Раде Штекли. Мафијаш е. Не треба полицијата да му е приватното обезбедување туку треба да се грижи за безбедноста на граѓаните. Не иде само Раде во Ист Гејт.
Убедена сум дека повеќе од пола срања ни се дешаваат зошто доцна или воопшто не си го проверуваме и припитомуваме егото. Како роботчиња дејствуваме и реагираме импулсивно програмирани од лични трауми и комплекси. Помеѓу нас постои синџир на префрлање вина и жалење како друг ни штети, наместо да се скрши истиот и да се погледне подлабоко во сам себе. Бидејќи најголемиот дел од времето и кога друг ни штети, тоа е така зошто самите дозволуваме, што значи пак е до нас.
Ма, се е поврзано та политика, та Ист Гејт, та МВР. Уште на првиот инцидент требаше поќе обезбедување да има, а не само да се кренат раце. Каде се снимките од другите намери? Сигурно не е само една, а па онаа што ја пуштија квалитет 0. Немом поќе.
Се супер, кул virtues и се, ама ова и ова не оди заедно. Не, во свет полн со коекакви профили во бездна од беда без дно, не е ствар до егото да сватиш дека светот е полн со пакосни и искомплексирани токсини, што да, сакаат да ти наштетат. И не, во тој случај не се работи за твое его, комплекси и како год, туку нивна. И да, фала Богу постојат и овие другиве. Ама да, за жал се поретки се. И негирање на ова спаѓа во гаслајтинг и живеење во розе делузија. .
Дали е во ред да се лаже дека ти сметаат некои работи за други да се чустуваат подржано а тебе ти се речиси супер? Искреност или подршка?
Секако постојат луѓе со зла намери. Ама до его ако постојано се прашуваш зошто некој е таков штетник или се трудиш да го смениш. Или пак ако постојано се водиш низ животот пореметен од минати трауми и лоши искуства. Едит: секако повеќето нешта се надвор од наша контрола, се случуваат. Ама тоа не значи дека не треба да се работи на тоа што е во наша контрола. Уште еден едит откако видов што си обележала со црвено: муабетот ми е за сечие его, односно кога секој би си го гледал своето его, многу од срањата не би се десиле. Тие што штетат намерно, си имаат проблем со свое его.
Поента ми е дека некои луѓе намерно лажат дека им сметаат некои работи само да не ги повредат негативните чуства на другите луѓе. На пример ти си среќен и некој ти се жали. Ти сметаш дека тоа не е проблем или барем не сериозен и тебе тоа не ти смета. Дали треба да се употреби бела лага за некој да се чуствува подржано и разбрано. Или не е морално лажно да викаш дека е лошо и дека ти смета нешто кога тоа навистина не е проблем?
Углавно се се сведува на ова, hurt people hurt people. Уствари, weak people hurt people. Потоа силните луѓе работат на себе и се издигнуваат над ситуацијата. Додека слабите луѓе ја користат како изговор за да повредуваат понатаму, дека нив ги повредиле. А понекогаш и никој не ги ни повредил едноставно се такви, егоистични. Ама да, светот денес е полн со слаби луѓе, а помалку силни луѓе за жал. Овие другиве (силниве) не се бават со такви работи(повредување други, поготово не свесно) . И доколку има можност да се преиспита, значи веќе се преиспитале и спаѓаат во овие силниве. И нема што додатно да се доиспитуваат и само/гаслајтуваат околу ова. Слабите немаат ни можност, ни желба за преиспитување. И така.
Болдираното: его. Секогаш треба да се преиспитуваме, зошто искуствата, емоциите, а и самиот организам се менливи. Нови нешта се случуваат, постојано со нешто се соочуваме, нови нешта учиме, нови нешта доживуваме. Како можеш да дојдеш до заклучок дали од слаб си станал силен? И дали тоа е терминално? Преминување од едно во друго засекогаш, кога до крај на животот имаме нови искуства? Некогаш си слаб, некогаш си силен. Но колку повеќе се соочуваш со егото, со сам себе, чувства, мисли, случувања, трауми, комплекси, карактерни особини, сигурно поголем дел од времето ќе бидеш силен. И поретко ќе бидеш во ситуација некој да ти наштети.
@MissChievous Сега препрочитав пак, и ако мислиш за не навлегување во улога жртва, како и преиспитување за навлегување (поготово во циклус) на односи кои се штетни за нас, преиспитување околу нашата улога и дали и колку до негде и ние сме/го дозволуваме тоа, додатно и поради минати лоши искуства, aко на тоа мислеше, да. Само пак, ова не е ствар на его, и не е секогаш толку површна психологија што многу често дополнително вклучува и трауми.
Обожавам кога ќе испишам есеи, ќе си го оставам срцето во нив, и Ќе. Ми. Се. Избрише. Во Неповрат. Као, ок, невермајнд, whatever. Ај ќе пишам за времето тогаш. Денес е облачно со умерен дожд. И Халовин е викендов. E така. Oк.
Ајде доста тупење, бек ту бејзикс. Ид-его-суперего. Толку е. Ах, да. И Фројд е жив Суперегото вика- паузата завршила
Ок, ете полајт тема/и-времето и Халовин. Треба да се сочуваат мозочни клетки и енергија за она што е навистина важно, дневна доза анализа на нуклеусот на македонското општество, психо-социолошкиот однос Снашка и Свеки ипак.
Пријателството почна да исчезнува кога луѓето почнаа да си наоѓаат маани еден на друг. Овој многу оговара, овој многу се замара, овој....и така луѓето почнаа да се осамуваат и отуѓуваат.