Аууу, мајка ми видела еднаш така, некој дедо си праел селфи на гробишта, лабаво онака си муабетел, си се смеел. Абе шо им е на луѓево? Поготово на старите, ни почит да се немало, па после зашо и младите не чинат, имаат од кого да учат. Свесни ли се колку забегаа со бизарностиве? Грам памет не им остана више.
Да не пишувам јас што имам видено, мене језиво ми е да гледам на филм, не па некој што сликал тие кои ги знам.
Песнава ме асоцира на мала јас во '90- ти, доцна навечер, скоро спијам позади во кола додека се враќаме дома од гости. Мислам дека е лето.
Легендата вели дека по 20 години од сега, многу повеќе ќе се каеш за работите што не си ги направил, отколку за работите што си ги направил ама не успеале. Така да, удрете луѓена мои со бламирање, можи некогаш ќе се испрати
Одење на гроб е многу убав и здрав ритуал за оджалување. Не знам оти дел од мене мисли дека ако мани некој селфи или си помуабети како со жив чоек да е језиво. Баш е надминвање на некоја тага и оджалување. Живите мора да преќинат на жалат и да продолжат да живеат. Во врска со поклони и дечковци. Се мразам дека долго време мислев дека докажувам поента на мажи ако не им дозволам да ми платат кафе. И океј уште мислам дека ако не ги остам да ми платат кафе и се налутат дека не чинат. Ама во последно - оставам. Ама кога е партнер во прашање поклони ми е најнормална пракса. Како шо мене ќеф ми е да му дам поклон - сигурно и него му е. И не мора да глумам holier than thou дека такво внимание не ми годи. На секој му годи. Само некој го добива, некој не. И последно. Другарките се жалеа дека ова сезона на животов ми е многу досадна. Вратив драма и недела покасно толку искомплицирав шо едната пиеше апче за гла да се свести.
Да се вратам во времето би се акнала од ѕид за какви срања толерирав од машки. Сега ни поглед не им фрлам, немам атракција спрема никој, како одечки статуетки ми се. И ми пречи колку ми приоѓаат, кога знам дека нема дел од денот да им посветам.
Сакаш да кажеш ако на некој му почине дете да престане да жали ? Да животот продолжува ама жалењето никогаш не престанува не дај боже некој да осети на своја кожа ,знам по баба ми еве 40 години неможе да престане да жали по чичко ми ,починал на 21 година .И жалењето по родител никогаш неможе да престане .
Онака преку кур ми е кога некој ќе направи сообраќајка, ќе убие некој да го правдаме со "немал намера". Знаете кои други немале намера да убијат? - Филипче и Анѓушев со модуларната. - Беса транс и Дурмо турс - Пред две години во Италија им загинаа 14 души откако гондола од жичара падна зашто паметните наместо да ги поправат кочниците, скрос ги извадиле. И тие немале намера да убијат. Ама убија. И само "несреќа" беше на крај. - Куп архитекти, цивилни инженери, градежници, што направиле фалш згради, мостови што после се срушиле од едно ветре и утепале 100тици души. - Доктори со лекарски грешки. Ако не барате одговорност од Трпе од Босилово оти немал намера, не барајте ни од другите да ги бесат на плоштад.
Јас никогаш не сум видела објавена слика од гробишта, значи прилично нормални луѓе имам на соц. мрежи. Друго што сакав да кажам, едвај чекам излози и штандови и се' со божиќни ситници, божиќни колачиња, божиќни дезени, се' божиќно!
Ако ти мислиш дека некој треба остатокот од животот да жали - ок. Ама на крај на ден тој живот и натаму ќе течи безразлика како ќе живееме. Како ќе одлучиш да го живејш е на себе. Загуба на дете е најтешка, особено ако е мало зошто не е само губење на човек туку губење на идеали шо тој чоек можеше да биди. Ама греота е да не очекуваме животот за тие родители да заврши. Пошто тагата е голем круг. И како се движиме кон нашата смрт, имаме настани, убај настани. И дали ќе ги доживејме како такви зависи од нас и нашите снаги. Само сакам свет кај шо родител нема да изгуби дете. Ама реалноста е гнасна. Не би да коментирам за смрт на дете ама веќе ко мораше да скокниш во најтажното од се - ете ти одговор. Disgusting to bring it up anyway.
Понекогаш си мислам, стварно како би изгледало кога би живееле во паралелни универзуми. Не паралелни во смисла на физика, туку буквално секој во својот универзум, само со луѓе со кои има исти идеи и разбирања. Пример- универзум 1- луѓе што веруваат во бајачки, универзум 2-за спортисти, универзум 3- готвачи, универзум 4....итн. И да се нема контакт меѓу универзумите. Ај ќе мислам уште, како би изгледало, кој универзум би преживеал, изгледа како интересна ментална вежба за тмурно неделно попладне
А ако веруваш во бајачки и си готвач, во кој универзум би бил? Или ако во одреден момент престанеш да веруваш во бајачки, тогаш ќе се префрлиш во друг универзум?
Ако си готвачка и бајачка-1+3=13 Не ми е домислено реков, само идеја. И дали би било подобро или полошо отколку што е сега, сите во еден универзум. И дали може да постои некој супер универзум, некој 73265 по ред Пс-Јас сакам во универзум кајшто друг ќе ми готви, ако може
Видов лајк, @Biljarkata те памтам во другата тема ама моментално немам време да прочитам. Осеќам потреба да ти кажам дека не те заборавам.