Превземено... Ние кога тргавме прваченца не носеа до двор, ова ти е школото, ене ти ја училницата, онаа ти е учителката, клучот ти е на врат и се глеаме дома. Сега со градоначалници, секретар на општина, шефчо тендерчо, песни и ора, сториња, сториња само мајките од одделение, вибер група мајки прво два, вибер група мајки прво два *опаснице*, комшиите како мафтаат...
Точно така, само што го видов и јас. Сега со сите церемонии, со торти, па спремање дома за гости. Нас бонбони обични и по комшии одевме да ги почастиме, толку.
Не знам, дали ми е до карактерот, ама јас да дознаам дека некој ме кодоши на менаџерот или шефот,ќе добие таков третман..... Не ми се верува дека ќутат некои па уште им прават муабет. Нема тука, дирек се шлак в лице и ај чао. Ама воопшто не се мислам.
Можеби ќе бидете помалку константно несреќни ако не наоѓате постојано замерки зошто другите луѓе си слават и обележуваат ситни и глупави настани како еве, прв училишен ден. Just a thought.
Што можев, денес укакав. Се појде по ѓаволите. Барем ќе ми се тргне една главоболка од грб... Утре повеќе
Најдобриот термин што некогаш ми ја опишал психофизичката состојба во моментов е прв пат забележан на форумов кога @Feminka22 во караница и рече на некоја членка дека е грефтарка. Нема подобар термин да ме опише
Јас си ги гледам сопствените грешки, го сакам јазикот и сакам да внимавам на него колку што можам. Воопшто не го гледам како нешто проблематично. А и некои ако потенцираат, не треба да се лутат. Порано форумите беа со модератори кои никако не дозволуваа да се пишува латиница, многу се внимаваше. Сега кој како стигне ќе напише. Без интерпункција, без ништо. Дијалектите се богатството на еден јазик и овде не пишувам за нив, туку за навистина лошо формулирани реченици и текстови.
Али кога ќе почне да се сука мустаќи и збори за правопис. Ко да сите други проблеми се решени и овде се водат интелектуални разговори 24/7 па уште правописот да го решиме и готово, завршена работа. Лажен ли ти и уфилман(жаргонски речник) свету, get a grip. Самосвест, google it. Е тоа само.
Понекогаш велиме: Да можев да го вратам времето, поинаку ќе постапев. Ама... Во моментот сме имале избор. И сме одбрале и постапиле онака како што во моментот сме мислеле дека е правилно. Ако сме направиле грешка, токму тука лежи нашата поука. Од грешките учиме. Затоа, не се кајте многу. Не посакувајте да го вратите времето. Прифатете го вашиот избор и она што следувало со него. Ако ви се пружи слична прилика, тогаш пак ќе постапите онака како што сега мислите дека е правилно. Ако не, ќе има други прилики кои носат други, можеби и подобри можности.
Да се надоврзам со уште еден прекрасен профил со преубави видеа. https://instagram.com/oldvintagenewyork?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==
На тикток ми се појави кратко видео не можам да најдам. Ги објаснуваше разликите помеѓу феминизам и "феминизам". Сакам да кажам, се согласувам со нејзините ставови.