Си читам мислења од поодамна и сфаќам дека местото дефинитвно не ми е никогаш ни било тука на Форумов. Човек просто станува се поглупав и поглупав тука.
Целосно се согласувам со тебе. Има пар членови со топ размислувања/перцепции/mindset и квалитетни мислења, ама на прсти се бројат. Не ми е целта да вреѓам, едноставно таква е состојбата. Сè почесто се фаќам како правам facepalm додека листам низ теми и постојано се згрозувам од глупоќата на која наидувам.
Многу ми е интересно подготвувањето новогодишни подароци за најблиските. Оваа година се потрудив и сама да ги завиткам, иако не е професионално како што ќе ми ги завиткаа во цвеќара, сепак мерак ми беше. Се чудите бидејќи е уште лето? Мене елката ми стои накитена цела година и уште од сега подготвувам подароци. Луда, но не сосема. На инста една идеја за машничка од вишок хартија има што цело време ми излегуваше, па конечно ја направив и дури ја испраксирав со секое правење се повеќе да ја направам што подобро да изгледа. Ги облеков чорапчињата на елените, сега одам да си подготвам чајче и да си замислувам дека надвор паѓа снег
Јака личност ќе познаеш по тоа што секогаш пробува и успева да ги издигне сите околу неа и ги остава подобри отшто ги нашла.
Како ќе познаеш мизерна нарцисоидна кукавица позади маска на бедес бич од друга страна? По мизеријата што ја сее насекаде околу нејзе. Stop trying to make stupid famous(or smart), or give them any attention they so desperately need, seek and want, whatsoever. Спојлер: . Ај не ги спојувајте постовиве жити се, две различни енергии се, што не идат заедно затоа и ги одвоив.
Ме дрма Меркур во Девица. My mind is going places. Уште многу тоа имам да кажам, ама ај да оставиме за друг пат.
Чисто да ди го објаснам никот: Перо, да те прашам нешто ама да ми ветиш дека нема да ми се смејш! Чесен збор, повели прашај Димко! А бе вчера излеговме со Мара на панаѓур и поседиме малку по тоа Скарите и сегде едно исто го лафат, поза 69,да не знајш случајно шо е тоа? Тоа ти е Димко, стануваш у 6 сабајле, а си легнуваш у 9 навечер, бива ли да си толку прост?
You go down just like Holy Mary Mary on a, Mary on a cross Заслужено ја освоија греми наградата во Шведска за 2023 Како личност која не слуша ваква музика, останувам без коментар: 1. како е можно втор пат на фемина да коментирам за песнава , обично се знае си пишал еден коментар и нема што да се повторуваш ко папагал 2.навистина не слушам ваков тип на музика, ама шо ми е бе, се опседнав со песничево. Ретко се дешава да се поклопам со голем дел од светот, оти јас живеам во некој мој свет и се нешто друго слушам и гледам на интернетов , да не речам сите обратни Херера терсене Ама не , голема почит за ова мастер дело кое и ден денес се слуша, милиони коментари и реакции на клипот од разни јутубери, продуценти и секакви ликови кои се маѓепсани од песнава. Уште 3 месеци завршува 2023 година, за да не копирам линкови дека месецов течат концертите во Јужна Америка, поставени се нови клипови баш од истоимената песна и за чудо до сега немам прочитано негативен коментар. Епа Херерке , ајде ја пуштаме песната волумен максимум, ИЗВИНИ КОМШИ, но оваа црковна церемонија мора да ја осетам пак и пак преку песнава . Му се поклонувам до земја на бендот за креирањето на ова музичко дело. Секоја чест , песнава е легендарна и ќе се памети уште долго ........и пееме заедно ...... you go down just like Holy Mary Публиката хипнотизирана, а Херера откачи скроз Го завршувам постот со последниот стих од песната And I see nothing wrong with that
Значи зборот ми е изгледа, како тоа ќе се борите за врсничко насилство и булинг, кога ова е нормализирано бон-тон понашање денес насекаде низ општеството вклучувајќи ги и '' возрасните" со се социјални мрежи во саемот на нарцисоидни ега?
Во државава постојано нови случаеви на фемицид, огромен број на жени што барале спас во полицијата и пак завршуваат толку трагично. Кога ќе почнат да ги сфаќаат серизоно жените? Колку жени треба да умрат пред да почне да се работи на таквите случаеви? А од друга страна пак, што очекувам кога живееме со луѓе што вака размислуваат и коментираат за случаевите:
Сдк Лего https://nezavisen.mk/lego-se-otkazha-od-reciklirana-plastika/ И сега, шо праиме со пластиката-да рециклираме, да не рециклираме? А да ја забраниме да се произведува на пример? Памтам едни времиња, и без пластична амбалажа живеевме и ништо не ни фалеше баш
Со што ќе ја замениме? Дрвата се на критично ниво. Металите исто. Плус, скапи се да се произведат, а се неефикасни. Немаме замена материјал за пластика кој е лесно употреблив, и евтин за производство.
Прашај ги родителите. Види во темата- југословенски дизајн. Знаеш колку пластичен отпад ми се собира мене? МиљардА. За истото на времето се користеше стакло ...и текстил. Е, скапо било. Ами да, осеќам истиот муабет ќе го праиме по 20, 30 години, за некој друг ресурс