За во стан или куќа ова? Ако е во куќа со двор ок е летна кујна За во стан со секојдневно умирисување не. Демек дома да не ми смрди, други нека трпат. Баш еднаш излегувам на тераса и корнеше на лук и кромид. Ама не оној пријатен мирис на лукче во зготвено месо него факинг одвратно беше, да ти се приповрати. Битно дома нив не им смрдело.
Не бе, секако за во куќа, кај во стан, зборам за заградено. Ама и од аспираторите смрди по згради, кога сум одела негде на гости цела зграда мирисала, епа треба да не се готви хаха. Инаку имам од пријателите слики, не сакам да ги ставам тука, може се на форумов и некој да се препознае, целите се со стакло заградени. Е да таков непријатен мирис и јас сум осетила, што велиш не на убав мирис, на одвратен. Инаку стварно во стан е претеризам мини шпорет на тераса.
Не рипај одма, човек не може мислење да си каже? Не ми е сфатливо зошто дупли трошок за кујна, кога веќе ја имам и ми е опремена дома. За користење ја опремувам, не така да ми седи и да ми биде жал за плотната или рерната што се извалкала, ќе се исчисти. Не ми требаат вау летни кујни со стакла или камини за да се прчам пред гости, такви луѓе што прават работи само за чалам не почитувам.
Не е чалам, ако се има простор во дворот и во куќата да се има по 2 кујни зошто да не, па и во "летната" кујна имам фурна и плотна, а и од кај знаеш кај ми е мини шпоретот. Не ми е на тераса, кој како си ја наредил така ќе си прави, кој може да си дозволи трошок зошто да не. И не е чалам, мене така ми е убаво. Кога правам кифли печам и во мини шпоретот и во фурната, многу побрзо ми се печат во мини, во фурната како одвратени ми се зошто има процес на ладење и автоматски се уклучува, ако де готви си во кујната, никој не ти дошол дома. Да, сигурно не сакате лично за вас да ви е убаво прекрасна "летна" кујна, сите сонуваат за такво нешто. И летна не е во буквална смисла надвор. Па и мене ми е дома внатре не ми е надвор. Сите прават сега така ако се има услови, доле цел спрат им е разотворен со кујна, дневна и трпезарија, и горе си имаат и кујна , купатило и спални, доле гости за слава, именден, не зборам за нон стоп гости таму, ете за поводи, повеќето кај што сум била имаат по 2 кујни, 2 купатила, ништо страшно, само услови да се има.
Темава се вика „Сака да кажам“, си пишав мислење. Што се најде толку засегната да се докажуваш? Мене секогаш ќе ми биде нелогично да имам две кујни, а да користам само една. Па ти ако сакаш и до утре докажувај се.
Значи дај ќе ве молам не пишувајте вака сакате човек да се мачи да ве прочита па глава ќе го заболи од немање точка запирка и така натаму стварно едвај ве разбираме и некогаш намерно ви го скокаме мислењето и на крај ќе си бидете недочитани ко вие мене што сигурно не ме дочитавте сега ај убав ден поз отидов да јадам....
Сакам да кажам дека ако некој не се согласува со нечие мислење, одма се скока, зошто е тогаш форумов? И тоа едни те исти, форумските идоли.
Јас пак, извинете само да прашам- абе дилаат негде дрога на форумов или втф... оти се почести се некои мислења
Баш дека е форум, место за дискусии. Дека некогаш се претерува, се претерува. Ама, не може сите да го мислат истото како тебе. Различни луѓе имаат различни мислења. Кога нејќеш да те цитираат, пиши си во СДК без цитирања бидејќи во таа тема е забрането. Во оваа тема не можеш да избегнеш реакции.
Во Мк имав мини шпорет на тераса, ама не готвев. Си стоеше така додека не и го дадов на една комшика. Имав комшии кои готвеа на тераса за да не им мирисала кујната. Излегуваш на тераса и мириса на запршки.
Алудираш на некој? Мислам го знаеме сите кој е. Спојлер СЕ МОЛИ ГОСПОДИНОТ ПАЦИ КОЈ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗДРЖИ ОД КИЛОМЕТАРСКИТЕ ПОСТОВИ ДА ПРОБА БАРЕМ АКО НЕ МОЖЕ ДА СКРАТИ НА ЗБОРОВИ, ДА КОРИСТИ ТОЧКА НА КРАЈОТОД РЕЧЕНИЦАТА, А НЕ ТРИ ТОЧКИ И ДА УПОТРЕНУВА ПАСУСИ СО ЦЕЛ ДА НЕ ПОШТЕДИ ОД МОЗГАЊЕ И ГЛАВОБОЛКИ ЗА ДА СФАТИМЕ ШТО САКАЛ ДА КАЖЕ АВТОРОТ, А И ДА УСПЕЕМЕ ДА ЈА ЗАДРЖИМЕ КОНЦЕНТРАЦИЈАТА ДА ПРОЧИТАМЕ ДО КРАЈ, ЗА ДА НЕ ГИ ПРОПУШТИМЕ ВАШИТЕ МУДРОСТИ. ВИ БЛАГОДАРАМ НА РАЗБИРАЊЕТО, СО ПОЧИТ. (без навреди Паци, озбилна сум, не ти солам памет ниту ти се мешам у стилот ама стварно пробај да го смениш ова). Тајна. Ама читај меѓу редови и ќе сфатиш. Почнало предновогодишното лудило, ај, само за арно и за убаво нека е.
Ај нека се јави сам дилерот, не е фер вака да го издавам. Он језда си сака клиенти да си собере ама сепак.
Борба со кучиња ги прават луѓе што им е мало куренцето. Луѓе што преку нивните кучиња ја покажуваат нивната сила,која тие никогаш нема да ја имаат. Освен со оружје,и нечесни игри. А институциите го отвориле шупакот за пари како шахта со изваден капак на Партизанска.
Колку само ме боли душата ...колку се изгорев сама ...си велам камо назад да го вратам времето ...да ме спречеше нешто да не го сторам тоа зло ......сама отидов се фрлив во оган (сама отидов кај тој доктор) Наместо да бидам среќна..јас сум разочарана ...патам .....таква ми била среќата .. Морам да си пишувам на форум да си олеснувам душата секојдневно ...
Добро би било на Нетфликс после третата изгледана епизода без прекин да се појави прашалник- Дали имаш свој живот? мене лично многу ќе ми помогне да исклучам и да станам…