Откопав мп3 од пред 10- 12 години, го поврзав во кола и ептен се изненадив што се имам слушано некои дури сум ги заборавила. Се вратив во времето кога бев гимназијалка.
Цел живот слушаме што сакале тие и како требало да биди според нив. Мене дури и здосадено ми, не ми е гајле што сакале тие, битно ми е мене што сакам. Ако си нашла магаре, да си го возиш, сигурно заслужил. До пред некоја година можи и би те критикувала, ама сега не, примарно оти знам нешто повеќе.
Реално, цел живот им се врти само тоа имал братотот 34/44/54/64/74.. хахаха се е до хендлање и искуство во истото
Така треба. Те имам читано за бившиот маж, што те навлече да го венчаш? Човекот звучи како одечка ноќна мора
Да, имам доволно пари за да ти дојдам на стан. Ама не ми се трошат на некој кој ми се јавува само за некаков повод. Сакам луѓе кои ќе се јават за кафе, да прашат како сум и за нив не ми треба повод за поклон. Така да фала на поканата но нема да дојдам. Се гледаме на кафе ако некогаш решиш да се јавиш.
Добро бре, има ли еден нормален оглас за вработување во државава? Еден нормален каде што навистина им треба вработен? Со високо образование сум, ќе прифатам и за помала плата за почеток. Ми се смачи и од аплицирање и од чекање одговор дека ќе ме известат. Слушам луѓе плаќаат да се вработат државно. Никогаш не сум го мислела ниту рекла ова, но еве јас ќе платам доколку најдам кому, вистински човек. Навистина ми е преку глава.
Никогаш не сум ја доживеал сексуалноста во нејзината најчиста форма. Секогаш пропратена со нежност, можеби и набиена, можеби краткотрајна, но чувствителност, но до самиот крај на мојот сексуален живот постоеше... никогаш не сум водел љубов напразно, без емотивен набој. Жан Жене
Ми текна рандом на случкава, не знаев кај да ја пишам па ај овде. Со бившиот ова ни беше прв дејт, и се возиме во кола, и ако добро се сеќавам од нигде никаде рандом на сред улица паркираше и излезе надвор, затвори врата, и се помрдна неколку чекори и само стои. Јас го гледам од внатре, се чудам што е работата и кога влезе внатре го прашувам абе што се деси, зашто искочи надвор и овој ме гледа и ќути, јас упорна пак го прашувам, и знам некако со други зборови ми одговори, ама одговорот беше - да прднам. Као незгодно било во кола внатре, и јас мртва ладна, е добро де бог да чува, што има врска, нормална работа си е тоа, прдни си слободно, не дека јас нешто ќе помислам. Ние уште од прв дејт либерте сме биле, на некои и после 3 години им е незгодно од прднување еден пред друг.
Ви текнува на муабетите : Маж е, ќе поќутиш. Ако му преречеш нешто, ко ќе ти ја удри една. Мажот, сака жената секогаш да е дотерана, за в кревет секогаш достапна и во кујна главен мајстор. Ќути, нервозен е, ништо не му зборувај. Маж е, сака коа ќе дојди од работа се да му е поставено на маса. Мора така и ќе седеш со него и ќе собереш се откако ќе се најаде. Ајде, среди се за него. Немој да ми кажиш нешто за себе ( пример имам депресија, анксиозност) ќе замине за друга. Не плачи пред него. Сака мажот ЗДРАВА И СИЛНА жена. И после жените не чиниме?! Ќе родиш, ќе гледаш деца, ќе погодуваш сегде и накрај ќе оди по други, па и уште правдање - маж е.
