Абе немаат муда, а и не им се замара, нејќат да се мешаат, затоа најлесно е претстава да си гледаат. Чудо како некој не снимал па да стане вирално и да се исмеваат ненормалните. Ретко да најдеш некој да ти помогне у такви ситуации, многу ретко, не знам ни дали постојат уште такви. А замисли да имаше некои такви похрабри па да земеа да му удреа бокс и него на ист начин, да осети како е. Ама си викаат, бегај бе, будала, поарно да не си отварам проблеми и ваквите малоумни дегени ко сељачинава си го тераат така животот, до нареден пат. Шо да не одговара, ќе му земат изјава, ќе го пуштат, глеаме колку се замара полицијата.
И јас сум за правдата да ја земам во свои раце ама...има едно големо ама... Кај ќе ми е крајот ако сум робин худ (насекаде гледам неправди буквално насекаде) и јас не треба да излезам во тој случај од судови. Да го затепавме едно 10 мажи ќе имавме се си мислам поолеснителна пријава (ако грешам нека ме исправи некој постручен)
Вработени, за вработени станува муабет. Сакав да потенцирам дека некои луѓе се гордеат со некои работи што не се за гордеење.
Денот ми е хаос, однсоно периодов ми е цел хаос, таков, хаотичен, со нервози, главоболки, проблеми... Доаѓам јас на автобуска, карта да си земам и одеднаш вработената ми вика имај си убав ден девојче. Значи толку ми легна то на срце, онака благо се изнанадив од позитивност на жената. Алал да и е. Сакам да кажам бидете како нејзе, еден убав збор ништо нема вас да ви скрати ако го кажете, а на некој можи денот да му го разубави. Ширете љубов а не омраза!
Сдк дека тотално сум замаена, не знам шо се дешава со мене, до толку да се исклучувам и заборавам. Треба да мењавам телефон зашто и тој што го користев привремено рикна (со телефониве нешто неам среќа последниов период) и ај сум ја извадила сим картичката, Господ знае кај сум ја џитнала, ја нема нигде, толкацка мала ќе ја најдам, како не. Исто ко игла у сено да бараш. Сеа приметувам дека телефонов е без сим, нит знам точно коа ја извадив, веројатно вчера, ни кај ја стаив, а дома е, не е надвор изгубена. Ќе треба да се зима нова, неам нерви да барам више. Катастрофа сум у последно време, ужас. Знаете она чувство како без памет да си, праиш нешто ама махинално и после појма немаш што си напраил, тотално исклучен си и дефокусиран. Грдо чувство и многу непријатно. Не се сакам ваква. Spoiler
Зошто воошто некој измислил Team Building? Македонија е ова, не не бива. Ќе се испокараме, па ќе јадиме заедно на маса, па јееј се сакаме.
Може да не нормализираме дека секој може да си продава и рекламира што сака? И дека другите се криви што купуваат? На пример (тешки) дроги, брзи кредити, лажни препарати од алтернативна медицина и слично. Или квази фитнес тренери и нутриционисти Не можеш 100% да се лишиш од одговорност кога јавно промовираш деструктивни работи и се претставуваш како нешто што не си во едно општество. Не можеш некој да спречиш да зима дроги или брзи кредити. Можеш барем да ме бидеш дел од тие матни води.
Сега ми текна(не од СДК без цитирања, не се будалете, онака ми текна). Аnyways, ми текна на филмов. Не е до економската ситуација, до луѓето е, станати се студени, егоистични, површни, и ја изгубија магијата во срцата. Ова е за жал вистината денес.
И ќе одиш на новогодишна прослава и ќе глумиш дека многу се сакаш со колегите. Па ќе се сликаш за сите да видат на фб колку ти се драги. Мразам лицемерие. Од таа причина не одам на прослави со колеги.
Колку и да сум против мешање во приватност, не ги сфаќам оние луѓе што за секое прашање реагираат со "што те боли кур". Да, зависи и кој те прашува ама рецимо во некоја група, меѓу колеги, ново друштво падне муабет за врски и ако некој (сеедно машко/женско) те праша дали имаш дечко, не ти рекол дека сака да те изебе, ај чил.
Дали во пиљара во маркет кинете непосакувани делови таму на лице место? На пример, смежуран лист од марула, дршки од спанаќ, темнозелени тврди листови од зелка, итн.
Колку ќе бидат картите отприлика да не знаеш? Гледам и во Белград ќе настапува може таму поефтини да се