Жените сакаат финансиска стабилност, да се чуствува безбедно со партнерот и веројатно прстен на рака. Поклоните, без разлика на цена, се внимание кое те прави да си среќен, и мислам дека треба да е обострано.
Точно така, тоа е еден вид на гест и внимание, немора да е скап подарокот, и треба да е обострано, и немора да има некој повод, баш за роденден очекуваат, вака подобро без повод. Па јас подарувам и на другарки без повод, не па на партнер, сега не кој знае каков подарок ама ете марама или чоколадо што пиша една членка сепак е внимание. На мм внуките од братучедки, на мои им подарувам без повод. Некој кога сака подарува со љубов.
Да додадам дека и тие што се веќе богати и можат сами да си дозволат, буквално истото и повеќе го очекуваат од дечкото/мажот. Во тој случај ваљда добиваат двојна омраза, по два критериуми. Никој тука не е толку глуп да мисли дека скап поклон = љубов, само малку патетично звучи кога пробувајќи да докажеме дека не сме материјалисти одиме во спротивна насока па се изедначува сиромаштија со љубов.
Размислував, колку многу алкохолот е застапен во (социјалниот) живот(от). Прославуваш - алкохол, тагуваш - алкохол. Мислам дека дури и некои моменти и не можат да се замислат без алкохол, буквално е "есенцијална" компонента. Кога некој не консумира алкохол, дури наидува на остра критика од останатите и неретко се третира како аутсајдер. Од тоа кога јас сум бил тинејџер, а и сега, гледајќи по помлади членови на семејството, се пие буквално да се опијаниш максимално. Дури и сега на постара возраст, неретко се вика: "Ајде кога ќе излезиме да се испијаниме?". Имајќи предвид дека алкохолот е присутен во животот на луѓето од најмала возраст, кога на деца им се дава "да лизнат", па на тинејџери им се продава во продавници или кафичи иако немаат 18год., воопшто не сум изненаден колку е висока стапката на алкохолизам кај народот, иако тој и баш не се препознава, бидејќи алкохолот е толку социјално прифатен. Поради тоа, алкохолизмот се смета и за една од најтешките, за излекување, зависности со супстанции.
Прво нешто кое ќе го направам кога ќе престанам да дојам ќе биде да ја прекријам тетоважата која ја имам напишано на хебрејски, зборува за Господ ама ова што евреите моментално го прават не покажува никаква верба во Бог. Не сакам да имам ништо поврзано со нив и со тој народ веќе. Ништо. Секој ден плачам на видеа од мртви деца. Ништо не научувме како луѓе. Светот гледа и ништо не прави. Ужас. Тотален ужас.
Уау, се брука а? Додека ти пратиш она шо објавува и ја оговараш тука дека е спонзоруша, она ужива. И како тоа е спонзоруша? Зошто е спозоруша? Затоа шо си има свои стандарди? Значи девојките шо добиваат поклони од дечковците ги етикетирате како спонзоруши? А ти шо немаш добиено ништо од никој и шо мора се сама да си купуваш како да те етикетираме? Стара мома? Сигурно ти фали нешто шо неможеш дечко да си најдеш и некој да ти поклони бар нешто? Сигурно си грда и самобендисана? А, не е убаво нели? Оди си ти со некој шо нема за кафе никој не ти брани. Ако сакаш и личен шофер изигравај му оти нема кола. И спратот дома реновирај му го оти нема на шо да спие и на шо да јаде. Демек некој фала ќе ти каже. Таквите во денешно време глупави ги викаме. И јас сакам поклони. И јас објавувам на фб кога маж ми ќе ми купи поклон. И да нема време да купи, ќе ми даде пари да одам да си го купам. А можам и сама да си купам ама послатко ми е кога е поклон. И доста го пикате носот таму кај шо не ви е место. Гледајте си вашата черга, не треба да ви е гајле за туѓата.
Никогаш не сум можел потполно да го сфатам ценкањето, мислам јасна е поентата да пројдеш поевтино али не сфаќам некои ликови што немаат осет со ценкање па ај да ти ги дадам беспари ако не, чим си толку паметен/на и интелигентен/на, ја дали сум у ќар или загуба кој ме шиша нели? Малку карактер да покажете за промена чисто?? Нешто не ми штима у целиот процес, можда ја сум глуп или па премногу чесен.
Многу сакам некоја активност да не се осеќам депресивно. Колку е тешко да си 24/7 дома, ме исполнува мајчинството ама освен тоа сакам некаде на друго место со мозокот
Од сега ќе му кажам на мм никако подароци да ми купува, зошто ќе ме етикетираат како спонзоруша. Пишав и погоре, ако на дечко/маж му купуваат подарок, како го нарекуваат тој дечко/маж? И мене мм ми вели што сакам да си купам (кај мене се парите хаха), ама што велиш послатко е тој кога ќе ми купи па макар и една ружа без никаков повод, за роденден, годишнина очекуваш, вака баш изненадување, ни јас ни мм не чекаме повод, ако види нешто ми купува, и јас на него.
Измами куп луѓе за работа меѓу кои и јас, а цел фб ѝ е со споделувања од објави за донации и вдомување на животни. Некои онака немаат срам во животот. Не дека верувам во карма или дека посакувам али јебига, животот се врти. Мада кога ќе помислам дека за мое здравје таквото ги болеше, па и не ми е жал да ги снајде нешто во животот и неа и другите со неа. Сега кога работам на нормално место пријавена од прв ден, осигурана и све, криво ми е која тешка глупача испаднав тогаш.
Што им е на луѓето што ги сликаат гробовите на нивните блиски и ги објавуваат по социјалните мрежи? Нормални се? Пред малку видов слика од ДЕТЕ сликано до споменик и објавено на фб од страна на мајка му. Болест.
Абе тоа е за да покажат на народот колку се они религиозни, оти секоја задушница ја почитуваат, дека се добри христијани..... итн итн дрн дрн јариња. Ова исто како криминалците шо објавуваат слики како бакнуваат крстови.