Па сите можеме да си купиме за себе, и тоа секој ден, ама зошто би? Кога си со некој треба да си правите ствари еден за друг, тоа е дел од романтичната убавина. Јас сметам дека нема живот со маж кој нема ни за кафе. Кога јас можам да частам и да купувам убави ствари, да работам и да вложам пот, зошто да не може и он? Немојте да се бламирате себе си, не изгледате ниту humble, туку љубоморни. Со вакви изјави се претставувате како премногу чил женски, и очигледно е дека нема да се трудат да ве импресионираат или да ви дадат дел од нивното, без разлика дали е внимание, подарок, почит и све остало. Барајте поише, и ќе добиете.
Како е она таа што шири негативна енергија, кога оргиналното мислење на Крофничка е единственото негативно, со мрчење за нешто што не треба да ја засега? @krofnicka27 Љубоморна си и не знам како не си свесна за тоа. Ако тебе ти највеќе пружа задоволство сама да си купуваш работи, купувај си. Некои девојки сакаат да бидат разгалувани со подароци и си се во врска со мажи кои имаат и сакаат да купуваат подароци. А може во исто време и самите можат да си ги дозволат. Секој со своите стандарди, и тука нема ништо лошо. Само не знам зошто си дозволуваш да бидеш толку горчлива.
Мех, не би ни рекла дека се ефтини, но различни желби и приоритети за во врска. Но, ако имаат потреба да пишат во темава со толкава доза на горчина, тоа е многу грдо. Ако некој маж сака да дава, а некоја жена го сака и очекува тоа од мажот, си се нашле.
А девојка/жена што поклонува на дечко/маж, каков е тој дечко/маж? Незнаев дека не смее поклон да се купи, туку самите да си купиме, секој има сам да си купи, ама ете некој сака да поклони, има и девојки што нон стоп поклони купуваат на дечко. А за роденден смее ли дечко да и купи поклон на девојката, или сама да си купи, да не испадне дека со него е поради тоа?
Поклон е покажување на љубов во вид на гест. Никогаш не е ни имало случаеви кога некоја е била во мизерна врска и е останала ради поклон. Не знам како да ви кажам, па ете најпросто. Дури и ако едно чоколадо не ви купува најверојатно толку сте му битни. Не е за Диорот, работата е дека одделил минута време да помисли на вас и да побара нешто во продавница што го потсеќа на вас и ви го купил. Ама, тука све је независно па изгледа и се губи чувството дека некој ви пруже внимание што на секоја жена и годи. Само на тие од форумот не и годи.
Ама искрено, сами се поставуваат во светло на "колку сум чил, сеа ќе му покажам дека не сум како тие што го сакаат само за пари" и со ова знаеш ли колку ниско одат на приоритетна листа? Ако од почеток те насети дека и со најмалце ќе си задоволна, веруј и најмалку ќе добиваш . И морам да напоменам дека ваква горчливост немам осетено на задоволена жена што добива поклони и внимание од партнерот, секогаш е некоја што добивала по една роза годишно (по некад и тоа не), па другите и се криви.
Јас од почетна доба имам став дека дечкото, и да има минималец плата, ќе оддели да купи нешто за кое има чувство дека ќе ти се допадне. Понекогаш тие екстра дечковци на кои им значиш собираат неколку месеци за да те изненадат. Не сфаќам зошто некоја жена би била со маж без пари, како што рече крофната, и за кафе да нема. Од гушкање не се живее, а ако е жив и здрав фала богу може да заработи како и сите нас.
Па не мора да е скап поклонот. А за тоа да нема за кафе, не верувам дека некоја девојка би била со таков дечко. Или грешка сум?
Тоа е таа некоја чудна глорификација на имање тежок живот, по некоја чудна логика сиромаштија = добрина и се има огромна завист кон оние што се „посреќиле“ со скапи работи, во овој случај од партнер, но верувам дека еднакво ги мразат и луѓето што се родени во богати фамилии. Со партнер и во добро и во зло, и во имање и во немање, но не знам зошто е контроверзно кога партнерот веќе има, да ти купува. Јбг, не велам дека секоја жена треба и може да добива Версаче поклони и дека самиот поклон е некакво мерило, но ете некоја девојка има таков дечко и ставила на стори, океееееј.
Јас па мислам дека доаѓа од таа подсвесна мизогинија кога нашите баби и прабаби биле со дедбит мажи кои нуделе скоро ништо, дека жена како жена ако те сака ќе си ги жртвува своите потреби за да биде со тебе и во добро и во зло. Мило ми е што многу девојки се будат, и ги шиткаат тие што не нудат ништо во контекст на изглед, карактер, начин на однесување, изразување на љубов и материјалности.
Секој различно размислува. Мене не ме 'палат' скапи поклони. И со малку се задоволувам. И му се лутам на маж ми кога ќе потроши многу пари. Искрено... Не би била со некој што нема пари, па да мора цело време да е на мој грб. Како што пиша членката.. Да нема за едно кафе.
Мислам дека многу се оди од крајност во крајност со мислењата. Да, скоро никоја не би сакала да е со дечко кој не може ни кафе да плати и со право, ама па зошто да се цени човекот само ради пари што има? Бидејќи во скоро сите случаеви тој што има многу пари го сакаат само додека има многу пари, што мислам дека сосема погрешна вредност е. Ако денес и купува секакви брендови, утре да се случи нешто и не може толку скапо и често да поклонува, таа ќе го напушти. Не знам од кога почна да се нарекува љубов тоа, ама љубовта не тргнува од тоа колку е богат некој. Најпрво човек го сакаш ради она што е, а не ради она што може да направи или да ти купи. Во животот сѐ бива, не знаеш дали утре ќе го имаш она што го имаш денес, ама вистинска личност што најпрво те сака и цени според она кое што си нема да испари кога работите ќе тргнат на потешко. Можеби too deep беше ова, а и не викам дека само од љубов може да се живее. Ама без неа па ич.