Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.797
    Допаѓања:
    23.019
    Во ждм жена пишала дека подарува кутре, значи му бара домче и не го ни продава и се најдоа душебрижиците да грекаат оти била бездушна што го напушта, барала изговори да не го чува, неспособна за чување едно кутре била....

    Абе преку таквото ми се дојдени овие борци за права на животни. Нит се води нит се тера со нив. Хумани сте биле, ахам.
     
    На Gosh, bicycle, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    17.008
    Пол:
    Машки
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Кој нормален борец за права на животни би имал нешто против нивно вдомување на ваков начин? Ми стои како намерно да ги бараш ваквите луѓе низ коментари и групи ко ждм кај што цвета простотилак и неписменост за да можеш после да ги ,,критикуваш" тука. Мене постојано ми излегуваат такви објави од страници кај што стварно има љубители на животни и ниеден таков коментар не сум видела.
     
    На simoncelicius, Bezimenka90, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    3.195
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Женски домаќински муабети -> фб група
     
  6. Cloi

    Cloi Активен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2023
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    266
    Пол:
    Женски
    Јас напротив, би рекла многу добар гест од таа личност, да подарува кутре, во време кога сите бараат на подарок кутре.

    Најважно е сега кутренцето да се вдоми, сепак доаѓа зима.

    Јас моето кученце уште го немам спарено со друго кутре, но доколку има многу малечки би дала и на подарок некое кутре.
    Еве, една другарка цело време ми збори сакам кученце, би и го подарила, зошто да не.
     
    На Ta-mara, GirlLove и Miss666 им се допаѓа ова.
  7. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.797
    Допаѓања:
    23.019
    IMG_20231003_222357.jpg IMG_20231003_222513.jpg

    Во риплајс имаше уште слични коментари.
    Немаат против вдомување.
    Имаат против тоа да го дадеш на друг или да неќеш ти да го вдомиш.
    Одма си лош човек ако бараш друг да го вдоми.

    Објавта е избришана (гледам и зашто) инаку и другите коментари ќе ги сликав. Ова е од прееска.

    Од истава причина лани за фрлени мачиња објавив анонимно во друга група.

    Едит
    И во групата Мачкари сум наоѓала слични. Ќе објави некоја за улично маче и доле читаш - Па вдоми го ти.
    И еден коментар ваков е многу.
     
    Последна измена: 3 октомври 2023
    На Gosh, MeowMeow и GirlLove им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Ги има за жал, среќа не си налетала и поарно да не налеташ. Не навлегувам во причините поради кои го вдомува, нејзина работа ама какви све не коментари знаат да упатат кучкариве и љубителите на кучиња и мачиња да ти се згади едноставно па колнење, мешање деца и уште полоши гадости што не доликуваат.

    Ги сакам кучињата поише од луѓето но да си дозволам такво понашање, никад, колку и да ме испровоцира некој. Ептен го претеруваат значи некои луѓе па после демек таквите биле полни со љубов кон животните, а колку се злобни и нетрпеливи кон непознати луѓе.
     
    Последна измена: 3 октомври 2023
    На MeowMeow и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  9. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.938
    Допаѓања:
    17.008
    Пол:
    Машки
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.193
    Допаѓања:
    56.974
    Пол:
    Женски
    На piglet1, christinnn, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.159
    Сакам да кажам открив еден талент случајно.

    Како и по обичај сите нови филмови ги гледам онлајн и стигнав до филмчево

    [​IMG]


    Пуштам да видам дали ќе ми го задржи вниманието и гледам гледам 8-| и стигнува до 18 минута филмот и ОП полека Херера кочи, уклучи Шазам да видиме која песна свири во сцената каде он си замислува како има секс со стјуардесата во тоалетот во авионот , жешка сцена бла бла бла 8-|

    И баталив филмот , отварам Јутуб да пуштам песничето од филмот и ОП изненадување

    Отварам Википедија и да видиме, та - даааам :o

    Bobby Andonov was born on 28 August 1995 in Melbourne, Australia to Macedonian parents originating from Strumica, North Macedonia.





