Постојано мора да се потсеќам да престанам да посакувам да помине времето од било која причина. Времето ионака ќе помине, а со тоа и животот. Треба да се цени секоја минутка, поготово во младоста. Секоја фаза е убава, сигурна сум; тоа можам да го согледам кога гледам наназад во минатото и сфаќам дека на еден или друг начин, ми било добро, меѓутоа не сум уживала целосно. Сум посакувала нешто друго, нешто замислено во иднината. А само старееме, а староста најчесто носи и по некоја болест, физичка болка, проблем со здравјето. Секако не мора да значи, но реалноста е дека така е скоро со секого. Староста носи и пониски примања, барем тука во Мкд, освен ако ептен добро не си ги наместиш нештата додека си млад. Староста носи помалку прилики за доживување нови нешта, иако тоа не значи по дифолт и помалку уживање во секојдневието. Како и да е, треба да се ужива во младоста колку се може повеќе. Најважно од сè, треба да се ужива во сегашниот момент зошто колку и да е клише, животот е сега.
Простоќата треба да биде одземена како лично право и конечно регулирана како кривично дело. Друго фајде нема. Па покревај си ти свест слободно после на раат.
И with that being said, мотото на 21век; "Не сум подобар од тебе, поосвестен сум." Да, да цути свест, свест до несвест.
Ова. Вистина е она, пази внимателно што ставаш после она "Јас сум... (fill the blink) " Иако сите си имаме, карактер и карактеристики својствени и индивидуални за секого, човекот е сепак мултикмплексно суштество и никој не е само "ова" или "она", и така цел ден, секој ден, цел живот, без можност за промена. Кој ова го сфаќа, успеал во животот. Исто е и со формирање мислење за другите. Spoiler: . Оние кои не се способни ова да го разберат, ни да го применат и да бидат нешто поинаку од шаблонот само "ова" или "она" цел живот, логично со тоа (не) сфаќање и формираат мислење за другите. Оние што живеат да најдат мани, лепат етикети и сместат во шаблон "ова" или "она" што беше спомнато во постот, се тек посебни приказни и патологии, ама да ги оставиме сега нив.
Попладнево дури се шминкав за излегување почнав да си размислувам онака, зошто некои луѓе се изгорени да направат кавга и неред во нечиј живот. И онака ми блисна, дека уствари патат за внимание. Некој да им зборни, да им даде ако ништо друго парем пет минути од својот живот. Сфатив дека омразата кон некој, е уствари неостварена љубов. Затоа и толку силно мразат или саботираат одредена личност. И откако го сфатив ова, поокеј ми е да се справувам. Долго време се мачев зошто и како.
Аман од глупи турски серии, немам ништо против, ама бар нека дадат бре нешто позитивно човек да се насмее, ова веќе ја не знам, те плачат те негативности, не знам веќе кој нормален гледа тв, мизерија жива, нема човек што да гледа на секоја програма џанер манер умрел, жалопојки, бог да чува
Голем индикатор за тоа каде стоиш во нечиј живот е како личноста реагира кога нешто многу добро или многу лошо ти се случува во животот.
Најјак муабет ми е ко ќе речат некоја девојка дека не е е**на и затоа била напната и нервозна. Вчера седев со еден другар и ми кажуваше за некоја девојка што ја знаел како се скарала со дечко и сега била премногу нервозна. Ми го кажа тој муабет и стварно му реков дека ептен е дебилен. А, знаам дека неодамна мајка и беше во болница. Стварно, чуден ни е менталитетов наш, осудувачки.
И мене најјак муабет ми е тој, значи стварно неможам да ги разберам мажите шо мислат дека со е*ање се се решава и лекува
5 саат, станав, не ми се спие нешто, земав се развежбав у ладна соба 3 степени по шорцеви и маица со кратки ракави мислиш лето е, се прегреав упм, па сеа уште фали и топла вода у бојлер да не останала од синоќа па ќе си дремам мокра. Ај добро утро.