Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    14.369
    Пол:
    Женски
    Добро да, се сложувам, ама еве тие што не сакаат да го доживеат, викам да не ги осудуваат нив, како другиве што осудуваат зошто станале мајки, тие што навистина се против брак, семејство и деца.

    Ја не викам за мене дека не сакам да доживеам воопшто, сега моментално не понатака здравје но нека престанат со тие ограничени размислувања, секој нека си одлучува за себе што е најдобро.
    А, не одма ако некоја решила дека не сака да има потомство, да мислат дека мрази мајки, деца, љубоморна е и завидлива.
     
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    Тоа е веќе друго, секој си знае дали сака потомство или не. И сечиј избор не е за осуда и треба да се почитува. А такви што да ми извиниш на речник ама серат за изборите на други луѓе се само искомплексирани невоспитани говеда што не се задоволни од самите себе. :D
     
    На MeowMeow, Amellie13 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    @Mrs. right фала ти на објаснувањето и психоанализата за моите мотиви.
    Кога сме веќе овде и
    рефетатов нели што тотално ја утна поентата, како и твоето дежурно паметување и коментаторство на секој пост на форумов, не знам што би правеле без тебе искрено.
    Не, не ме тригна, впрочем не може да ме тригне ништо на социјални мрежи, само да ме инспирира.
    А она што ме инспирираше највеќе е баш еден пост овде на @MissChievous ќе го цитирам, во кој ми падна во очи тоа што она треба да се правда за тоа што се радува што и спрема родендеска забава на ќерка и. Па ме замисли малце искрено да ти кажам кога и како дојдовме до ова дереџе. Во будно исчекување сум на твојот одговор.

     
    Последна измена: 11 септември 2023
    На Осе и Космонаут им се допаѓа ова.
  4. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    14.369
    Пол:
    Женски
    Не, грешка, ти попаметна си, паметуваш и филозофираш поише на темава подолго време па може и затоа не те разбирам.
    Интересна си не дека не си. :l:
    Па и јас не знам што би правела без тебе искрено.

    Е што има везе тоа што се правдала за роденденот со ова? :?:
    Не се сеќавам за што се зборело тогаш.
    Зашто да се правда, пред кој да се правда, пред форумски ликови или?

    Ко пообичај не сум сфатена правилно ама ај, батали.
    Нешто не се разбираме ја и ти. :(

    Ајде и ја во исчекување сум на твојот одговор. :)
     
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    За ништо не се правдам (обично мислење беше, неповрзано со ништо од форумов), поготово не за тематикава, зошто нема зошто да се правдам (правдање обично е потребно ако нешто лошо или навидум лошо имаш направено?).
    Само си правиме муабет. Едноставно додека нешто не доживееш, што и да е, не мора мајчинство да е во прашање, не можеш да кажеш дали тебе ти е најголемо достигнување или не. Можеби ќе живееш 100 години и на 90 ќе го доживееш твоето најголемо достигнување. Што и да е. Ама без искуство, без да пробаш, не можеш да кажеш со сигурност, можеш да претпоставиш само.
     
    На theowndemon, L.i.n.a.a, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Абе Мис на ова мислев, зошто имаше потреба од на пример ова во постот.
    А потоа нели и ова
    Не изгледа ко само да си збориме.
     
    Последна измена: 11 септември 2023
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Факт е дека во последно време се деградира мајчинството. @INNERBEAUTY не кажа ни дека треба да се осудуваат тие што уште не решиле да бидат мајки ниту дека се надоврзува на мислење од друга тема. Зошто толку контрање? Не разбирам
     
    На INNERBEAUTY му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.520
    Допаѓања:
    14.369
    Пол:
    Женски
    Добро де, тоа некој го рекол што нема три чисти и што го боли стапот за туѓ живот и туѓи избори.