    Како и во коментарите под клипот, песната баш влегува во глава и мислам дека следни 3 дена ќе замарам со песната.

    Е арно ама Херера не е Херера ако не пише критика :

    Морам да искритикувам , не ми се свиѓа видео записот, некако аматерски, се вози у кола и се тоа па тоа.

    Ќе морам да му искоментирам да се потруди да прави различни сцени оти досадно е само седи у кола и ништо посебно.

    А вака песничево му е арно, немам забелешка.

    Браво бе македонче, видиш шо реклама ти прави еден филм , инаку немав чуено кој си, а вака оп одма Гугл пребарување.

    Добар е, добар е , само напред (y)
     
    На simoncelicius, *Amethyst*, Maca Macka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Машки
    Како ли човештвото стана толку ладно без чуство на солидарност, хуманост, помош, итн.. Додуша од секогаш и било така, но мислам дека од Ковидот наваму, станавме се поладни и поладни итоа на еден висок екстремен степен.

    Вчера се соочив со физичка повреда, истегнав лигамент на скочен зглоб, ништо сериозно фала богу, како било помина да не се жалам оти има и полошо во човечките судбини во светот. Но муабетот мие тоа што го видов во болница, беше тотален жив социјален експеримент, баш претходно низ рилсови по социјалниве мрежи што имав гледано сега го видов со свои очи. Дефинитивно хуманоста кај луѓето е изгубена.
    Прво ќе почнам од здравството, сите знаеме дека ние хаос. Вработени болничари во болница нема ни за лек, додуша има, ама сите испоседнати од кои едниот си се развеселил со песна "Ако одам во Битола ќе прошетам по широк сокак" и си свирка, ако не беше и поднапиен во алкохолизирана состојба ништо чудно, луѓево меѓу кои и јас сами се снаоѓавме за колички, кревети, а тоа е работа на болничарите, затоа земаат плата, да те сместат во количка додека блискиот што е со тебе ја паркира колата, и да те упатат на одделение. Имаше и едни луѓе од друг град дојдени, болниот беше постар човек во години, беше со син му, кутриот човек и тој сам се снаоѓал за болнички кревет на тркала, сам се упатувал спрат по спрат додека го нашол ортопедско одделение туркајки го креветот низ ходници и лифтови, додека болничарите на влезот си се веселат. Исто беше и со мене, со болка морав да стојам на една нога додека ја паркира татко ми колата, па да се сместам во количка, а болничарите на 2 метра од мене. Како и да е, прва ситуација со здравствениот систем хаос.

    Втора ситуација - жив социјален експеримент од останатите луѓе, обичниот народ.

    Се упатувам на ортопедија, вратата за влез е со механизам и е отежнато отварањето и затварањето и се враќа повторно назад. До вратата седеја 5-6 души, зрели луѓе во години (35-45) а најблиску беа две млади лица колку мене (студенти/вработени). Ја отвара вратата татко ми, се враќа по мене за количка, само што ја отвори вратата, истата се затвори ради механизмот. Ја отвара повторно со едната рака и ја држи а со другата рака се пресигна некако да ме турни со се количка внатре во одделение. Тие што седеја до таа истата врата, само не гледаа и никој не стана да ја задржи само вратата, за во еден момент од подалеку (3-4 метри) дотрча еден средовечен човек (50-60 можеби и повеќе) години и тој ја задржа за да можев слободно да влезам внатре.

    Сакам да кажам, да постои таа хуманост, се уште, но само кај постарите генерации на луѓе, тие што биле воспитани на еден подруг начин со правилни вредности, генерација на титови пионери каде се помагало секому, работнички акции меѓу кои и Скопје е изграден повторно после земјотресот од тие акции и се друго во државава, генерација каде се гледало од хуман аспект, братство единство, почит, итн. Се уште постои хуманоста во овие луѓе, постарите, за разлика каде новиве генерации, особено од новиов век во кој спаѓам и јас, ретко дека некој ќе се сети да помогне некому, макар па и за живот да се работи. На излегување од ортопедија, повторно истата ситуација, истите луѓе до вратата, и повторно пак постар средовечен човек ја отвори и задржа вратат, другите само гледаа, итоа баш во мене, како главен актер да сум. Не битно, како и да е, помина.

