Ви теќиње као се шалевме на времето дека мужите се технички лезбејки, оти им се свиѓаат жени? Епа, it's not a joke anymore...
Ми отклучи меморија, со старото друштво еднаш имавме групен чет на мсн и се викаше „Педерки“ ради оваа причина. Ама веќе не е шега да..
Дојде време кога се цени ако си некоја ' битна личност ' ако не си тогаш не си ни вреден да те поздрават. Замислете бев на свадба минатата недела каде што присуствуваше функционер од една партија. Родителите од двете страни не се поздравија со никој од гостите на прием. Не е битно може така сакале они си знаат. Арно ама кога дојде дотичниот функционер кој патем беше од машката страна мајката на невестата одма истрча на негова маса и само со него да се поздрави ( не го знаеше лично иначе). Јас па до душа не сакам да ги видам ми се повраќа од сите нив. Ама тоа е. Ние другите гости небитни . И да си честитаме за ново покачување на цени. Зошто минимална плата во државава е 1000 евра и ова минимално ќе го осетиме во домашниот буџет. Стварно сте несаглам толку ќе кажам.
@doll.a истото се случи и на една свадба кај што бевме со сопругот. Бевме гости од страна на младоженецот. Дел од другите гости (од негова страна) беа членови на една партија. Дечково тогаш беше дел од владата. Тие беа седнати до главната маса, а ние `обичните` гости седевме на крај. Да не речам, бевме невидливи. Иако бевме блиски. Ама не сме финкционери за седиме поблиску до младите. Кој како сака нека коментира, ама за мене почитта е битна. А за цените читав вчера на интернет... Како не им е срам? Уште се фалат дека тоа нема да се осети на домашниот буџет. За нив нема. Се изнакрадоа. Мило ми е што си заминав од државата.
Абе знаеш тркалото се врти. Не се вечни и тие на функција. Им доаѓа крајот како и да е. Па ќе ги видиме кога ќе се смени власта .
А мажот може да се ду*и со која сака, затоа што, нели, е маж. Му се може. Ццццц.. Што се нема да прочитам.
Не е ни то поентата. Поенатата е дека жената "заслужила" тепање, гризење и давење оти жените се дупеле настрана. Не е ни дека на мажи поќе им се простуваат неверства туку дека потенцијално и хипотетичко неверство го презентират рандом ропаци како оправдување за насилно, гнасно и предаторско однесување. Не можам да опишам шо осеќам за ваквите. Не можам. Толку црни мисли шо страв ми е јавно да ги пишам.
А тој што го пишал тоа сигурно ја тепа жена му. Што се држи земјава. Ќе ме скубе за коса? Очите ќе му ги извадам.
Налетав на многу коментари полни со омраза, исмејување, потчинување, пцуење за случајов со полициската службеничка, не знам од кога е ова и во кој град, но е апсурдна реакцијата на луѓето . И не само по социјалниве мрежи туку и општо во опшеството меѓу народот не само кај нас туку општо во светот на полициските службеници се гледа со голема омраза, да можат целата таа омраза да ја исфрлат врз нив дури и со одземање на нивниот живот, пример овај случај кој е обид за убиство со умисла и многу други случаеви. Полицајците не треба да претставуваат за нас опасност, страв или нешто друго. Полицијата постои за да го спроведува пишаниот закон. Ако не чини законот, вината треба да се бара во тој што го пишувал. Полициските службеници се онај истиот обичен народ кој го сочинува целокупното опшество во една земја. Не треба да се бара кривицата во службениците, полицајците се исто луѓе кои работат за плата како и секој останат, да обезбедат леб за домот. Работните задачи и обврски се секому различни, но овие службеници работат под наредба, трети лица им наредуваат да ја извршат таа наредба, зошто тоа им е должност во тие работни часа. Ако некој е виновен, тоа се тие трети лица кои ги издаваат тие наредби, кај нив треба да се бара вината, а не во полицајците. Во ни една нормална држава во светот не се испраќаат полицајци на автопат да запираат возила каде се вози 130км/ч и фазла, ризикувајки им го животот на полициските службеници. Има многу решенија и примери од кои можеме да примениме, но никој не сака да направи промена од страна на овие трети лица или т.н виши сили инсталирани во опшествениот систем. И не мора да е автопат, еве раскрсница било, ја прегазиле затоа што е "џандар", без да размислат за последиците. Зарем оваа службеничка и сите останати во МВР, не ги чека ли некој нив дома? Зарем нема ли деца кои ја чекаат својата мајка да се врати од работа, или својот татко, сопруг/а, или нејзините родители ако е помлад/а полицаецот или полицајката? Зарем со таа омраза кон "џандарите" треба ли да ги оставите нивните семејства без своја мајка, татко, сопруг/а, син/ќерка затоа што бил/а полициски службеник? Ако е полицаец треба да се изгази, тој не носи душа, не го чека никој дома? Полицијата постои за да се спроведува законот, јавниот ред и мир како и чувар на јавниот поредок, безбедност и стабилност на државата. Ако кон некого треба да се бара вина и да се има омраза, тоа се политичариве кои се вртат во круг и ја разнебитуваат, уништуваат и крадат оваа држава, кои потоа ги искористуваат полициските службеници да се заштитат себе си а со тоа омразата на народот ја префрлаат на службеникот наместо врз нив самите. А медиумиве па уште го потенцирале брендот на возилото.. гревови наши. Плавите животи вредат!
Македонија: Загарантирана ниска цена на основните производи! Македонија две недели подоцна: Урдата, феферонките, лутеницата и уште 997 други производи се луксузни и ќе имаат данок од 10% наместо 5%.
А кои производи не се луксузни? Дали се овие нормални? Го осиромашија народов. Дојдено е до степен да не можеш да се прехраниш. И ќе ми кажуваат они дека можело да се живее со минимална плата. Си ги напикаа газовите во фотељи и си ги прчат. И после зашто се отселуваат граѓаните од државата? Ете затоа.
Можно е да чувствуваме исто, веќе не знам што е вистина и што е невистина, што е ноќ, а што е ден, двете во мене носат нешто еднакво на моќ и слабост, минато и идно, те посакувам секако, кога те има и кога те нема, нека нема заборав, сето твое и мое нека се стори во ѕвезди на небото наше.