Имам блокови од сите големини. Имам маркери во сите бои. Не сум спремна да пораснам
Од секогаш септември ми бил еден од омилените месеци, месец кога пополека летото го испраќаме и се припремаме за есента а потоа и зимата. Улиците и дворовите стануваат позлатени од жолти лисја, свежото време и ладниот ветар полека се повеќе се приближува кон нас а и со тоа потребата од потопли обувки станува се поголема иако пред неколку недели жешкото августоско сонце ни предизвикуваше силни топлини и баревме сенка за да се скриеме. Холанѓаните и скандинавците ги завршуваат последните денови од одморите по плажите во септември, учени на поладно време Учениците особено првачињата збунети на на сите страни се припремаат да седнат на школските клупи и да го слушнат првото училишно ѕвонче, па гужвички во книжарници, маркети за тетратки Низ дворовите и домаќинставата се повеќе и повеќе ќе се чувствува вкусот на традицијата и мирисот на припрема на зимница, особено на Ајварот, кој секого го враќа назад во детството, додека се припрема и е топол со сиренце е највкусен Дождовите зачестуваат, кои ќе допринесат за се поголема свежина во воздухот, а темните сиви облаци за некого предизвикуваат депримирано чувство а за некого релаксирачко. Земјоделците вредно го собираат целиот род кои го произведиле во текот на целата пролет и лето а со тоа ги припремаат земјиштата за зимата и посевите на пченица за жетвата во идното лето. Септември е и месец кога е и роденден на татко ми, на 2-ри септември се здобив и со возачка дозвола, а тоа е причина плус зошто мие и посебен покрај сите овие природни и антропогени убавини кои ги нуди Од негативни фактори мие тоа што за нас студентите во септември е септемвриската испитна сесија, уписот на семестар и започнувањето на школската година за учениците, меѓутоа и тоа е дел од септемвриското задоволство Септември за мене е еден од најубавите месеци а есента омилено годишно време, пред се највеќе поради традиционалните вкусови на храната и припрема на зимниците. Hello September
Како запнавте со есен, абе луѓе лето сме уште, а и времето не е ладно, како што гледам добро ќе биде месецов, таман ко што треба, без оние пеколни температури, топ, тоа се бара.
Дојдов да си кажам нешто за месецот, ама гледам сите имаме нешто да кажеме за него... И иако во кругот околу мене септември и не е баш некој сакан месец, тука на форумот видов не сум била единствена шо го сакам Од кога памтам за мене го сакам септември, особено први... Ме потсетува на нов почеток, нови работи, нови искуства... А богами и јас често сакам ново, па овде и званично почнува нешто ново. Колективно почнуваме ново. И не, не зборвам само од училишен аспект. Како што го сакам понеделник, така и септември.... Не знам точно зошто, можеби и никогаш нема да дознаам, ама не е тоа сега поентата, нели? Битно е да уживаме. Живеј го моментот Триста глупости изнатропав, и постов ми е каша попара, ама не ми е гајле, форумот е за тоа нели, секој да си каже шо му сака душичката И да, за некој ден ќе почне и мојот старо-нов почеток, и те како го чекам... А до тогаш, ќе уживам вака пикната под ќебе, со кафе в рака. Свеж воздух, милина...
Среќен почеток на сите првачиња! Сигурна сум и без да споделите по минимум 10слики од сите можни агли пак ќе имаат успешна учебна година.
Море, септември проклетијо. Некому среќа, некому тага и траума за цел живот. Како дојде, така да си одиш.
Сакаш понеделници а? Ти завидувам. Ја само сакам да е посвежо времето, да може да се дише ама ко шо глеам не е баш така, па нит се осеќам дека е септември нити дека летото е при крај. А кога сме кај радоста дека дошло септември во однос на првиот училишен ден, за жал на тоа се радуваат само помалите, првачињата или оние до второ-трето, на останатите баш и не им е мило што пак ќе другаруваат со школото и училишните обврски ама ќе се навикнат секако и ќе се вратат во колосек, што се мора, се мора.