Чекај, ти глумиш оргазам за да ти даде пари гревниот??????? Па ти во случајов излегуваш нешто слично на бившиот маж, значи зошто си се омажила и сега за овој не разбирам? Уживај сама во слободата, што имам јас да барам и чекам од некого нешто. И не се сите мажи исти, не им е на сите приоритет секс, ве молам ако не сте налетале на добар и успешем маж, не пишувајте вака. @Spicy Senorita те поддржувам во мн мислења, ама тука не те поддржувам, зошто оправдувања сега за вакви жени? А мажите се ѓубре ако прават вака? Не разбирам која е потребата некој да биде венчан со некого ради пари, секс, па уште и да му глумам дека ме задоволувал????? НЕ! Треба да имаме живот во кој нема да се преправаме и криеме пред сопругот/та, за да има толку лоши мажи, потребно е да има исто толку лоши жени. Подобро сами да сте цел живот отколку со било кого или за да се каже дека имате маж и брак.
Јас сум родена и израсната во средина која потсеќаше на матријархат (некогаш во лоша форма) и донекаде феминизам, ама здрав не токсичен. Мене да ти кажам искрено, никој-никогаш не ме учел на вакво нешто. За мене е ова шпанско село, не знам што се дешава. Ама кога почнав да дејтам, а почнав на 18 години, сфатив дека мајндсетот е ваков каков што го опиша. Водејќи се од тоа како сум воспитана и дека буквално ќе полудам ако некој се обиде така да ме третира, јас не сакам брак. Дури и самата помислам на тоа ме ежи, за деца би била спремна можеби на 40 години, ептен се одржувам и досега никакви гинеколошки проблеми сум немала, па така знам дека ако се решам нема да имам проблеми. За врска, сакам да бидам во долга и исполнета врска со партнер кој ми одговара, ама гледам и сум уверена дека е претешко да се најди. Се е премногу сексуализирано, жената никогаш не била вака потценета како што е денес. Еден сексуален објект, ништо повеќе. @Mumoftwo30 Мислам дека не си ме сфатила. Јас не планирам да имам таков животен стил, ама пак од друга страна, не ја осудувам Адидас. Не е ни прва, ни последна. Ако успеала вака да се снајди good for her. Во брак си и веројатно не знаеш, дека нормалниот дејтинг веќе изумира. Се е сменето, ама некако на многу полошо. Неа тоа и било шанса, таа ја зграбила. Ако има последици, таа ќе ги сноси, ние нема што да ја осудуваме.
На работа првите два часа ни доаѓаат само стари луѓе, пензионери на кафе. Не ги сакам баш оти некои знаат и да претеруваат, но кога доаѓа еден дедо ми е ептен мил разговорот со него. Ми раскажува цело време за неговиот брак и фамилијата, но кога зборува за жена му по очите му се гледа колку е среќен и уште заљубен. Заедно биле 70 години, од кои 65 во брак. Таа живее сега во старечки дом и оди скоро секој ден да ја посети. За викенд и купува и цвеќе и омилените бонбони. Денеска го прашувам, како го помина викендот и среќно ми одговори: Фантастичен, бев кај жена ми и однесов букет и читавме весник заедно! Пак со истиот поглед и среќен израз на лицето. Си замина и останав размислувајќи дали и јас некогаш ќе го доживеам ова. Некој дури и после толку многу години да се возбудува кога ќе збори за мене, да не ме заборави ако ме пратат во старечки дом. Се растажувам кога одговорот ми оди повеќе накај не.. ние после неколку години брак со мм ја изгубивме жарта и желбата за искажување на љубов.
^ Ми се полни душата кога ќе прочитам за љубов меѓу стари луѓе која трае со децении а уште изгледаат како новозаљубени, иако денес некако се повеќе се деградира тоа. Доказ дека вечна љубов постои но само ако двајцата се трудат еден за друг. Буквално она што би сакала да го доживеам ако доживеам старост, не барам ништо повеќе.
Буквално никој никогаш вака не ми зборувал и советувал. Среќа па ти имаш повеќе свесност да знаеш дека тоа не чини и нема да живееш на тој начин. Што очекуваш од некоја која вика мажите се како плочки, како ќе ги наредиш, така ќе си газиш по нив?