Од шо читам гадосии по групине од типот на ждм, искрено не знам кога пак ќе се осмелам да седнам со некого на кафе, а не па нешто друго. За запад викаме све и свашта а некогаш може и учители да им бидеме.
Дефинитивно. Навика ли е, што ли е, ама од сè што купуваш, јадеш, пиеш, без престан да постираш фотографии на форум чудна работа е. Ко извештај да даваш.
Дојде време да ти е страв да отидеш во мол нешто да купиш или да прошеташ. Каде ли живееме? Бетер од Пакистан станавме .
Ја таму више не идам Еднаш пукаа. Место да појачаат безбедност. Втор пут дозволија Ало деца шетаат таму Треба у секој мол општо да има скенер за оружје. Поготово као шо има сеа закани од терор напади. Мол е совршено место за такво нешо И пред Божиќ ќе избегавам молови жими сѐ
Јас не знам кога ќе сфатат некои овде. Јас не сум punching bag за ничии комплекси. Ако сакаш да се караш, барај си нова жртва. Од тие такви кои ми цитираат мислење, не го ни читам. Ова како потсетник, што сакаш пишувај, не те читам.
Што е најтрагично чукнати се сите. Цела полиција знае дека сакаат да го убијат Раде и дека овој цело време иде вежба таму и абер немаа една патрола да пуштат. Уште Спасовски иде искача и се бламира дека криминалот е намален. П.С . Слушнав муабет ќе се кандидира за претседател. Уште таму остана да заебе.
Обиџуко за претседател? Лелееј кој све не ќе се кандидира за наредни избори, тоа циркузи има да биде.. До кое дереџе спаднавме и уште паѓаме, баш ме занима шо е наредно? Ова више трагикомично стана.
Да, бе. Долго време му е желба тоа. А, после ова треба да си даде оставка и више да не се брука во јавност. Ама, парите му се слатки...
Некој мафијозо бил. Не треба обезбедување да му е, туку да се грижи за јавниот ред и мир и безбедноста, што и е должност нели на полицијата. Вака не моеш слободно да шеташ, загрозен ти е животот, не дај Боже некој залутан куршум да заврши кај шо не треба, како што и се десило, има повредени. Тие нека си се пукаат, колат и шо сакаат ама недолжен народ може да настрада па полицијата би требало да е тука и да превенира.
Вакви чистења меѓу мафијашки кланови имало и ќе ги има, нажалост некогаш полицијата не може ништо да направи тука.