Вака-така онака, стигнав до финалниот проект на осум месечната академија што ја имав запишано и изучувал. Превозбуден сум, иако во моментов како и изминатиов период сум кнап со време, работа преку ден 10 часовна, нормално пон- сабота, академија/вежби/домашни итн... ,па од скоро и девојка, нормално и таа си сака внимание ( и јас) и така. Да дозавршам со академијата, досеа до пред финалниот проект завршив на високо место во топ 10 со изработени навреме задачи, презентации итн. па се надевам и проектната че биди со високо оценета и добиени поени. Во глобала да сумирам, иако сум burn out веќе некое време, не се предавам, не е опција! Животов ми оди во нагорна линија на секое поле и има потенцијал да биди човек од мене!
Денес цел ден без причина си пеам: "Питао сам срце пуно рана где је Андријана где је Андријана! Андријана Андријана сад си туџа жеена! Тражио сам свуд по свету тебе нигде нема " !
Само за мене ли е разочарувачки некој да ми рече одбери си подарок? Која е поентата на подарокот тогаш? Финансиите не сигурно, туку гестот. Блиска личност на која секогаш до најмал детаљ гледам да и погодам подарок, рачно да изработам честитка, се фино да спакувам.. Два пати по ред, првиот не искоментирав ништо, реков фала, нема потреба. Сега по втор пат се почувствував лошо и кажав дека сум разочарана. Плаќање на каса ли е максимален труд?
Znais so bubi? Si dadovme zbor ke bidime tuka eden za drug do kraj na zivot, sho i da se sluci, jas mojot zbor nema da go pogazam, ke te cekam i ke te sakam kakva i da si. . .
Наводно нов ковид бран идело. Значи кој мисли да крши нозе, да прави сообраќајки, да дехидрира од вируси, да оперира колкови, жолчки, крајници да прави тоа сега, немојте после таму сред ковид да ви текне па нема доктор да ве прегледа.
Денес е Луни-Соларен почеток на Есента, првата Нова Месечина најблиску до Есенска Рамноденица. Секоја година е различен датумот, поради движењето на Месечината, и се паѓа 2недели пред или после Есенска Рамноденица(Соларен почеток на Есента) , некогаш во Септември, некогаш во Октомври. Годинава имаме рана Есен. Некои од дрвјата се веќе пожолтени. Среќно нека е! Spoiler: . Исто така и Еврејска Нова Година.
Да не си останам должна уште со сликава дека додека се загледав fall aesthetics ми истече времето за редактирање. А да, и Меркур веќе не е ретро. Е така.
Ми треба малце муабет Свесна сум дека сум ненормална за таа тема, и се нервирам што се нервирам.. Има некој шо има слободно време, сакам да ме сослуша некој шо не ме знае лично да ми даде совет.
И брашно и квасец, се товареа ко луди, како да нема утре. Мислеа ќе снема, што и снема ради нив ненаситни и алчни, само за свој газ си мислат, не дали ќе има за другиот. Ко војна да беше па ајде залихи прави, ненормални. Ама може и не треба да им замеруваме, сепак ништо не се знаеше, ново беше се, се испаничија луѓето, се спобудалеја скроз тогаш, не дека многу арни си беа претходно ама од тогаш уште бетер се, до денес. Мислев ќе се опаметат бар малце после тоа, ќе извлечат некоја поука ама не бре, напротив.