- Што ти е, добро си? - ме прашуваат. (Не сум добро. Тажна сум. И вие би биле на мое место. Тагата гостин во собава е, најредовен, цела ноќ. Во солзи јас тонам. Ми недостасува тој, ми недостасува се негово. Болна сум, болна по него. Еве веќе две ипол години сум болна од таа неизлечива болест. Лек - нема, чаре - нема, нас - не нема, него - го нема. Нема ништо освен болката, тагата, љубовта, копнежот и она каење кое не сака да си замине. Ми треба тој, ми треба ведрина, тие сини очи, таа уста и таа прегратка. НЕ СУМ ДОБРО, ЈАСНО ВИ Е!?) - Ништо не ми е, добро сум! - ладнокрво одговарам.
Кој осетил како е тој само може дА ме разбере ! Кој осетил како е да заспива сама со јастук прегрнат.... јас тука тој таму.... аххх животее животе не измачи. ! проклета и тугина и пари и Македонија и живот и се ! http://www.youtube.com/watch?v=e5dh1CTYhVM
Замислете да ви отсечат рака. Ќе ве боли? - Да. Ќе крварите? - Да. Ќе бидете тажни? - Да. Ќе бидете целосни? - Не. Ќе мислите на болката? - Да. Ќе размислувате за тоа? - Да. Ќе можете нормално да функционирате? - Не. Ќе може нешто да ви ја замени изгубената рака? - Не. Истото чувство е и кога ќе загубиш драга личност...
Е не знам каде си го пишала, но се, а што има врска со тебе, тоа што го напишав? Или може си сакала да си напишеш, некаде, па си се предомислила.
Го спакував куферот, се е средено и подготвено за одење на факултет - Се освен јас !!! Едноставно е: Знае ли некој како се надминува оваа „Петар Пан“ фаза ?
Сум кажала и пак ќе кажам, што е со девојкиве?? Седам јас на Улица Македонија и се избацува нафурана типка со една или две другарки (не сум сигурна), сака да изгледа занесено ама ептен гази ко на јајца, се гледа дека не знае да оди на штикли. И се крши штиклата, падна на сред Улица Македонија, сите и се смееја. И за смеење е богами да ви кажам. Се изнасмеа и таа заедно со другарка и, се соблече боса и си продолжија. Кога ја гледам после некој саат време се враќа на нови штикли ама пак оди исто, значи не билo до штиклите.... што сакаш да постигнеш бе девојко? И тоа не е се, девојката носеше едно црно фустанче кратко ама бидејќи не беше залепено за тело значи буквално и се ѕиркаа црните гаќи и дел од задникот бидејќи беа полутанга. Девојко, уште шипка ти фалеше жими се, зашто правиш будала од себе?? Најтрагично беше што девојчето беше убавко и на фаца и убаво телце имаше. Замислете ја нормално облечена и средена колку погледи ќе привлекуваше. И вака привлекуваше ама во негативен контекст и со потсмев дури и од страна на напалените тинејџери, ама буквално никого не привлече. Што постигна? Направи будала од себе сред центарот на градот. И плус знаете што? Утре и нејзе ќе треба некој „мамо“ да ја вика. Срамотилуци, до кај се спуштија женскиве денес, буквално ни го срамат женскиот род. Ама најмногу не можам да сфатам зашто не мислат самите на себе. Не мора за срам од другите, за себе зашто си дозволуваат да бидат гледани со гадење, потсмев или пак како објекти. После се чудат, епа не се чудете.... што ќе посееш тоа и ќе жнееш. Се изреволтирав па морав да изнапишам. Ај добра ноќ на сите.
Саботна вечер. Најчесто ова асоцира на дискотеки, журки, алкохол... За мене, веќе подолго време, вечер посветена на излежување со премногу храна, чоколади, кафе... Не знам дали е до мене или па годините си го прават своето, ама попрво би се стуткала во ќебенце и би гледала филм (посебно на вакво врнежливо време), отколку да излезам и да лудувам до раните утрински часови, па утре да се разбудам со ужасна главоболка предизвикана од алкохол, чад од цигари или прегласна музика. Не знам. Едноставно не сум таков тип на човек. Пре би пошла во некое ресторанче со жива музика. Онака мераклиски да си седнеме, па ќе си каснеме, ќе се напиеме и сто пати поубаво ќе си поминеме за разлика од тоа како би поминала во дискотека, каде морам цела вечер да глумам колку ми е добро и колку многу се забавувам, за на крај да се` да ми дојде преку глава, да седнам и така нерасположена да се вратам дома. А сакам кога ќе излезам да вреди. Да не ми е џабе сето време вложено во средување за таа вечер. Денес не сакам гужва, луѓе, галама. Добро што не излегов, оти ќе убиев некој ако се изнервирав. И како за инат, во ваквите денови ме напаѓаат непожелни личности и морам да се правам дека слушам што имаат да ми кажат. А сакам да сум сама. И еве ме, конечно сама. Се стуткав во ќебенце. До мене чипсови, грицки, чоколадо. И не знам што попрво ставам во уста. Ама бидејќи сум слабичка, ми одговараат ваквите нагони за храна. Типичен ПМС. Не ми е денот веќе неколку години. Ама денес посебно.
