Искрено, многу ме брукаат македонци кои испод слики, видеа, тиктокови и сл. за Македонија, во позитивен контекст и од страна на странци, ќе коментираат ствари као "Not North, just Macedonia!" или некое слично неповикано вметнување на политика. И потоа во коментарите се надоврзуваат еднакво прости луѓе кои викаат дека е Грција/Бугарија и така цела дискусија и препукување. Као прво не им е гајле, како друго не е битно. Нека остане фокусот на убавото нешто што е во видеото, нека се промовира малку Македонија. Зар вечно мораме да го држиме статусот на држава со комплицирана политика и напатен народ.
Се чудам зошто и јас не стапив во брак уште на 25 години. Гледам, младиве сите се мажат, на 20,25....
И ми се збора и не ми се збора во исто време.... И да би зборувала, немам со кој. А и не знам на која тема. А и да имам со кој не би знаела што да зборам... Дали ќе кликниме на темата. Ама па ко ќе ми текни јас сум стварно идиот од човек, шо значи би се контрала до коска. Шо значи и да ми кликни темата ја ќе а отерам у ќор сокак. Ко ќе се подзамисли па јас не познавам поконтрадикторна личност од себе. Шала на страна, понекогаш си се чудам како издржувам само со себе. Постов ми е каша попара, како и моменталната психолошка а богами и физичка состојба. Колоквиумска се ближи, пмс дојде непоканет. Немам некоја посебна реченица шо би кажала, ама па да си кажам. Ќе си умрам на млади години...
Кога го видов со друга ...како ладен туш да добијав......а го сакав со години ...што друго да си кажам освен што не бил за мене ...пишано било со друга да си се гушка сеа. Колку само би сакала да сум на нејзино место сега ...не е свесна колку среќа има само. Зошто ли само не беше за мене не знам ..дотолку ли сум немала среќа . Вие сега си се гушкате заедно ок. Сакам да престанам да мислам на тебе веќе...сакам да те блокирам да не ве гледам заедно ..ама неможам .. Зошто господ не те остави со мене ..туку со неа.. Ок ај бидете среќни вие..јас сум навикнала на разочарувања и само разочарувања .. Ме чека ли и мене некогаш обострана љубов вистински некаде или не ...или само ќе се разочарувам одново и одново. Кога ли ке ми се усреќи мене никогаш валда. Ви посакувам убаво да си поминете заедно ..убав викенд...штом сте се засакале уживајте во љубовта толку можам да кажам .....кој си ја нашол среќата нека ужива во неа...кој не нека брои овци. Поздрав до вас уште еднаш нека ви е со среќа во новата врска... мора да ви е многу убаво заедно сигурна сум.
Не нaучив, вo ниту еднa книгa не прoчитaв, вo ниту еден филм не видoв, кoлкaвa убaвинa имa вo тoa дa јa гледaш сaкaнaтa кaкo спие. Oрхaн Пaмук
Како се објаснува во психологијата кога ако некому му кажеш дека не ти се допаѓа неговото мислење, однесување и менталитет, истиот тој те нарекува љубоморен, искомплексиран, неизживеан, слабак, ваков, таков, онаков?
Нарцисизам или егоизам поради кој се јавува дефанзивен механизам ради потешкотии во прифќање на критики. А можеби и ако во развојниот тек на личноста во опкружувањето не наидувал/а често на критики. Во секој случај незрело постапил/а. Ова е лаичко мислење али така ја би го истолкувала.
Па не сите влегуваат во брак на 25 години или под 25 години. Еве и мојот пример имам 27 години не сум во брак. И во брак може да се влезе од различни причини, погрешни или непогрешни, секој со неговото согледување и неговоте морални гледишта, и различни ситуации. Според мое мислење не е само да влезеш во брак битно е каков човек бараш. Има еден цитат кој многу ми се допаѓа и ме води поврзан за љубов ќе го цитирам. Не сакам да живеам во светот каде луѓето не бараат љубов, туку совршен партнер иако тоа е индивидуално.
Оризот од Кам полн црви. Не знам чива вина е и не дека ќе ме отруе црв, ама апсолутно тој што го пакува треба малце да запази стандарди. Оти на инсектот (не знам за кој се работи али во нормален свет се испитуваат вакви работи) му требаат соодветни услови да положи јајца и да се изведат во ларви. Температурата е еден од нив. Ако го чуваат на топло, е ќе фати црви
Во последно видов слики по фб и кај БРАШНО ЖИТО ЛУКС, СУПА НА ПОДРАВКА СО ПЕТЛЕ! Аман од негрижата за други луѓе се гледа само ПАРИ
Многу промени се случија пост - короната, повеќето на полошо, ама дефинитивно една од најлошите промени се QR менија во рестораните. Не знам кој го измислил тоа решение да морам да скенирам мени, ама поглупо нешто нема, нема и не ќе се роди.
Баш пред некој ден сакав да помрчам за ова, помислив дека само мене ми е многу глупо , дај ми мени како што личе да разгледам убаво, ќе скенирам на секое
Од толку патологии кој веќе да памти. 1000људи, 1000патологии. Нарцисоидна патологија = ходајуча несвест ваљда. Мада и нарцисизмот и патологиите денес колку што се нормализирани и се бон-тон понашање кој знае дали сеуште може легитимно да се наречат патологии. Има исто слична патологија за луѓе што кога им даваш до знаење дека не се во право до толку ја извртуваат ситуацијатата/во нивната глава толку убедени во својата халуцинација дека упорно ти им грешиш и ги напаѓаш, за да изиграваат жртва, т. е легитимно се сметаат за жртва. Што и дијагноза да е во прашање, лекот е држење понастрана х3пати на ден, со можност и во комбинација со планински воздух.