Ми текна да го прередам набрзина несесерот со шминките накај 13 часот. Потоа ја фатив цела кутија да ја средувам. Сортирав продукти и тргнав настрана сѐ што треба да се фрли. Ми текна дека во фиоката во спална е исто расфрлено нешто од накит, па отворив да ги соберам во една кутија и да ја однесам во плакарот во ходникот. Отворив во плакарот и видов дека фиоките се малку несредени и ги прередив и тие. Ми текна дека имаше папка со документи во ходникот, ама сум ја преместила и отидов во дневната да проверувам каде е во другите плакари и фиоки. Околу еден саат сортирав документи низ папки што се за чување и некои што треба да ги фрлам. Пропратно најдов ствари од пред две години што кога сум ги барала не ми биле на видик. На крај ми текна да исчистам со правосмукалка и џогер. Да нагласам дека тргнав да прередам набрзина само несесерче со шминки. 2 саати подоцна низ дома почнав да ги наоѓам обетките расфрлени насекаде, рандом белешки од некогаш заборавени, извод од прабаба и прадедо од матична книга на венчани, моштите на предците...
Читам вести Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 25-годишниот скопјанец осомничен дека на 3 октомври, во Кисела Вода, сторил кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик спрема неговата сопруга. Обвинетиот дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ и најпрво со висок тон започнал да ја навредува оштетената. Потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот, нанесувајќи и телесни повреди. И го одзел телефонот, упатувајќи закани дека ќе ја убие и ќе избега со нивната заедничка ќерка. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во влез од зграда. @Feminka22 , обично ти си меѓу првите кои известуваат, затоа те тагирам. Нешто повеќе инфо ? Што се дешава со народот ? Се насилно кај и да се завртиш и младо и старо
Профилна слика од гзот на Инстаграм, битно у Био психолог, воено лице, мр др, асистент у Наса, почесен член на Менса, економист, па и по некоја жена мајка краљица... Отвараш сликите кај шо се стега, се прчи, се чепи, кај полугола, кај соблечена, битно испод роман од Толстој, цитати од Достоевски, поезии, прози, духовни мисли, уше да земе некоја мраз да скрши молитва да пише, или нешо од Отец Тадеј пример... Нема некоја вака, шо работи продавачка, чистачка, у магацин, ќе да е ова некоја благородна професија само за одабрана фела. Земи неесто турај сликите тамо, стај у био линк од ПејПал, или ОнлиФенс, барем да не се брукаш за џабе. Коа не се поштуеш сама себе, никој нема да те поштуе. Од времиња каде проституцијата била присилна, последна сламка, најголема дехуманизација на жената, а денес бесплатно, за пусти лајкои, и до времиња каде се фалат и гордеат со тоа, оти ги мрзи гзот да го мрднат да заработат, само оти живеат у цивилизирано општество, додека жените у задните дупки од шупелката на овој мочан свет низ голготи проаѓаат секоја ебена секунда додека го пишуем ова. Путуј феминизму, ако икад и си прошол ваму. Пу ј'зк.
Нетачниве ќе поскапат и витамини, пробиотици, електролити, суплементи за трудници, додатоци во исхрана за деца и доенчиња. Значи сега е луксуз и пролив да те фати.
Дали луѓево се бореле против фашистите за на овој голем македонски празник да идете во Тессалоники? Ха! Па и уште патриоти ми се правите.
Еее тие ја ги викам фејк патриоти. Мислам, за оние што се занесуваат дека се патриотишта огромни и што македонштината им е демек во крвта, нема што не би напраиле за земјата, (на зборови само, секако, а на дела ич), а истите тие сите до еден си имаат бугарски пасоши и одма би заминале од тука, ни секунда не би останале. Поарно речи си, не сум патриот, не се замарам и терај си, иди си кај сакаш, твое право, само немој да се курчиш, тоа немој. Инаку не го викај Тесалоники, Солун е тоа.