    Како што пишав, неам проблем со туѓите избори и не ни смеам да помислам да ги осудам дали едните или другите, која сум ја или било кој друг да им се мешам, кој фактор?

    Нити пак мајките треба да се мешаат зашто некоја одлучила да не раѓа, едноставно е.

    Среќни и исполнети можат да бидат и едните и другите во животот.

    Се разбираме сеа или јок? :)
    Ете, за последен пат.

    Бај бај.
     
    Последна измена: 11 септември 2023
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Што е до мене ок е и така да остане, да не се разбираме, што више и комуницираме.
    Ај заобиџи ме, озбилно. :hai:
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.699
    Сдк ама стварно, да освоиш 24 грен слеми ко Новак, не е ништо посебно...за мене:D. Немам појма ни што е грен слем ни дали го пишав правилно. Ама :!: секоја чест за дисциплината и работната рутина.
    Сдк, нема леб без мотика. ..мада ме мрзи да ја фатам мотика, веќе некое време:tmi:
     
    На Осе и MissChievous им се допаѓа ова.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    Таман ми даваш прилика поубаво да се објаснам. Луѓе хејтаат луѓе што не сакаат деца, зборат секакви глупи работи и ги осудуваат. Истовремено, други луѓе хејтаат луѓе што имаат деца, зборат секакви глупи работи и осудуваат.
    Лично јас пред да стигнам до моментот во животот кога добив желба да станам мајка, размислував поинаку за имањето деца, го имав прифатено фактот дека можеби никогаш и нема да имам и тоа ми беше океј. Бев као, ако станам мајка, супер; ако не станам мајка, пак супер. Зошто и пред да станам родител, уживав во животот, само на поинаков начин.
    Без да идам во преголеми лични детали, ама во разни периоди во животот, сум имала разни поставени цели и кога сум ги остварувала, ми биле најголеми достигнувања во животот. Не кажувам ништо ново, така е со секого. Е сега, тоа што не можеш да го знаеш пред да имаш дете е како ќе се осеќаш кога ќе имаш дете. Не зборувам за обврски, зборам за чувства. Ете го моето доживување за роденденот на моето дете; за мене е нешто бесценето. А нели, сите слават родендени, не сум уникатна, голема работа. Ама такво ми е доживувањето, како и да е. Или подобро кажано, откако станав мајка сè што ми значеше и претходно сè уште ми значи, ама некако чувствата за сè друго станаа побледи. Одеднаш ништо не е толку убаво, значајно, не ме погодува така како нештата кои ги доживувам со малово.

    Секако, тоа е мое лично доживување. Можеби друг воопшто не се осеќа така.

    Всушност, мајчинството не е ни достигнување, in the first place. Зошто не е нешто што можеш да си го шкртнеш од "to do list", бидејќи тоа е нешто неменливо и трае доживотно. Се менуваш како личност, прво и основно.

    Дискутабилно и индивидуално е, но секако мора да го направиш и доживееш нештото, за да кажеш дали за тебе е најголемо достигнување. А ако е, нема ништо срамно во тоа. Тука е проблемот, што се шејмуваат луѓето што родителството го сметаат за најголемо достигнување.
     
    На MeowMeow, Nausicaa, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.586
    Друго би рекла.
    Свака част и за пофалба се мајки што ем родиле (сеедно кога) и прошле низ пекол во животот, ем максимално ти пружаат поддршка за твој (помалце страшен) здравствен проблем, а ти немаш никогаш родено.
    Наместо нели да се избацат со она фамозното "не е ништо ова, ќе видиш кога ќе родиш" и да ти се смеат под мустаќ кога ќе се пожалиш.
    Ретки се такви што мозокот не им е испран од емпатија кон другите со раѓањето.
     