    На рентген повторно се сретнав со човекот кој беше со татко му во болничкиот кревет, и него никој не стана да му задржи врата за да го внеси татко му во кабините за снимање.

    Не осудувам никого за ничија постапка ниту барам внимание, тоа е до менталниот склоп на луѓето, на тие што му раскажав викаат остави тоа тие Македонија, ама нее само кај нас ова, ова е секаде исто во цел свет, луѓето се ладни. Тој што сака да понуди помош ќе се сети на време и ќе понуди помош. Ништо чудно во иднина ако некаде има сообраќајка, останатите учесници да ја одминат и да продолжат со вожња а за добивање возачка има правило да застаниш, да дадеш прва помош и да повикаш брза помош, ама ретко кој ќе се сети на тоа правило кога полагал, а затоа можеби и во новиве возила што треба да се произведуваат ЕУ донесе регулативи и им наложе на производителите истите да имаат инсталирано систем за при несреќа, самото возило автоматски да повикува брза помош, полиција, пожарна, бидејќи нема кој друг да повика и пружи помош, на луѓето не муе гајле, секој го гледа само своето.

    За крај, живееме во еден многу поинаков свет, чуден свет. Мислам дека до 2019 сепак колку толку беше поразлично, имаше некоја си човечност, хуманост, солидарност, почит во луѓето, но од 2019 наваму како нешто да се случи и тоа што беше малце останато и тоа се изгуби. Не дека не постојат добри луѓе, постојат ама ретки се, можеби еден или двајца на милон.

    Животот се менува за 1 секунда, стотинка, затоа живејте го како што и доликува, во пријатна хармонија, сакајте се, бидете луѓе, хумани, солидарни, помагајте особено на тие што се во неволја, само така и ќе се победи злото.
    Имаше една изрека, направи добро, за да видиш добро!
     
    Последна измена: 4 октомври 2023
    На Herrera, Purpleheart, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.797
    Допаѓања:
    23.019
    Епа во Македонија само Веро и Тинекс чуле за автоматски врати. И нема поглупа ствар од такви врати во болници. Па и на ортопедија тоа мајке ми. Изгледа да доискршиш и докинеш коската, лигаментот, да не биде идеш за џабе.
    Јас кога се оперирав вратата од влез од зграда не можев сама да ја отворам првите две недели оти и газот ми беше тешко да си го држам исправен, не па нешто друго.

    А за другото, во автобус исто после операцијата од постар човек си добив пцовки зашто одбив да станам на друг постар иако кажав дека не можам зашто имам болки. Секој со среќата.
    Татко ми кога го носевме на контрола исто немаше персонал кој да го турка.
    Во друга ситуација морав јас да ја вртам и туркам на мајка ми количката, а тешко беше плус околу мене пола гз простор.


    Ќе ти одговорат сега со она фамозното "нЕ сЕ дОлЖнИ".
     
