Си начекала попуст затоа било така. Истите попусти што ги има и кај нас и кај што има работи за буквално 500 денари. Навистина не знам што е поефтино од зара кај нас. Котон, ваикики можеби, ама тоа е тоа. Дури и обични локални бутици се поскапи. Навистина не гледам како може зара да се смести во скапо кога по дефиниција е брза мода. Ете освен ако не отидам од Скопје во Пехчево да пазарам стварно не сфаќам која продавница би ја нашла што е драстично поефтина од зара. А и кога ќе се направи математиката, која е поентата да земам панталони од не знам - 600 денари, ако ги носам 5 пати и се искинат?
Ме насмеа малку искрено. Иначе ништо чудо да е од вирусот. Мистериите на Универзумот < Мистериите на Ковид
Сдк, најголем проблем кога сум здебелена е што не ме собираат алиштата. Кога велам алишта, мислам купени од Македонија, од македонски конфекции, дури сеуште постоеше гтц, пред да му тиит матер. Имам сако што го носам активно мање више 20 години. Сега би го купила веројатно за 1500 денари. Првпат видов од носење да се распадне блуза, купена од странство, откако се преселив. Толку на темата брендови и квалитет. Морам да ослабам значи
Бидејќи работам втора смена пазарам од сабајле, и тоа пред појадок и кафе бидејќи сакам да ми се тргни таа обврска што побрзо, значи околу 10. Повеќе ми одговара и дека само јас и пензионерите сме претежно па попразно е в маркет (Веро и Кам имам в комшии). А за колку често, обично два пати неделно, ама гледам да не е за викенд, бидејќи тогаш некако многу повеќе гужви има. Пазарам непланирано, тоа што ќе се погоди да ми треба во моментот, бидејќи живеам сама.
Знаев дека постојат идиоти на фејсбук ама страшно е колку ги има што не знаат дека постои силување во брак.
Да, да, и во локалните бутици негде е поскапо од Зара, јас имам начекано во Зара фармерки за 600, 800 ден. последни бројчиња, има и ефтини работи и скапи, ама и во Зара има некои работи што не се баш квалитетни, едни панталони од едно носење ми се направија топчиња/упки, а накај 2.000 беа, може така ми се погодиле, има работи што се скапи а не вредат.
Спас од тие топчиња знаеш ли? Јас иам неколку партали здрави прави шо имат такви топчиња и незнам шо да им праам. Гледав на интернет се продава една као машинка е за отстранување на тие ама незнам дали стварно ги вади сите или само реклама е.
Незнам спас, освен со лепак еднаш пробав на џемпер ама тешко, другарка со брич проба хаха, ги бричеше џемперите. И јас имам слушнато за тоа, дали е ефикасно незнам, приметувам и овие јакниве со крзно што се внатрешно и на џемперите така се прават топчиња. И мене ми се нови, од едно носење топчиња, работава е само за 1 употреба, комшика купи тренерки незнам од каде Најк 100 евра на попуст топчиња и се направија, никаков квалитет, затоа сакам микрофибер тренерки.
И успеа ли барем со бричот?? За да знам дали да пробам и јас Сеа ќе неможам да заспијам додека не пробам.
Ех што ќе успее со брич, малку само, треба цел ден со тоа да се бавташ, мене ми е страв да пробам, ама со постар брич тап, со нов можеш да исечеш и бетер беља. Ова за џемпери подебели, инаку на оние ролкине потенки тешко. https://mystoremkshop.com/product/отстранувач-на-топчиња-од-облека/ За ова ли кажуваш?
Бев низ центар , почнале попустите за блек фрајдеј , а од сите продавници ТЕДИ најозбилно си сфатиле и намалиле многу производи на 1 евро, ефтинија Градот кај и да е ќе почнат да го украсуват, донесени се тие дрвените куќички за Божиќ. Денес цел ден тмурно, ладно времево со дожд. Е ко ќе влезеш у некој трговски почнува да се осеќа божиќната атмосфера полека полека ..... А тука ќе биде Божичниот маркет ко сликаат за разгледници и по нетот ко ставаат слики од Божични маркети....уште не е украсен, ама ќе биде полека.... Здравје нека украсат, па ќе ставам апдејт , ептен ми е убав периодот околу нова година и Божиќ, се радувам ко мало дете
Абе, од кога до кога е овој black friday? Прочитав дека е на 24 ноември, ама повеќе денови или еден ден е или како?
Искрено не знам од кога е почнат, ние во петокот минатата недела се вративме Германија . Оти ги исфрлив дел од мебелот, па порачував нов на нет. Отто ефтинија , за 25 евра теписи за у дневна у спална соба порачав, телевизор Блаупункт , тросед , маса и столови за у трепезарија , прекирвачи за у спалната , нови перници за спиење. Се е намаление од 50 % до 70 % ефтинија ги начекав онлајн. Чекам и нешто гардероба фармерки, зимски јакни, пиџами , патики за мене и за маж ми , нарачавме па да се подновеме пред празниците. Гледам намалиле и електроника, мобилни, лаптоп такви ствари , толку ефтино , за џабе, маж ми гледа да купи камера за да стави на колата.