Одамна немам пишано во темава, можеби година дена. Но тоа во моментов е најмалку важно. Чувствувам дека ми претстои убав период на повеќе полиња. Почнува академска година, конечно почесто ќе се гледам со колегите (оние што ми се драги, секако), продолжување на купот обврски што си ги имав во текот на целото лето и слично. Отсекогаш на почетокот на академската гледам позитивно и ја започнувам со многу ентузијазам. И не, не гледам на обврските како товар. Сакам кога цел ден сум со обврски и времето ми е исполнето. Впрочем тогаш повеќе го ценам времето, особено она слободното иако морам да признаам дека досега сум одлична во менаџирање на времето. На љубовно поле... Хм... Многу хемија. Да! После толку време некој почна да ги ми ги буди пеперутките во стомакот при секоја помисла. Некој што со својата енергија прави да се чувствувам прекрасно, сеедно дали е до мене или не. Нема да зборувам ништо повеќе на оваа тема сега за сега, бидејќи не сакам да избрзувам и да поставувам вискои очекувања. За она што не е во моја контрола ќе оставам на времето а за другото ќе ги земам конците во свои раце и нема да оставам се на случајноста.
Има голема врска, сакав да кажам дека за тоа што ми се случува нема лек, нема совет, ништо не може да ми помогне освен самата на себе. Не можам да си помогнам, а по форумов сум се распарталила со совети. Многу е тешко на моменти кога некому не можеш да му погледнеш во очи за да ја видиш неговата тага, очите кажуваат многу повеќе од зборовите. Извини што си се пронајдов себеси во твоите зборови.
Ќе си пукнам од мака и тага, синоќа дали намерно или ненамерно некој ми го зеде сакото од диското, не ни забележав кога го собраа.Ако е грешка му се молам од се срце да ми го врати, ако го украл да му се скрши раката оти ете толку си го сакав. Не можам срце ме боли, ми беше најубаво на свет.
Песничка: Ладно е надвор, ми смрзна газот, зошто уште ми трае ПМС иако добиеното ми заврши? Многу е ладно, седам завиткана со три ќебиња, и се осеќам како да сум се онесвестила,па ме земале вонземјаните и потоа повторно сум се реинкарнирала на Северниот Пол и од паралелен универзум и трета димензија сум станала смрзнато мрсулче.
Да не те обесхрабрувам на другарка пред некоја година во Тренд капут пред нос ни го украдоа од сепаре.И тоа не по грешка него тенденциозно украден пошо до фајронт останавме у диско да чекаме да видиме по грешка да не е земен капутот а оставен друг.Ни нашиот капут го видовме нит некој друг место него оставен видовме.
Добредојдовте во Маке(не)дојдија! - Каде љубопитните соседки ве озборуват позади грб, но во недела сепак ве канат на ручек во дворот. - Каде беспарицата - мајка родилка, пушта корени кои рапидно растат, окупирајќи ја територијата. - Каде утрата во градовите мирисаат на плин и бензин, наместо есен. - Во земјата каде уметниците така неостварено ѓинат под свиокот на жалните врби. - Каде една утринска шоља какао може повеќе да ви ја стопли душичката, отколку лажните бакнежи. - Каде депресијата ги впрегнала своите темни бои од палетата долж платното. - Каде сонцето свети, но сите ја прегрнуваат месечината. Списокот може оди до недоглед драги мои, но јас ќе запрам овде, со цел да не си го уништам овој неделен ден, а и вам исто така...
Да не е она од модни критики? Како да ти го подреков, баш сакав да те прашам од каде ти е оти баш такво барам одамна. ПС: За да нема забуни. Не сум јас крадецот.
Тоа Мими, тоа, не ми е ни за парите кои ги дадов, ми беше новко и ни една сезона не го износив, а барав такво со месеци, немаш поим колку бев среќна кога си го купив, за некоја глупача на крај да ми го земе.Жално е што 5 мин пред да забележам дека го снема го видов стоеше на закачалката и си помислив да го земам немој случајно да ми го земе некој, ама си реков ајде до мене е кој пред нос ќе ми го земе...никогаш не си слушам интуиција и секогаш ми удара од нос.А празно беше и околу нас претежно машки имаше, стварно не ми е јасно кој имаше храброст така да си го собере ич како ништо.
Колку убо се почувствував ко ја пуштив пеперутката од рака да летне, ја држев во рака, па пустата мирно седеше, ко да знаеше дека ќе ја пуштам и само што ја отворив дланката си летна кое некое убаво чувство ме зафати може смешно, но стварно е така.Ами од вчера ми е на гости, ми се пикна низ прозор и остана кај мене, па си прелетуваше, отворив прозор, нејке да излезе, па ете некако ми застана во рака и ја пуштив да си летка. И ко што некогаш реков, стравот исчезнува, кога човек ќе се соочи со истиот. А времево, растура, се уби од врнење па и тоа циклоните како ги крстат, смеа жива се, е тоа е до таму тргнал човекот и времето по име да си го вика Ок е нема проблем, те прашав оти ме збуни Човек мора сам себе да си помогне, има некогаш ситуации во кои можеби ќе бидеш оставена сама на себе, па ќе мора да се потпреш на самата себе, ќе видиш колкава сила поседуваш, само ако сакаш да си помогнеш себе си.Таков е животот, некогаш непредвидлив и не милосрден, до толку што ќе те натера да не се откажуваш од своето, за ништо на светов, животот е предрагоцен и вреди повеќе од се друго, но сам по себе ќе те научи, натера да осознаеш некои работи, со други зборови, ќе ти ги отвори очите.И, ете сеа гледаш пишувам, ама убаво се следам шо зборам, нонстоп се преслушувам, морам.
Силата ја црпам од самата себе, ама зошто попуштам на нечии солзи коишто не вредат нии 5 пари, ех животецу. СДК на моменти сум помала од маково зрно, а знам дека не терба така.Ама кога ќе добијам сила супермен не ми е равен. Гордана овде не има разни и затоа велам сите сме силни на збборови, ама кога самите сме во прашање???????????????? Ни нема спас.