    На MarigoldA, Осе, Zavisnaodblago и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.689
    Пол:
    Женски
    Многу заборавате дека не секое дете расте со родители.
    Некое е посвоено од други луѓе, друго е одгледувано од роднини. Трето има родители, ама од х причина не се достапни 24/7 до него. И друг ја презема улогата, привремено или трајно.
    Така што, жената не мора да роди за да искуси. И не треба да се лупа во гради за нешто што можат да го прават и луѓе без матка и јајници.
    Патријархатот вели жената да раѓа, другите велат да ѝ биде само една од опциите.
    Нека раѓа, ама да не го тупи со тоа. Цело време зборење за дете-маж-куќа не е достигнување.
    Особено не ако го шамара детето. Оти испаѓа дека го родила само за да има кој да мачи.
    Друга не раѓа, ама наоѓа начини како да спаси сто, илјада или милиони животи. Второво секогаш ќе биде врвно достигнување.
     
    На hermosa, Zavisnaodblago и franca им се допаѓа ова.
  14. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Машки
    Деца се за забава за да не биде досадно. Јас така ги сваќам.
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    Мешаш баби и жаби.
    Има секакви родители, исто како што има секакви студенти, работници, партнери, браќа, сестри, граѓани, итн, итн. Не ги доживуваат сите луѓе сите нешта исто. Тоа е целата поента. На некој ако му е наголемо достигнување потомство, кул за нив.

    Респект за секој што има посвоено, поклон до земја. Навистина го мислам тоа. РЕСПЕКТ.
    Но, жал ми е ама апсолутно максимално не е исто како кога раѓаш ти. Зошто кога раѓаш ти поминуваш низ процес на зачнување, па низ процес на бременост, па низ процес на пораѓај, па понатаму низ доживотен процес на гледање и воспитување (за што претпоставувам дека се однесува "И не треба да се лупа во гради за нешто што можат да го прават и луѓе без матка и јајници"), кои патем секој од тие процеси се мачни и предизвикувачки, и може целосно да ги разбере само тој кој ги осетил. Баш поради тоа и има толку многу мажи кои ја потценуваат жената дека ништо посебно не направила само затоа што родила, а всушност баш направила нешто посебно и вредно за почит.

    Така да, респект до секоја жена која го поминала и го поминува процесот на зачнување, каков и да е. Респект до секоја жена која го поминала и поминува процесот на бременост, каков и да е. Респект до секоја жена која родила, каков и да и' бил пораѓајот, кој по ред и да и' бил. Респект до сите посветени родители кои се трудат најмногу што можат и знаат.

    Ако родителството ви е најголемо достигнување, браво, уживајте во чувството. Не дозволувајте други да ве убедат поинаку, зошто ниту е за потценување ниту е негативно.

    Side note: едно е да си досаден и да замараш луѓе за едното те исто, што год и да е. Друго е да постигнеш нешто убаво и да си среќен во врска со тоа.

    source.gif
     
    На MeowMeow, Srckata28, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    .
    Тоа и беше поентата само.
    Без остала политичка коректност и такви ми ти ствари.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    Што е форум ако не си помуабетиме? :D
     
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.134
    Пол:
    Женски
    Да бе достигнување е за турска серија да се збори. :D
    Мислам, нормално секоја жена треба да има живот и надвор од родителската улога и тоа е тоа што им фали на некои луѓе, ама тоа не го прави мајчинството за занемарување.

    И секако, тоа што ти се случува во моемнтот - за тоа ќе збориш. Логично е. Ако сум окупирана со работа за работа ќе зборам. Ако сум окупирана со факултет за тоа ќе зборам. Ако имам дете за кое се грижам 24/7 ќе зборам за тоа. Природен тек на настаните.
     
    На Bezimenka90, Waverly Raven, Srckata28 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.796
    Пол:
    Женски
    Абе што би рекле старите, со исав само. :D
     
  20. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    3.727
    Пол:
    Женски
    Ова ми бил најтешкиот почеток до сега. Секој почеток е тежок знам, ама ова е нешто претерано. Ако издржам, навистина непокорлива сум...
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.