Јас овој дома што го имам од Горење е 130W, (барем така пишува), купен пред 30+ години и уште работи ко нов. Само што барем на времето, Горење беше бренд над брендовите за бела техника. И да, таман си е брз за матење. Не знам што би правел миксер со 1400W
Не знам што прави, ама за цената очекувам да ми е личен готвач и да знае да ми приготви храна од почеток до крај, а со време да учи да готви и од различни кујни во светот. Ама од муабетот скапирав дека моќноста е битна за да може дури да измикса и тесто. Еве не знам зошто некој би сакал да меси тесто во миксер, и дали е тоа возможно. Лаик сум за овие ствари. Се осеќам како стар човек кога ќе отиде да потпишува договор за телефон, интернет и тв, и го вртат у салон.
А kitchen robot e? Овие црвениве што се копија на KitchenAid се топ, ептен практични, дека нели не е само миксер него има повеќе функции, а и естетски убаво изгледаат у кујна, и за украс може да стојат. Иначе да, у право си, пак да се надоврзам за квалитетот, како што имало квалитет на времето за све, денес го нема и не се споредува. @Billy Idol има повеќе операции и функции, и за тесто е, мене едно време ми беше мерак за него и им викав на моите ама ми помина меракот.
За овој зборев јас: https://www.delimano.com.mk/delimano-kitchen-robot-pro Не знаев дека и тесто може да меси. Скептик сум малку каков вкус би имало. Ама сега сфаќам зошто требало да има поголема моќност. Само тоа ли му е предноста пред обичен миксер? За убав, убав е, ама 100 евриќи, а викаш само украс?
Моите го купија, па еве стои дома. Го пробаа еднаш за тесто за јуфки, па го премесуваа рачно. Од пусти мерак се купуваат тие работи Иначе има 3 додатоци, за тесто, за торта и едно не знам за што е, најмногу 3 минути треба да се мати со него, значи брз е
Обичен е, само миксер. Ама еве го 30 години и ништо не му фали, ниеднаш се нема расипано. Не верувам дека денес да купиш било кој апарат дека ќе издржи повеќе од 15, особено малите апарати. За другово имам сецко, цедалка, блендер. Е сега за месење леб...со рака ако не фатиш да осетиш дали е погодено, не е тоа тоа И шо донаќин(к)и ќе сте бре све со роботи моботи Се зезам
За тој де, тој го имаше и пред неколку години, коа му се намерачував, ја ко мислиш готвам ептен ама ај, толку се опседнав, дизајнот ми се свиѓаше па и дека ете има различни функции. Тие готвачите на 24 kitchen ептен користат, претпоставувам kitchenAid. Чекај ти викаш за месење? Е не знам дали и меси, распрашај се, да не е за матење само, матење тесто. За месење има апарат за леб, тоа е друго. Ама па штом е кујнски робот, не би требало да е обичен миксер. Меракот е битен. Се шалам, ако го бива, практичен е и си ја врши работата на подолг рок не е скап тогаш. Го неаме ние, го сакав ама не му дојде редот. Еве сеа, ме натера да го гуглам. Само пази, распрашај се, тие ТопШоп у последно време не се баш ок, се жалат луѓе општо од нив, дали за производите, дали за резервни делови. Еве пишала членката што поточно е.
Фала ви девојки. Ми спасивте 100 евриќи. Ако треба пак да фатиш со рака и да месиш... што ќе ти е? А и како рака што знае да фати, ништо не знае. Другото и обичен миксер ќе брка работа. Убав е, ама како што рековте, само за мерак.
Плус предност е што можеш да си докупиш делови и да го надградуваш, има нешто за колбаси правење, плус уште нешто. На миксерот има уште 2 места за да се поврзе со додатоци Ама нешто како еклери ќе меси супер, а нема да се утепаш од месење рачно. Сепак еднаш го пробаа, па нека не ви бидеме ние дома критериум
И јас имам миксер од Горење, од мајка ми останат, постар е од мене и супер тера. Дур не откаже, не купувам нов. А дефинитивно нема да паднам на супер брз робот со повеќе функции. Обичен миксер брка работа.