    Последна измена: 4 октомври 2023
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  14. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.215
    Допаѓања:
    8.422
    Пол:
    Машки
    На болница да не појди човек, ште толку ќе те упропастат. Од ортопедија вчера ми вика симни се на рентген, оти без снимка не те прегледуваат овие, знаеш. Идам на рентген, таму уби боже. Прво ти вика да уплатиш па да те снима, ај океј, ако има гужва и ќе си чекаш, и да те боли, луѓе пиштат од болки. Техничарот после пола саат ме викна да ме сними, и ај ме сними и ми вика дојди за саат да си го земеш цд-то и извештајот од радиологот што треба да го прочита. Го гледам и му викам кај да идеме сеа, ми вика па бате иди направете еден круг напред назад, пијте кафе надвор и вратете се. Бог да чува. И цел саат чекав надвор во двор, со болка, подуена ногата од отокот. Се качувам на ортопедија, ѕвонам на ѕвонче, сестрата вика докторот нее тука, ќе се врати. И еве го иди за пола саат, влагам кај него, имаше за инекции други, уште пола саат внатре, речиси 1 саат докторов го чекав со болка да ме прегледа, додуша не ме ни прегледа, и вика на сестрава лонгета стави му, цд-то го виде дури отпосле, и дали го виде воопшто кој знае, изгледа само го прочита извештајот од радиологот. Катастрофа ние здравствово.

    Има и од постариве безобразни, не дека нема, баш секој со среќата како шо рече, мада јас вчера баш видов арно од нив, итоа дотрча човекот иако беше подалеку а овие другиве беа од мене на пола метро и никој не ја задржа вратата 2секунди. Тоа е.
     
    Последна измена: 4 октомври 2023
    На Skyler и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.794
    Допаѓања:
    40.711
    Пол:
    Женски
    Нависгина не гледам причина зошто да го спаруваш кучето.
    Стерилизирајте, премногу животни немаат дом и се по улици.
     
    На Bezimenka90 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зашо вакви станавме голем дел од помладите генерации, тотално бесчувствителни и ладни?
    За ништо да не се замараш, се да ти е рамно онака, да не те боли курац за другите, освен за себе ни за најблиските ни за никој, себичност, егоцентризам и суетност на најјако, емпатија 0.

    Овие генерации нели се воспитувани од постарите, кои што ете живееле во некое подруго време каде што се почитувале некои похумани вредности.
    Од кај тогаш вака се/сме програмирани, стварно чудна работа, ко испран паметот да ни/им е дека мора вака да се размислува на овој начин и дека ти самиот единатвено си најбитен и супериорен, останатите не ги перцепираш воопшто дека постојат и коа би можел би ги згазил без око да ти трепне.
    А од друга страна демек сме нежни душички, се испотресуваме, емотивни, се бориме за подобри услови, почитување на правата на луѓето, еднаквост, инклузивност... Тотално идење од крајност во крајност и максимално забегување.

    Нејќам вака да зборам и да етикетирам одредена генерација зашо секако за среќа постојат позитивни исклучоци секогаш и се зависи од тоа колку и дали си човек ама многу разочарува оваа генерација ама премногу, што од пасивност и индиферентност од една страна и од себичносност и нечовечност од друга страна, а колку ќе беше се поинаку да ги искореневме овие негативни карактеристики во целост.

    И да, ќе се сложам 100% дека не беше воопшто идеално пред пандемијата и кризата, ич не беше сјајно ама како све се сјеба и излезе лошото на површина после тоа, тоа е чудо.
    Или пак било вака ама дур сеа му дошло времето да се покаже злобата во вистинско светло без никаква цензура, без шминка, реално да се покаже со сета своја моќ и да ни ја плесне суровата реалност во лице.

    И све иде бетер, за подобро изглеа тешко дури и невозможно е да се надеваме дека ќе биде.
    Не знам како човек да биде оптимист кога секојдневно се соочува со разно - разни тешки и страшни срања од секаков вид, не може едноставно, посилно е од тебе, свесен си дека се е отидено по ѓаволите, не можеш да направиш ништо за да го промениш тоа и си страдаш и измачуваш и ај биди бе позитивен после, прај се дека ништо нема, супер е све.
    Ќе бидеме "позитивни" ама само ќе глумиме дека сме, отиде возот у неповрат.
     
    На Skyler, La-loca, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.797
    Допаѓања:
    23.019
    Па не знам дали си приметила ама многу пати и низ форумов низ дискусии се провлекува истото.
    Ќе ти згреши некој нешто и - па не е должен да направи тоа и тоа.

