Овие девојки што излегуваат навечер во бициклистички, спортски градник и oversized сако каде тргнале уствари?
Им се смеевме на тие со брашното, а докториве што препишуваа антибиотици за вирус ептен беа паметни. Абе нема грешка.
Страшно ме нервира некултура во било кој облик, абе влегуваш некаде па едно добар ден , добро утро нема да те убие, примитивност.
Мене оваа културата во Германија ќе ме убие, во секој маркет на каса ГУТЕН ТААААГ , и после на крај едно долго ЧУУУУУУУУУУССССССССС шо ми ги дрма ушите
Не знам , се е изменето последниве години во земјава,за жал наместо да еволуираме како човештво, ние се враќаме во камено доба. Свеста ни е отупена од разни глупости што ни се сервираат медиумски,подалеку од носот не гледаме а за се имаме мислење,забораевме како да сме луѓе ,комплетно отуѓени, несреќни, без никакви вредности, погледни ја младинава , децата и се е јасно, кое болно општество сме.
А што фали, ти го разубавува денот таа некоја пријатност што ти ја укажуваат. Кога се враќам во Македонија мене ми е културен шок колку се сите некултурни, непријатни, безобразни, не можам да се навикнам да не ми кажат на каса Добар ден или некој озбилен ко мртовец да ме служи во кафиќ.
Го гледав најновиот туторијал со Аријана Гранде. Сметам дека шминката и фризурата отсекогаш и беа on point. Одамна се шпекулира дека нешто не е во ред со неа и не знам еве ама искрено не делува на истата личност повеќе. Истото се случи со Рири, Свифт, Лима, Дожа Кет, Херд и да не набројувам. Значи не зборувам за физичка трансформација и нагло слабеење/дебелеење, туку за псхичка. Имаат некоја тага во очите што не се опишува баш со зборови. Мислам дека Холивуд е дувло на предатори, крипери, психопати, мизогонисти и за жал педофили. Секоја нормална особа треба да се држи што е можно понастрана од шоу бизнисот.
Знам бе, шала ми беше тоа, нормално поубаво ми е да се понашат као луѓе неголи како животни, посебно на пешачки
На пешачки како се понашаат Швабиве, културни, застануваат, ти даваат предност? Кај нас знаеш и сама, да се зачудиш дури коа ќе ти застане некој, си шибаат гајле си немаат, и на црвено си проаѓаат, баш ги брига и онака дива лига е.
Што се десило со Лима? Он топик: за во испукајте се е повеќе но: втора сабота по ред, плановите : цврц. History repeating...илимити historia est magistra vitae, к'о ш'о провери некој на гугл..чиарс