Кога ќе сфатат луѓе дека тоа што млечните производи на Бимилк се со цени до плафон не е зашто се поквалитетни туку од чист снобизам на македонски производители. Ама не, Славица мора да се пофали оти зимала само од Бимилк млеко, не ќе се заебавала со српските евтини.
Сакам да кажам, добро зошто бре жени не се почитувате? Зарем толку сте истраумирани, трпите за пуст денар секакви идиоти да се изживуваат над вас, ве влечат ко крпа по нив, ве манипулираат до бесвест, ве изневеруваат, понижуваат, ама да бе вам другарките ви љубоморат ако нешто ви укажат дека во тој ваш однос нешто не е ок, битно на секакви случувања семејни, социјални сте први, да одглумите нешто што и самите знаете дека не го живеете. Греота.
Вчера бев во друштво на неколку пријателки и се приклучи уште една личност со нас да седи. Ама толку глупости се изнаслушав за кратко време, што се прашувам размислуваат ли луѓево што зборат, или зборат колку да се каже нешто?! И баш сега се потсетив на една мисла: Господари сме на неизговорените зборови, а робови на изговорените. Што не значи ни да се ќути цело време, ама па малку вклучување на мозок треба пред да се каже било што.
Додека вадев кафе на кафемат понудив и почастив колешка која случајно се затекна тука. Покасно седам на пауза и колега на кој претходно му објаснив како да си заврши работа нешто приватно на најлесен начин,доаѓа и така изненадно ми носи кафе од истиот кафемат. Ме изненади и израдува со постапката,а уште повеќе сознанието дека можеби е вистина она дека доброто со добро се враќа,па макар било тоа и во форма на шолја кафе.
Има само не знам дали у очите на рибата или устата Бог да чува 21 век уште животни се јадат Ајд немам намера со сезнајковци да се објаснувам овде. ЧуЗ
Не те прашав дали треба или не треба да се јадат животни во 21 век. Прашањето ми беше за твоето тврдење во однос на нутритивните состојки на рибата, оти во неколку мислења погоре тоа го кажа, па сакав да ми објасниш. Инаку останатиот дел од телото на рибата од шо е составен?
@franca damn. Јас зборам од аспект на вегетаријанец. Јас не мислам дека треба животни да се јадат при толку алтернативи. Да го тргнам то од патот оти ако ми вратиш неќам реплика дека треба да сме над месо јадење. Ама не можи да се негира дека поќето риби се нутритивно потковани. Риба и морски плодови се од столбовите на медитеранската диета шо инаку е докажана како најдобра и нутритивно поткована исхрана. Риба има протеин, има омега масни киселини и то е се шо генерално ни треба да внесуваме и од други извори, ама ако некој одбери то да е риба - пак ќе добие то шо бара. Ако риба нема протеини, ни масти, шо има? Хидрати? То се трите макронутриенси. А знајме дека риба не е еднаква на компир.
Во последно време ми стигнува известување дека некој ме цитира, ама кога ќе отворам не ми покажува ништо, можеби некогаш ќе се оправи форумот не замерувам.. На темава, во последно време исповести рс ми е една од поинтересните страни, објавиве ко јас да сум ги пишувала
Луѓево што викаат оти medium well и well done зготвено месо е суво и тешко за џвакање, изгледа не чуле за маринирање и динстање во животот.
Не ѝ кажувај од што се изградени мускулите Или мисли дека риба и остали животни немаат мускули, кујзнае.
Не, Алпско строго само, каков Бимилк, странските се појаки. Словенечко нели е, нема заебанција. Сите останати се ѓубре. За Алпско ај за тие што се интолерантни на лактоза па се приморани да го зимаат, ај и на тие што им е вкусно само тоа туку другиве што го зимаат само дека е алпско и поскапо..
А да, и алпското. А инаку кога ги спомнав бимилк, баш нивниот јогурт ми е најгрд. Некој чуден горчлив вкус ми има. Павлаката и киселото млеко исто им се меех.
Најголем дел од алпско е произведено во Босна иначе Иначе во суштина млекото е на Балкан тоа, кое и да го земеш е најчесто комбинација со млеко во прав, 100 пати преработено, увезено па препакувано и така. Додуша сигурно не само на Балкан вака.
Да да, секако исто ко и Аргетата што ја произведуваат и во Босна, а е нели словенечка. Него поентата ми е што се занесуваат, ѓубре биле тие ефтините овие поскапиве се врвен квалитет. Сегде више ѓубре е све, умре квалитетот одамна.
Правиме муабет за миксери. И го спомнав оној робот миксерот на Делимано што уште од фрижидер не ми излегол деновиве. И викам, добар е, гледам има 1400W, што значи дека би требало да е моќен. Малце соленчок, 100 евриќи на попуст... И ми вика: "не бе овој на делимано не го бива, слаб е, 1400W се малку", чекај, друг ќе ти најдам... Ај си викам и јас, се разбирам од W, ама не се разбирам од миксери, може слаб е. Ми покажува еден друг, дупла цена и ми вика дека е тој многу подобар, топ бил, никад не би земала делимано. Овој имал 500... - 500W? Многу слабо е тоа, викам... - Не, не. Коњски сили се тоа, hp пишува. - Абе како 500 коњски сили, тркачка кола ли е? Гледам стварно пишува 0.54hp. Ај, може коњски сили се. Ама ако ги претворам во W, излегува некои 400W. Што значи дека е уште послаб, а дупло поскап. И сега дојдовме до заклучок дека треба да купувам делимано робот про макс, пошто е јак, и поевтин од конкуренцијата, па вреди да се фрлат 100 еур додека е на попуст. А сакав само у муабет да се најдам. Со свои камења, по своја глава...