Современи демек се, дигитализирани, 21 век.. Интересно им е очигледно да си скенираат на некои луѓе. Со тој кодот више аман, толку исфорсирано нешто. А стариве како ќе скенираат, ако одлучат скроз да ги укинат хартиените/пластифицирани менија? Многумина од нив не знаат шо е тоа QR код, го мешаат со бар код па и не сите телефони имаат инсталирано во системот. Или со Мој Ддв апликацијата ќе мислат се скенира? Шо, ќе ги тераат да инсталираат апликации или "ај чао, идете си од ресторанот, немате привилегии да сте наш гостин". Ко шо знаат нељубезни и незаинтересирани да се кај нас од персоналот, не ме чуди ништо, ќе се замараат они со објаснување на цело мени, некои и не го ни знаат, секакви ги има. Дефинитивно е небулоза ова, и скроз непотребно замарање. Одредени работи стварно нема потреба да се дигитализираат и треба да си останат такви какви што си биле од секогаш, изворни.
Мене ми се чита кур код Инаку пред две недели баш бев во Рустикана и таму им е вака со код. Па везе немав на телефонот каде има опција за скенирање па апликација симнував па така дур стасав да нарачам ехее.
Кој левел на laziness е да користиш електрична четка за заби чисто ме занима?? или можда има некоја јака причина зашто е подобра од обичната четка за која што не знам, плс нека објасни некој.
Хахахахах, затоа ти коа ќе помислиш на кур, пишуваш qr или така нешо? Демек покултурно делува. Тоа викам, како ќе се снајдат пензионерите, ќе се малтретираат и ќе им се одјаде. Не дека комплицирана работа е ова ама зашто да се замара човек коа може на нормален начин да отвори мени. Може и си немала таква опција на телефонот, знам дека сите немаат, ако е постар Андроид сигурно нема. Иначе горе у она што се влече, кај шо се flashlight, bluetooth, location, таму обично стои тоа. Еве ја коа немав, скенирав со апликацијата Camscanner. Ејј за едно јадење, триста процедури.
Се прашувам каде ли заминаа моралот,културата,почитувањето помеѓу луѓето кои ти се чини ,како веќе одамна ги нема....не само на Балканот,туку и било каде..Зошто се повеќе егоисти,кретени,луѓе кои секој момент можат да ти забијат нож во грб,наместо да ти помогнат,да се бар малку искрени...Луѓе на кои најбитната работа во животот им е само за себе да гледаат а други како да не постојат..и тука се само додека им требаш... Зошто се вели дека човекот е роден слободен,а околу тебе се само слобода не...се плашиш да кажеш било што,од страв како ќе реагира оној до тебе....дали ќе те осудат или ќе те пофалат... Зошто како дете си толку исполнет и среќен со надеж за подобро утре,а кога тоа утре ќе дојде,над тебе како да надвиснал темен облак кој никако да си оди ,ти се чини као да нема крај на целото зло кое од ден на ден како да станува се поголемо... Секој човек ги знае тие работи,а никој не сака да промени ништо....и така скоро е 2024 а наместо да прави човек планови за подобро утре,тој само посакува и се сеќава на некои подобри времиња....
Не ти треба посебна апликација за скенирање кур кодови. Со таа на камерата кога ќе ја отвориш, ќе ти го покаже линкот.
Каде каде попрактична е за чистење на умниците и за задниот дел од забите. Откако користам електрична поретко имам потреба од пескарење и чистење на забен камен. Ако не се лажам и со студии е покажано дека за одреден процент се намалува можноста од забен камен и кариес со електрична четка. Можно е со правилна употреба на обична четка да се анулираат разликите, но мислам дека е полесно да се биде конзистентен во миењето на заби со електрична, него ли со обична четка.
Јас имам силен гаг рефлекс и широк јазик и тешко ми е долните заби да ги исчистам од кај јазикот без да гагнам со обична четка оти како мрдам со четката го бутам јазикот. Се случило неколку пати и да повратам сред миење. Планирам да си земам електрична.
Вчера, исто како и минатата година на истиот ден, најдовме еден куп долга коса набутана во ауспухот од нашата кола. Што треба да значи тоа (освен дека има мрднат чоек у маало)?
Значи опасност по живот. Најчесто преку ауспухот на постарите возила има и честици од горивото што се исфрлаат, па може брзо и лесно да се запали и да се настрада. Ова е за полиција.
Ако паркирате во свој двор, може да значи да си ставите камера во двор. Или да си најдете гаража. Секакви будали држи земјава
Седам надвор на сонце , да искористам виделина, заедно со Сивка, маалската мачка... Колку е питома , постојано сака да се гали.... уживаме во заедничкото друштво..
Во двор ни е, и да, после вториов пат дефинитивно се решивме во теков на неделава да ставиме камери. Првиот пат мислевме некои деца нè заебаваат, ама сега веќе ептен језиво е. Ама апла на истиот ден ко минатата година. Некој изиграва Мерлин магионичарот, а не можам да погодам кој е зошто цело маало е такво блесаво, може да е било кој.
Подобра е со причина. Многу поубаво ги четка забите и ги вади остатоците од храна. Мене не ми се трошат пари на електрична четка, но секаде имам прочитано дека ако носиш протеза (јас носам), се препорачува електрична четка. И ми има логика некако, обично електричната четка е помала и може секој заб индивидуално да се четка и убаво да се исчисти.
Едвај чекам да дојде периодот кога ќе си заминам од земјава, дури не можам да додржам од што имам голема желба, одвај издржувам а има да се издржи уште одреден период.