Извиенете , тука има повеќе здравствени работници, па можеби и психолози, ме интересира дали +7.5 диоптер кај мало дете откриен дури на 6 години , може да предизвика повлекување на детето бидејќи во градинка , за разлика од другите децв, тој не ги гледал малите фигури кои биле нацртани. Контрола во градинка немаше воопшто, па така би апелирала до родителите сами да си ги носат на офталмолог бидејчи повлеченоста на моето синче веројатно има корени од тој период Пост од фб. "Ова" е гласачко тело. "Ова" ќе бара вина во се друго сем себе си, и секогаш државата, другите ќе му се криви, а создало дете и го "одгледува". Психолози бара за очен проблем, во градинка требало да приметат, ама она дома не... биле со педагошки, требало да знаат...
Не забегувај со ароганцијата и вокабуларот. Јас не сум во зграда ама да имам таков комшија не би дозволил да живее до мене.
Кучиња ли се, лавови ли се. Ако сакате потполна тишина преселете се во планина и нема да слушате ни лаење, ни плачење, ни пеење.
Полека господине, смири нерви малце. Што ќе му напраиш? Ќе го преселиш комшијата или пак кучето ќе го решиш? Ете баш ме занима кое е решението на проблемов? Како настапи, не смеело куче у зграда и стан да се чува ццц, па ја дрска и арогантна сум била. Не бе, коа пуштаат музика до даска у ниедно време или пак коа луѓе одмараат во ред е тоа, или коа дивеат со моторите, коа се дерат, расправаат ко ментални, тоа може да се трпи, а животните им сметаат. Да беа ко животните само, се ќе беше поубаво.
Возам. Помислив од кога го немам видено, сигурно е тука некаде во близнина шетаат со детето. За неполна секунда, погледнувам десно. Стојат на семафор. Случајност? Не, верувам.
Значи не можам да смислам луѓе што паничат. Се решив викендов да шетнам до Грчка на плажа и сите ко нееее, невреме има. Јас сум авантурист во душа и едно невреме нема да ме спречи. Ама пошто сите откажаа, тоа е. Па така решив нешто ново да почнам во животов и се решив за балет. Мислам дека во мене се крие една грациозна страна што треба да ја истражам.
Колку лажна среќа и изглумен совршен живот има по социјалниве мрежи просто да не ти се верува... Пред мене ги гледам цело време, таа се однесува со него како идиот, му вика, го понижува ... ама затоа после пола саат слика на стори, гушната во него, со глава на неговите гради наслонета и насмевка од уво до уво... До толку ли може некој да се изгуби самиот себе и да влезе во брак само поради пусти пари а притоа да нема никаква допирна точка со него...
Лицемерие, корист, ништо друго. Може и те како може, тие особи све глеаат низ призмата на парите, за нив останатите вредности се непостоечки, нит ги знаат нит познаваат ама за глумење ги бива ептен, преку глума и дошле онаму кај што се сеа. Туку зашо толку се глупи и наивни овие жртвиве нивни, тоа ми е несфатливо. Ваљда има некоја позадина зошто е тоа така.
Не знам дали филмов што го гледав беше толку тажен или јас сум emotional mess и се ми е насобрано, па така добри 70% од времето со солзи го гледав.
Легнав пред 4 часа, и тогаш ми беше ноќ. Сега станувам и ми е утро. Животе до кога вака? За другарка прашувам?
Дојде ред да се нормализира напаѓање и девалуирање на мајчинството ? Сасајати, ју ар ефед, ес ин фор риал.
Резултат на модерниот феминизам. И не само мајчинството има повеќе работи што всушност се добри, ама моментално се деградираат и се трудат да ги оттуѓат младите од тоа.
@INNERBEAUTY Сигурно те испровоцира мислењето на членката у темата за непопуларни мислења. Мислам дека не и беше целта да го девалуира мајчинството туку да посочи, дека не е мајчинството најголемото достигнување во животот, најголемата гордост, штом си мајка значи херој си и идеализирање до максимум на улогата мајка. Може за некоја е, за друга да не е достигнување и двата избори се во ред. Девалуирање на мајчинството, агресивно пропагирање за напуштање и негирање на семејните и традиционалните вредности и замена на истите со некои скроз извитоперени вредности е веќе нешто друго и е за секоја осуда. Ама да не забораваме дека и мајчинството е избор како и се останато во животот, или сакаш или не сакаш, не е задолжително, не е за секого, сите не го ставаат на пиедесталот како најбитна работа и не треба да не чуди и вади од такт што други имаат поинакви размислувања од нашите или одма да ги етикетираме како себични, нарцисоидни, препотентни и размазени. Друга работа, да се надоврзам, секоја може да роди, доколку не е спречена поради здравствени или други причини ама финтата е дали навистина ќе биде родител во права смисла, а дали секоја од нив е способна на такво нешто? Реалноста е дека не секој заслужува родител да биде. Иронично е што, токму поголемиот дел од мајките ги напаѓаат и ги хејтаат жените што немаат деца. Тоа во ред е? Само зашто се мајки, значи може така да постапуваат? Епа мене ова ми е на слично рамниште со тие што ги напаѓале и девалуирале мајките, не чини ни тоа воопшто.
Ме нервира вака, ако мислиш спротивно од нив, одма лоша личност си и имаш злобни намери, а може баш спротивното да е. Треба малце да се гледа и големата слика, не е толку тешко мислам.
@Mrs. right Да, нема секој исти желби, потреби и цел во животот. А и самите тие ни се менуваат со тек на времето. Но за многу работи, тука спаѓа и мајчинството, треба да го искусиш за да кажеш дали за тебе е најголемо достигнување или не. Инаку е само нагаѓање. Тоа е исто како никогаш да немаш на пример пробано кавијар и да кажеш дека не чини, зошто наизглед ти изгледа гадно. Секако може нема да се сложиш со мене за ова, ама реално претпоставка е сè додека не доживееш.