Тука пола форум е скаран, ама кога треба да се скокне богами сите се збираат. Од едно уво влегува, од друго излегува и немаш гајле. @izabela.nik нема веќе, од корист и тоа стана.
Треба да аплицирам за стипендија, рокот ми е до 30ти. Идам да барам документи на факс, дознавам дека женската од студентски прашања е болна, а архиватката не одела на работа. Кој ќе ми среди? Документиве ми требаат итно, каде да се обратам шо да правам?
Поентата ми беше, едни двајца-тројца се. Ги имам детектирано и дури и кога ми цитираат мислење, не читам. Еднаш или два пати се доведов до состојба да пријавувам мислења и нема шанси повеќе да трошам време на тоа. Друго, знам дека е за спектакл и сеир, мавање лајкови, ама исто така не со мене.
Морам да се искажам овде зашто иначе ќе пукнам. Денес еден "фраер" удри со лакт и со бокс (се беше многу брзо ама видов дека жените кога влагаа на предна наеднаш летнаа 5 метри и се струполија на земја) ги мавна и онака гордо излезе и рече на дијалект Што се гурате, додека не се симнам нема качување, ако ви е. Јас првично мислев дека ја тепа едната што беше 35-40 дека и ја знае од некаде па другава паднала случајно заради ударот кон младата а овој да ти бил јак на жени и као им одржува лекција на непознати жени кои не знаат бон тон на качување во бус. Го задржавме цели 20 минути додека дојде полиција (за малку мислев дека побрзо ја ќе истрчам до полиција и да ги довлечкам) ама другиов маж вика "седи стрпи се не смее да избега" Почнав да се дерам на него дали е машко и нас да не бутне и тепа така зашто реално ако си тепач треба да си тепач до крај. Он прво се засили со некој негов поглед и демек не ти се плашам ама кога виде дека веќе навистина решив да го тепам замолче (девојката удрена ми направи поглед да не го тепам) знаејќи дека ќе у.ерам се и на крај тој ќе биде жртвата (претпоставувам на суд ќе го дадат па нема да идеше во прилог) Дојде мажот на младава девојка (старата баба ја нема во приказнава си отишла јадната не и се чека полиција 20 минути) му рекоа дека има записник и да ја однесе и до градска да ја прегледаат кај што ја удри. Она го сликна и алал и вера уште коа стана од ударот иако со записник на лице место и сведоци е се потаман. Ќе ве замолам сите кои имате искуства вакви слични дури и полоши верувам и знам дека има за жал. Да не видев денес колку грозно изгледа удар на жена од еден исфрустриран маж пред мои очи (прв пат гледам во мојот живот) немаше да знам дека со право се оние кампањи против насилство брз жената, но неќам да биде критика ама ниедна жена не застана од минувачките да го осуди или барем да го опцуе (сите фаќаа сеир) Бидете посолидарни една спрема друга и поздружени. Ако некој бил денес на случкава и ме препознае во приказнава нека не се прикажува подобро зашто бил од тие сеирџиите.
ќе му земат изјава у станица, ќе чекаат потоа да се одлучи дали ќе иде тоа на прекршочен и потоа судот си превзема. таа е процедурата.
Му рекоа дека е заведено во записник физички напад, он малку се сепна и рече "Ама јас само ја бутнах не ја удри нели" и се врти накај мене да потврдам (си викам а бе овој ем тепа ем лаже и чека да го подржам) Полицајците без толерантни ама спори тоа ми е замерка, ако мислиш дека пред нас го истепаа со пендрак, не
што одговори ти на тоа? полицијата е спора зошто толку луѓе се на смена, а претпоставувам за голема општина се работи. да е еден што ќе напрај глупост ајде де. Мене најжал ми паѓа за нив некад. Кај мене на улица отекоа три и пол саати дур дојде увид. Јас за на тренинг да излезам, полицаецот цела лента ја блокираше дека брзав. Ги гледам после тренинг уште тука. Зедов шише к. вода и чаши им симнав, окапаа луѓето. Да, тоа им е работа. Ама реално, за таа плата на сообраќаец што регулира сообраќај дур дојде увидот, жално е.
Како може некому да му е гордост што крадел дури работел?! И сеа као фраерски тоа да се каже. Just woow, човече. МаЌедонијоо!
Јас само мислам дека си еден провокатор на форумов уште од првиот пат кога ме нарече ЧИЧКО иако денес ми се извини и ми рече дека се шалиш јас сепак сум претпазлив веќе Јас му кажав дека ја удри и дека ако мислев дека било случајно буткање од него одамна ќе одев на лекар зашто си имав еден куп работи по институции и мои грижи.
Што е убавината во оваа демократија навистина апропо муабетов твој. Наводно има закони,ред,поредок, а секој краде, а лежи Боки 13, Амди Бајрам што давал гол со пета, староно деде што потегна политичарка за коса, човек што украл пет ќебапи со кромид и слична боранија како набројаниве.
Како не се нашол некој со добро увежбана боречка вештина,па гадот да ја видел мајка му на бела танга. Ѓубре идиотско.
Не очекувај некој да помогне. Македончето е такво. Сака да гледа сеир. Јас имав случка во Пошта. Еден 'господин' ми се закануваше дека ќе ме тепа, а сите околу мене збор не кажаа.
Сакам да кажам дека пишам (пишев, комплицирано е) со еден тип. И денес ми пиши како сум и иако е Октомври, and if you're gonna ghost someone - do it now, решив да вратам. И му кажав, дека има еден шо пробвам да го "фатам" (во тесно) и дека конечно добив состанок со него (работен). Заградите ги изоставив зошто, НОРМАЛНО, то се подразбира. Така? И типов ми враќа демек е ај добро го фати сепак се заинтересира за тебе. Тука од прилика сфатив како звучеше. Типот шо пробвав "да го фатам" (во тесно) е геј. Дечко му ми е boss. God, I love a good misunderstanding.
Јас веќе се навикнав на такво однесување. Со самото тоа што ќутат, значи дека го одобруваат делото. Јас така го сфаќам тоа.