Не знам што човек ќе сум. Не сум стара ама ни стара жена не е вака. Едвај ме извади другарка ми од дома, ајде на Пиволенд. Издржав еден саат, и во наредните 2 саата умирав, физички, кичма убива од стоење, психички па да не правам муабет. Интровертизмот на најјако. Паничен напад, не можам да дишам, зошто не знам уште колку ќе сме таму, зависам од нејзината кола, а другаркава е обратна, колку повеќе гужва и бучава, толку повеќе ужива и не и се иде дома. А баш беше јака сцената, без збор, ама џабе сѐ кога јас бев shut down. Не знам како преживеав најсериозно! Уште некои 15тина минути да останев на раце ќе ме креваа непознати кога ќе се онесвестев. Тешко мене...
Само кога ќе се сетам на времето пред интернетот колку немавме ништо а имавме се. Колку Скопје имаше чист воздух, колку немаше гужви и хаос, колку малку апчиња имаше па знаеш што да земеш и да ти помогне, колку работници имаше а малку и по заслуга директори, колку мали плати имаа а имавме за се... Колку малку телевизии и медиуми имавме ама беа квалитени..Ах времиња неповратни.
Пекол е пак, у пм, на Сонце и до 40 иде. Да, обично тогаш правата есен почиња ама зависи, ко шо каснеше летото нишо чудно да е и тогаш топло.
И Ноември било топло, добро не како сега, ама ова бетер е, сабајле свежо, сега пекол, иако трпам топло и сакам лето ама ова беше претерано топло.
Луѓе што све си кажуваат демек на шала, демек сарказам, демек мајтап хехе. Глејте да не бидете еден ден како детето што викало волк. Оти јас барем на такви после ич не им верувам.
Е баш мразам демек шали, сарказам подсмевање нешто слично како булинг доаѓа. И ете ти триста дијагнози после испаднаа. Од тоа нечовечко однесување.
Као тежок поштувач на сарказмот, зависи во која смисла. Јас ги обожавам и длабоко поштувам, доколку е добронамерно, тогаш баш преку сарказам интелигентно се кажуваат и најголемите вистини, а може да се види дали е или не добронамерно само ако се уклучи кликерот и радарот. Е сеа колку е уклучен кај некои тоа е друга ствар. И во нивна одбрана во лажниот свет кој го живееме многу па се '' палат'', уживаат и допринесуваат во слатки лаги кажани и без сарказам и шалење, испред очи ладно што би се рекло. И така.
Не зборам за луѓе што иронично прикажуваат секојдневни актуелни ситуации Него што кажуваат им се случило нешто или биле некаде и после Абе сарказам/шала. Мада повеќе лажење е. И еден ден стварно ќе им се случи нешто и нема секој да им верува.
Јас игром случаја се нашлакав со кокосово масло, имам пуштено летни хитови, па есента сакала доаѓала, нејќела, нејзино си е. А и не може вечно да бега. Навечер чајче, молим, лепо. У глобала ми се допаѓа овој late summer вајб и овој измеѓу период лето-есен овие Септемвриски денови.