    И сум го рекла и јас ама во смисла дека не сме ние луѓето на копче да сме 24/7 на некого достапни. А не дека цел живот треба само свој гз да гледаш оти не си бил должен. А што е должноста уствари?
    Законски си должен?
    Така функционираат бе луѓе, црно - бело?
    Пред вас ќе умира некој ама пошо никој нема да ве натепа ако не викнете брза помош па ај не ни викате. Или еве побанална ситуација, се мачи некој со ќеси да отвори врата ама ај не го знам нЕ сУм ДоЛжЕн па не отворам, што бе, ми може нешто ако не му отворам?

    И некогаш нема да можеш да помогнеш иако сакаш. И во ред е. И не секогаш се гледа причината однадвор.
    Ама размисли бе за себе во што се имаш претворено ако на сѐ гледаш како должност и страв од казна.
    Ко да ви побарал чоек бубрег да дадете се понашате некогаш.

    Сум се нашла во ситуација, од кај другарка требаше да си идам ама последниот автобус беше отиден. И нема везе, фрекфентна населба, плус лето беше и има доста раздвиженост па тргнав пешки. Ама од нејзините никаква банална секирација дали ќе стигнам, дали може имам за такси, да видат дали некој да ме префрли. Онака едно прашање да поставеа, како ќе си одиш или нешто. Она ми рече само пишувај ми по пат да знам дека си ок.
    Ама овие не беа должни, де.
     
    Последна измена: 4 октомври 2023
    На Skyler, Amellie13, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Мислат изглеа баш како што викаш дека е поврзано со Законот.
    Не си должен и готово, ослободени се они од "обврската" да помогнат.
    Да, некои ко обврска си ја сфаќаат и тоа тешка и напорна обврска, а не сфатиле дека се работи за хуманост и нехуманост ништо друго.
    Ќе се замараат они бе со некој таму, како не.

    Затоа и сме до тука дојдени, ништо не се дешава случајно и без причина, за секое зошто си има затоа.
    Епа нека не се жалат тогаш, топ е вака, сѐ си е у ред.
    Е што се засекирале па тие дали имаш или немаш за такси, твој проблем де.
    Ај овие и ништо не ти се што се вика, па на некој начин да не им се замерува до толку.
    Што ќе кажеш роднини блиски ептен вака шо праат исто ова шо го кажа примеров? :|
    Е па шо сакаш понатаму.
     
    На Munchmallow20, diskreten32 и quattro им се допаѓа ова.
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.797
    Допаѓања:
    23.019
    Да точно.
    Ама од друга страна токму тоа го дискутираме овде. Секојдневни ситуации каде баш некој непознат, помалку близок ќе треба да ни помогне или да му помогнеме. Баш тоа го реков погоре, оти таму некој си не ми е близок, не ми може ништо, не ми менува дали е жив или мртов шо ќе помагам, ај не се замарам.
    А реалноста е дека самите се ставаме секојдневно во ранливи ситуации каде ако нешто се случи, побргу тој непознатиот што се нашол таму ќе (треба да) ни помогне. Исто и ние на него. Ама се лупаме во гради оти не сме должни за другите.

    На Водно се лизнав на кал и ништо не ми беше само продолжив и ко што ја чистам ногавицата од калта, потаму на патеката поминуваат едни, застанаа и ми викаат - "Си паднала девојче нешто, добра си?" Одговорив дека да, се испрљав само, не сум ништо повредена. Не беа должни.
    И ако нешто ми беше, они ќе помагаа, немаше мајка ми, брат ми, дечко ми да ги викам до таму. И безброј вакви ситни ситуации се тие за кое дискутираме.

    Едит
    А за овие на другарката, не зборам само од памет, ги знам дека луѓево се малце забегани и скржави за други работи (што нема врска со мене)
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.397
    Допаѓања:
    42.291
    Како бе не го знаеш Боби, не ти беше и тебе симпатија у тинејџ денои?:D

     
    На H.VAGA, Herrera, Skyler и 5 други им се допаѓа ова.