Не работам некои два месеци. Тешки работи ми се погодуваат без одмор без к15 итн. Ама и седење сама дома е тешко. Чаре нема.
Леле да. Или ако се враќаш со букет особено со автобус и сите те гледаат во букетот. Многу сакам цвеќиња и партнерот знае и ми подарува често, но ова ми е многу незгодно, толку зјапаат луѓево како да е светско чудо букет што носиш со себе (особено ако не е Валентајн или 8 март). Можеби и кај нас само луѓево се радознали па многу сакаат да гледаат наоколу кој што прави, често и во кеси се загледуваат што си купил, не па во букет.
А вас дечки да не ви е гајле и да не се оптеретувате со тоа кој шо кажал, напраил, зјапал? Абе уживајте у мигот, баталете другите, на нив тоа им е "работа", да се интересираат за туѓото, ги привлекува ете, радознали. Коа имате такви прекрасни луѓе покрај себе ништо не е битно освен вас. Ќе се замарате што зјапале, што ве глеам чудни.
Не сака секој да е центар на внимание, мене ми е многу незгодно да ме гледаат повеќе луѓе во исто време. Сите сме различни, не знам, не сакам да ме гледаат и не сакам преголемо внимание околу мене од непознати. Го "решавам" колку можам тоа зјапање така што кога можам букет/било каков поклон го ставам во тие големите хартиени кеси од шопинг и колку може помалку да се гледа додека го донесам дома.
Те сфаќам, и ја нејќам да привлекувам пажња ич ама вака ако се замараме со сите околу нас, кај ни е крајот? Па и тој букетот ваљда не бил ваков или бил? За до толку да им забоде очи и да паднат у несвест луѓето.
Македончето е такво. Нема попаметна работа па со тоа ќе се замара. Се качувам во автобус со 2 полни кеси и плус една кеса во рака. Ме загледаа мислиш сум ограбила некој маркет.
Не се отвара линкот, ама и ружа кога е луѓето гледаат од чиста радозналост. Нагласив, особено за превоз со автобус мислев, додека си чекаш по автобуски, додека се возиш, тука зјапање на големо се добива. Нема врска, се надоврзав на пишаното на членката, не мислев да реплицирам толку долго, а и немам време да пишувам повеќе, плус колоквиумска ми е. Имај убав ден!
Нејќам да вреѓам ама ова е одлика на проста раја. Цивилизирани особи си глеаат своја работа и не се вртат по све живо и диво. Баш иритира ова понашање, само неаме друг избор освен да игнорираме, кај моеш да ги смениш луѓето, нека се живи и здрави.
Искрено.. Се случува и јас да видам. Ама не се загледувам како да не сум видела. Нормално е дека кога некој ќе помине покрај тебе ти да погледнеш. Не можеш да го избегнеш. Една жена носеше цвеќиња па сите погледи накај неа беа. Како цвеќињата со злато да беа прскани.
Не сфаќам некој да се буни оти луѓе жалат за актер (враќам наназад за Метју муабетот). Исто не сфаќам како то на луѓе му смета шо друг прат и шо слави (Халоувин). Сакам да кажам, да бевте толку изнад ситуација и незасегнати - немаше вака да зборате и да плукате на тагата (и среќата) на другите. То ме носи до цела барга луѓе шо му смета да слават други луѓе нешто шо самите не слават. Се надевам не бевте хипокрити да користите (нелогичните) 20% попуст по продавниците по повод Халоувин. Ни пак Блек Фрајдеј ко ќе биди оти се надевам знајте оти е баш Црн Петок? Пак е поврзано со Американски есенско-зимски празници. Останете изнад ситуацијата. Не потпаѓајте под демоните.
Не е важна позицијата, или си човек или нечовек. Жал ми е што одбра да си нечовек поради елитата која зад грб ти се смее.
Некој озбилно го интересира и се бави со ова? Тоа ве вклучува и вас засегнатитe. Hope you're ok and stuff, ама btw светот си има поголеми проблеми. Еnjoy your Black Friday while you can.
Многу ми се јаки луѓе кога ќе пишат "да се забрани интернетот..." затоа што виделе на интернет некој екстремно глуп или прочитале нешто што не им се допаѓа. Па напрај бе логаут, полесно ќе ти е
Тотално хипотетичко прашање, а како би изгледала психичката реакција и стање да се забрани интернетот, или го снема на подолг период, поготово за интернет експертите?
Иако има свои бенефиции за хонорарни работи, сметам дека сепак од една страна е глупаво што можат да те пријават како вработен без да потпишеш никаков договор. Има огромен простор за злоупотреби. Да те излажат дека ќе биде договорот, они те пријавиле, после иди докажувај се зошто како и дека ти си излажан. А од нив немаш амин на хартија дека ќе те одјават и кога.
Не зборувам за глобално исклучување од интернет, тоа секако би имало сериозни последици. Муабетот ми е за некои што викаат да му се забранел интернетот (или социјалните мрежи) на поединци (на пример на некој што тропнал глупост на твитер или снимал глупи видеа на тикток - Трајче Ефтинџиоски да речеме ). Е сега тој некој пак ќе си биде глуп, со или без интернет, која е поентата да му се забрани? Или пошто јас не сакам да го читам и гледам кај шо се глупира, па ајде да пишувам дека "некои луѓе не треба да имаат пристап до интернет". Ако не сакам да читам глупости на нет секогаш ми стои turn off опција на мојот рутер, а не да "апелирам" дека тој некој не треба да има пристап до интернет. *Не дека некому може било што за користење да му се забрани во 21ви век, туку само сакав да го прокоментирам ставот дека "на некои луѓе треба..."
@MarigoldA Абе види, да го земеме г-дин Стефанофски за пример. Г-дин Стефановски да речеме има онлајн публика што секојдневно го бодри и тапша за мудростите што ги просејува на интернет, и со тоа самодовербата му расте, а со тоа и мудростите... Но тоа не е се(да, во Топ Шоп voice)... Г-дин Стефановски не е единствен. И тој феномен почнува да се шири, и станува... па феномен ваљда. И тоа влијае на психо-социолошкиот ред и квалитет. И ете ти беља. Hence the moral dilema околу прашањето дали интернетот треба да биде забранет за г-дин Стефановски и слични. #сарказам #хумор