Остави на сноуфлејкси да ти објаснат како врлините се мани, маните-врлини, јачините-слабости и обратно, и ќе ти сe разјаснат конечно стварите, и ќе ги откриеш секако и сите тајни на Универзумот успат. You're welcome!
Колку би го сакала и јас истото.. баш ми фали тоа време.. Некогаш сум уморна од животот и се ми е рамно.. едноставно се осеќам исцрпено иако не знам причина ми се оди негде на планина да се извикам колку можам..
Кафе во кафич достигна цена од 120, 130 па на некои место и 190 денари. Средна пица од 270 денари сега е 420 денари. Кафичите станаа луксуз, а пак се преполни.
@INNERBEAUTY не сфатив дали стварно ти се свиѓа Тејлор или се заебаваш (во темата непопуларни мислења)? Не слушам таква музика, језда мислев дека е далеку полигава од што е, ама и' пружив шанса и и' ја ислушав дискографија (не сè, ама повеќето). И заклучив дека музиката и' далеку подобра од на многу други поп пеачки во последнава декада. Исто така, ме изненади Мајли, поготово со последниот албум, кој всушност е топ.
Добро бе луѓе, толку ли е тешко да звониш на домофон само во станот каде што сакаш да одиш, мора ли сите да ги стиснеш и на сите да им звониш?
Дочекав на пешачки да ми свират и да ми речат дали сум нормална. Добро луѓе што конзумирате за да сте волку неточни?
Тоа не е ништо, пред еден месец поминував на пешачки кај Југодрво и една кола почна да и свири на колата пред неа затоа што ми застана на пешачки да поминам. Поминав улица, и се свртев да видам, колата што свиреше ја возеше жена.. Жена, гад..
Почекај , сеуште си млада , допрва е твоето. Зарем не е доцна за такви лудории , не ти прилега. Каква ти е таа фризура ,поубаво то стои пократок паж, помладолико изгледаш. Си се ишишала? Штета, убава коса имаше. Премногу се отвараш на луѓето, те користат, цела енергија им ја даваш. Што им ќутиш , гукни , не си мутава. Повеќе ги ценат оние кои кажуваат што на ум,тоа на друм. Не знаеш емоција да покажеш, ко дрвена Марија стоиш, лигави се малку. Децава си ги разпекмезила, кај се видело дотолку мазење и попуштање. Не те почитуваат,бидејќи трчаш да им угодиш на сите. Блазе си ти, си уживаш, баш имаш среќа да имаш позитивни луѓе околу себе. Излези, види, нема куќата да ти побегне. Како си толку смирена, мене место не ме држи. До кога ли ќе читаш само, дај некој бизнис да покренеме. Лесно ти е тебе, јас од обврски глава не дигам..... Едвај чекам полна зрелост и слобода од совети и очекувања...ништо од погоре напишаново да не ме допира ни за момент,слободно да си се ширам во своите чевли, со сопствениот чекор.
Не се зезам, озбилно, зборувам за последните неколку албуми од Lover наваму, и јас не ја слушав претходно и исто мислење имав. Ова другово, општо, не нејзино, не би да го коментирам, за тоа се однесуваше тролањето.
Веќе со години омилен социјален медиум ми е Пинтерест. Имам околу 50 (mood)boards за секакви тематики, толку ме инспирира да гледам работи што ми се допаѓаат и полека и во реалноста да работам на/за нив. И не мислам на големи работи, периодов си пинувам секакви есенски слики за да си имам cosy и топла есен и максимално да ја искористам како што сакам. Мислам дека имам детална табла за секоја категорија од животот за да имам замисла како сакам да ми изгледа и да си ја полека остварувам. Vision boards кои ме возбудуваат за иднината. Многу препорачувам.
Пред 10-15 години најмногу заглавував на Пинтерест, па престанав едно време. И после повеќе години, оваа година му се вратив. Ги избришав сите 10000+ постови и почнав од почеток, и сега нонстоп си полнам табли, наоѓам идеи, инспирација. Стварно супер медиум.
Прво се надевам ќе се најде. Второ, да прашам вака. Сакате да ми кажете дека на јебана трансфузиологија немаат резерви од НАЈЧЕСТАТА крвна група? Или и тие за Косово ги шиткаат?
Сакам да кажам дека ова ми е најголемата промена во животот која ми тропа на врата. Веќе животот ми се смени премногу и не можам да го споредам со лани а камо ли па со пред 2, 3, 4 години...али тек ќе се смени уште повеќе. Нова средина, далеку од сите што ги познавам, нови луѓе, нов јазик, нова дневна рутина, нови можности, нов живот како сопруга а можеби и мајка во некоја блиска иднина. Ми треба дијазепам во моментов, мала анксиозност од непознатото, многу ми надојде наеднаш...