Познавам две личности кои ми потврдиле дека имаат ADHD. Не знам што ми текна, прогуглав дел од симптомите, значи не е можно колку во целост им го опишува карактерот и однесувањето. Инаку, убав денов ама јас ептен се изморив.
Ќе има такви што ќе го обожаваат, ќе има и такви што ќе го мразат. За привлечност меѓу "глупоста на Стефановски" и публиката потребни се двајца (и Стефановски и гледачот негов). Публиката што се запалила на Стефановски веќе има нешто Стефановско во себе, е сега дали е од неедуцираност, околина во која растеле, интелектуален капацитет, лош пример пд родителите, некаде успут во животот го стекнале тоа Стефановското во себе и тоа ќе им остане дури и да го банираме Стефановски од нет, само можеби нема да го реализираат, пошто нема да го имаат бодрењето и тапшањето по рамо што го спомна и нема да го имаат Стефановски како идол и "водич" во зреењето на својата лична "глупост". Не ги направил такви тој што си ги експонирал глупостите на интернет, туку веќе биле такви и себеси се препознале во него - од тие причини му се subscribe-нале на јутуб каналот, или го заследиле на инста сеедно и тие го направиле популарен. За да се создаде феномен треба маса да го поддржи, еден Стефановски само ако беше таков немаше никој да го дознае макар имале и понапредна технологија од интернет. На пример, на луѓе што им е интересна Задруга, мислам дека таков им е животот, буквална задруга, навикнати се на драми дома и општо во животот, тоа им е интересно. На луѓето им е интересно тоа што им е автентично. (*мое лично мислење за задруга, ако некој се пронајде нема да реплицирам). Дали сите до тек на време ќе загледаат Задруга, Бака Прасе или еве нека е Стефановски? Нема сите да ги загледаат. Дали ако се укинат ваквите телевизиски и интернет феномени, на луѓето животите/карактерите/браковите (name it) нема веќе да им бидат "задругарски"? Нема ни тоа да се среди, само ќе нема што да гледаат на ТВ/јутуб/тикток.
Заштоооооо ??? Ццц, срам да и е на таа. Па не инсистираш ти сигурно нешто, не ја присилуваш ама вака да се одбие дрско... Ни поштовање, ни култура, ни манири, ништо не остана... Или пак имало причина зошто го одбила? @Spicy Senorita се сложувам дека не ја знаеме другата страна од причава, што е и како е ама жал ми падна вака коа пиша. Па се потрудил чоекот, среќен беше барем по пишувањето што се спремил, купил, а после вака скроз разочаран да го остаи. Од култура можела да се заблагодари за гестот па и да го прими, после шо сака нека му праи и нека мисли. Глупо некако постапила.
Ај да прашам нешто. 1. Од кај ја познаваш симпатијава? Ако е од социјални мрежи, пиши пропало. 2. Дали и си ти неа симпатија или само проектираш? 3. Сакаше да ја импресионираш и зошто? Ја имаш на дејт покането? И за крај, веројатно се плашела од твои задни намери, па реагирала така. Ако не се познавате, а почнуваш поклони да праќаш, ќе и делуваш сумљиво. Никој на никого не верува денес, а богами и со право.
Мојов на први пољубац ми даде ружа. Па заедно си идевме во автобус на враќање дека во ист правец и имаше девојки едни онака нѐ гледаа ко
Ау, јас лани се запознав со феноменот Стефановски и Мандар. Си реков, чекај да видам зошто ги критикуваат. Изгледав неколку видеа, ништо оригинално ама затоа многу простачко, да. И го памтам Стефановски по една реплика, демек тој никогаш не би платил кафе или што и да е на прв дејт. Па потоа знам со мајка му и татко му имаше видео, делуваа на најнормални луѓе (ете дека не е секогаш до родителите, мојата теорија е дека е до друштвото). И знам дека мајка му го искритикува оти го фатила како и се дери на женска му. Таа кутрата, истопорена на тие видеата, цела горда. Мислам и дека сега жена му е. Ама не знам бе, дечково врвно изгледа, ама е од тие кои само уста да отворат и толку. И така, од тогаш и да ми излези нешто, кликам not interested и рајат сум.
Не е некултурно или безобразно ако некој ти постави граници и те држи во рамките на тие граници. То шо ние одиме out of our way за нешто кое не е барано од нас е само наш проблем и ничиј друг. Колку поќе знајме кај седиме со луѓето - полесно ќе се сносиме со та реалност. @SigmaMan уште ко пиша неќев да ти пишам пошто рече си испратил и се гледаше дека ти е желба. Рече симпатија. Толку многу работи без дејт, испратени на симпатија е coming off too strong и се вика love bombing. Ова го претпоставувам јер то е симпатија. Некој кој симпатишваме а уште немаме ништо со тој некој. Дури и другата страна да има взаемни чувства, премногу е за фаза "симпатија". Само пријателски совет, прати го темпото и на партнерот/симпатијата и границите шо си ставате меѓусебе за да избегниш вакви ситуации во иднина. А сега жал ми е дека не испадна како шо си замислил.
@MarigoldA Секој може да бира што ќе прати, и со што ќе се опкружува, точно, и си постои и квалитетна содржина и оние кои ја пратат. Само колку повеќе се енајблира вакво понашање(ова другово), се позастапено е, повеќе се промовира, зема замав и добива ветар у леџа, што и го гледаме последниве неколку години. Зошто луѓето сакаат да одат по линија мањег отпора ваљда. И така се позастапено станува, што може да се види и резултира во општ културолошки пад. Ете пример, споредба на културата пред и по социјални мрежи. А чекај ликов е вистински лик, не измислен? Што е неговото лик и дело, уствари не знам дали и колку сакам да знам.
Дефинитивно сум човек што ги сака раните утра и есента. Отидов да земам топло пециво од пекара, седнав на една клупа и уживав во утрото и шаренилото на бои, кои ни ги пружа есента. Сега е време за првото утринско кафе
Некултурно е сите мислења да ги игнорирам на форумов, само ќе кажам дека веќе ништо не е важно. Завршена работа, трајно и без втор план.