Вчера едвај заспав. По цели денови налетувам на вести од истокот и иако знам дека ќе ме пореметат, пак ги читам и гледам. Синоќа баш пред спиење гледав слики од деца кои недостасуваат, киднапирани се. И опис како и кога се десило тоа. И родители, одвоени едни од други, не знаат каде им се децата, не знаат каде им се партнерите, не знаат ни самите они каде се. Една мајка со 9 месечно и 3 годишно замотани на неа, кој знае каде завршиле. Така како што се земени во моментот, со таа една пелена на нив, со таа храна во стомаците. Си ја гушкав ќерка ми заспана до мене и осеќав страв за непознати луѓе илјадници километри подалеку од мене. Некои луѓе кој знае низ кој пекол моментално поминуваат, украдени се, издвоени, на непознати места со непознати луѓе. Големи се шансите дека некои се силувани, некои претепувани, некои изгладнети. Претпоставувам, можеби и не, ама само помислата на тој хорор ми ги превртува цревата. Луѓе што ништо не им направиле на тие што тоа сега ним им го прават. Само се нашле на погрешно место во погрешно време. Буквално потребно е да дојде некое битие од друга планета, од друга галаксија, моќно и интелигентно и да стопира сè ужасно што се случува. Да постави нови правила според кои ќе се водиме: да нема држави, да не е битно каде си роден на планетава, да не е битно дали си темен, полутемен, светол, многу светол, со црна коса, со бела, со виткана, со права, да зборуваме еден единствен јазик, заедно да работиме за човечковиот добробит. Сите сме од ист род, човек. Сите живееме на истата планета, живееме на земја, немаме шкрги, ни е потребен воздухот. Како може самите да си правиме измислени поделби, смислени од сопствените мозочиња кои реално не постојат? И да си создаваме толку многу болка поради истите? Која е ебаната поента на живеењето тогаш?? Веројатно ќе треба да прекинам да користам социјални мрежи на одреден период, зошто само ме мава на психа сето срање што се случува. Подобро е да не знам ништо...
Сакав да се надоврзам на ова. (Иако не ти е тебе тоа првичната поента) Значи све океј со она секој со свое тело да прави што сака. Ама од друга страна никогаш нема да ги разберам некои феминистки или што год да се што гледаат на проституцијата како и секоја друга професија. Мислам ај да не се правиме мутави дека е сеедно да чуеш дека ќерка ти отишла да работи во бутик, кафич или како проститутка. Ја лично жива би се изела, ќе се прашувам каде згрешив што запливала во тие води. Никој здраворазумен не е за малтретирање на тие жени, за казнување и затворање. Фала богу и они заслужуваат човечки права. Ама да се признае ко работа, со стаж со све? Малце кринџ. Крај крајова во кафич кој побара нес, макијато, турско, правиш. Тука дали ќе правиш сѐ што ќе ти побараат или велиш дека не си должна да исполнуваш туѓи желби зашто твое тело- твоја одлука? Е затоа велам не е како секоја друга професија. Значи пак велам, да, прави ти што сакаш со свое тело. Ама ај малце нека смањат доживљај со другово. И сево ова додека ко што велиш, жени многу пострашно страдаат.
Или кажи си дека не ти е удобно да бидеш секси и готово, многу поедноставно и поприфатливо од рефератов што е баш антифеминистички. Не дека нема слики на инстаграм без вкус, ама убедена сум дека вакви силни мислења најчесто доаѓаат од позиција на лични несигурности.
А од кога голотијата и вулгарноста се рачунаат за секси? Ааа да, од коа почнаа да се нормализираат и прифаќаат извитоперените вредности. Значи секси си само гол/a ако се соблечеш и провоцираш, поинаку не може и не си секси тогаш и не знаеш тоа да го покажеш. Ок
Сама си постави прашање, сама си одговори на истото и сама си донесе заклучок, без никаква поврзаност на тоа што Енџи го кажа.