Многу добра споредба. И бекграундот е ист дури, или форграундот... хормони ли се хормони, сакам да кажам
Ако има некој психолог на форумот ...или има познавање од психологија...да ми пише лп ...ми треба разговор
Ами така де, џабе бате ти се дуеш како балон ако немаш едно кафе да платиш на женската или ако не си способен фамилија да гледаш. Таквите надувани може да поминат само за една вечер.
само неколку секундно или ај нека е едноминутно полнење на корнетот со сладолед и толку од магијата...после место брак настапува мрак
Сакаме искреност која не ја даваме. Сакаме отвореност за која не сме спремни да ја прифатиме. Солзите ги сметаме за претерана емотивност, а нечие дерење или дрскост за карактерност, а се две исти работи. Сакаме прошка, а не сакаме да ја дадеме. Сакаме искрени пријатели, а не сме искрен пријател. Не сакаме да ни завидуваат блиските, а завидуваме. Сакаме да ни ги исполнат критериумите, а колку ние ги исполнуваме туѓите?! Сакаме многу, а нудиме малку. Сакаме да не разберат кога сме презафатени, ама се лутиме кога немаат време за нас. Сакаме да ни кажат се, а не сме подготвени за себе да кажеме се. Сакаме да ни судат благо, а судиме строго... Сакаме за го видат нашиот раст, развој и промена, а не сакаме да го видиме туѓиот. Да одиме на психолошка проценка, ќе завршиме сите со - просечна личност со инфантилност. Лоши сме. И тоа е дефинитивно. Импулсот е да помогнеме на послабиот. Тоа е ниво на свесност што е нормално. А колку сме над просекот за да видиме повеќе?! Да престанеме кога е доста. И да видиме каде ни почнува егото, а каде е вистината.
Во низа. Ама ... ете. Ова, е токсичен пример: Ок. Кога некој некого тепа, навредува без причина, загрозува. Ама за жал, ова е секојдневие на секој втор кој глуми повреден од зошто си му рекол добар ден, место здраво. Ваквите објави само дохранија скршени срања од многу трули личности. А можда и вашето отсуство е нечија награда, не сте помислиле на тоа?! Сте ги спасиле другите од себе си.
Сакам да кажам дека (скоро) сите знаат дека во древната игра на Маите, Пок - а - ток, онаа каде што со колк удираш топка и треба да ја протнеш низ тоа дупчето. Еве, оваа, на сликата. Spoiler: Пок-а-ток Дека губитникот е жртвуван во чест нa боговите. Она што, бар јас лично не го знаев, а тек денес го дознав е што се случува со победникот... На победникот уствари му се става од тие големите пирсови на пенисот, и после има право да ја избере било која девојка, и ожени. Значи Маиве да ти биле тешки садисти. Или се жртвуваш себе си, или го "жртвуваш" "пријателот". Тешка дилема.
Во последно време нонстоп налетувам на ова: "The days are long, the years are short. People wait all day for 5 o’clock, all week for friday, all summer for winter, all winter for summer, and all life for happiness. Be thankful for each day. Take it day by day and enjoy what this life has to offer." Колку добро скоцкано сето она на што размислувам веќе долго време. Мантра, at this point.
Сдк дека освен садови шо мразам да мијам, најмногу мразам да ја чистам рерната. Се извалкав цела ко свинче. Ама сега е цаком паком.
Затоа си купив и мини шпоретче, па многу побрзо се чисти од вградената фурна која е со дупло стакло па и кога ќе се замагли се расшлакува, а и многу побрзо ми пече од фурната, душата му ја извадив уште не цркнало хаха.
@Adidas888 Се пријавувам и јас во мразачите на чистење шпорет. Ај тие класичните видови ми се ок. Ама овие со стакло одозгора ми се смрт. Да пазиш какви средства користиш, па да пазиш како бришеш. А внатре што да ти кажувам. На два дена ја чистам рерната. Лом се правам.
Купете си мини шпорет, мене на плотната од ич ништо, само варев макарони уште на почетокот, ни ми претекоа, бели флеки ми се појавија, со какви не средства пробав не се чистат, и со тоа ножето пробав, џабе.
И јас си имав мини, ама од шо иам добра душа го позајмив на една пријателка, нејзиниот се расипал па плачеше дека нема шо да им направи на децата да јадат. Ќе го вратеше, ама почна со таму е ваму е, да го исчистам да го направам дрн дрн и не го врати. Епа веќе ни влакно од главата не давам.
Само во Македонија покрај фул опремени кујни за готвење мора да се купи мини шпоретче или да се направи летна кујна на тераса. Никогаш не ми бил јасен овој феномен. Имаш кујна, користи ја, за што иначе ги правите, за украс?
Aко се има услови за летна кујна зошто да не? И зошто мислиш дека само во Македонија? Има многумина што имаат простор само за гости со фул опрема опремено, кујна, мебел, трпезариски маси, тоа е посебен простор во дворот целиот со стакло, внатре со камини, еве газдите на некои фирми што ги познавам го имаат тоа, мислиш на нив гајле им е за фурната и плотната? Секој сонува за такво нешто, и незнам дали летните кујни или како да ги наречам ги рачунате за прчвара? Збориме за фул опремена кујна. Ај пржи риба внатре. Ни аспиратор ни ништо не помага. Пишав за мини шпоретот дека многу побрзо ми пече и побрзо го чистам, и тука човек да неможе мислење да пише.