Го имам истиот и искрено не е нешто посебно, башка мала количина можеш само, ограничено е, ама ок го прави тестото тоа си стои само некако онака е, ништо wow, јас не би го купила повторно.
@Billy Idol ако сепак земаш, немој Делимано. Макар што кај нас што и да купиш ти е мачка во вреќа, па како ќе ти се погоди. Јас со месеци купувам робот, никако да одлучам кој, Делимано не го ни гледам иако реално има најголема моќност од сите што се нудат кај нас. Мислам дека многу ќе ми ја олесни работата во кујна, обичниот миксер ми е омрзнат, вака барем овој ќе врти за мене. Па и ќе меси, нема што јас да премесувам. Дека може и подобро од мене ќе го измеси тестото, тоа сигурно, пошто јас брзо се откажувам, оти мразам кога ми се лепи по раце, па и долго време треба да се измеси убаво. Верувам дека ќе биде искористен максимално ако го купам (пошто уште барам место за него во кујна), оти сепак доста работи спремам, а губам време со обичен миксер.
Што знам, еве споделија искуства и други, може стварно глупост и играчка е овој од Делимано, не ме чуди. Верувам дека оригиналниот си е добар и како што треба и може имале право тие што викале дека не е добра опција тој од Топ шоп, па и тие јачините, бројќите, како знаат да ги трескаат како ќе им дојде, не ми се нешо ептен за верување, кинезарија се нормално нивниве работи, само добра реклама што имаат. И точно дека најдобро е рачно да се меси тесто ама сакаме сите да си олесниме.
СДК дека читањето е слично на медитирањето, ако го изгубиш фокусот, се фаќаш себе си дека си го изгубил и го пренасочуваш назад на страната, назад на дишењето.
Вчера со најдобрата другарка од детство бевме излезени и дека не се гледаме пречесто секогаш имаме да си кажиме нешто што ни се случува во животите. Од оние пријатели кои иако не ги гледаш некое време и не комуницирате, ко ќе се видите повторно само продолжувате од каде што сте застанале минатиот пат. И така си кажуваме, сфаќаме дека на двете паралелно ни се случуваат големи промени кои ќе диктираат како ќе ни се движи понатаму животот. И само се присетивме онака до пред 10тина години како уште игравме на улица, како ни беше забавно да помислиме на иднината ама не се опседнувавме воопшто, го имавме целото време на светот дотогаш и едноставно бевме деца. И сега навистина се случува иднината и малку ко мал шок нѐ удри иако знаеме дека е нормален тек на нештата. Забораваме понекогаш колку времето можи да ги измени работите, ама уште повеќе колку е само кратко. А тоа го сфаќаш најмногу кога си со личност што (скоро) цел живот ја знаеш.
Прашање за оние што се од градови во Македонија кои имаат специфичен дијалект... на училиште кај вас се зборува литературно македонски - значи на час, комуникација со професор, одговарање лекции или на дијалект??
Во моето училиште само професорката по англиски зборуваше литературно. Таа што ни предаваше македонски кога-како, не се замараше нешто многу за жал.
Зависи од учителите. Не сите. Македонски секогаш збореше литературно, со јасна дикција. Мене огромен шок ми беше кога дојдов да учам во Скопје, и сите професори предаваа на скопски, преставувајќи го дијалектот како да е литературен јазик, а нема допирна точка со литературниот. На факултет, секој користеше дијалект од каде што доаѓа, Битола, Охрид, Штип, Берово... Струмица ми беше најтежок за разбирање.
Mи се јавува тетка ми целата возбудена како нејзиниот комшија ја запросил девојка му на планина, па се сам организирал. Ми беше мило за тоа, и реков да ги пренесе честитките од мое име. Разговорот течеше убаво се додека не почна да прашува јас и либе кога ќе "рипнеме во тавче". Сфатив зошто не требаше да ја отстранам од листа на блокирани броеви.