Што е финтава со ZARA на Black Friday и турканицине, па да е бесплатна облеката и плус 100€ на влез да даваат не би влегла да се бутам со руљана.
Да. Другарка ти можда ја правела и за Божиќ, католиците јадат и имаат месо("непосно") на Божиќната трпеза.
На темава, сакам да кажам да тИбам Блек фрајдејот, бел ден да не видам, да ми се одземе куповната моќ под хитно.
Кај е сега free the nipple темата кога ти треба. Имам ствари за кажување. Ова само овде ќе го оставам, ми се појави во предлози. Да речам дека е просветлување е мала ствар. Успат си запалив и свеќа, и сварив чај. Значи просветлење до максимум. Топло препорачувам, сестри ослободете се и просветлете се и вие!
Вечер за прв пат на своја кожа осетив што значи тоа како животот може да се смени во секунда. Татко ми го оставивме на интензивна, секунди беа во прашање. Сакам утре да се разбудам и ова да било само кошмар. Само убави вести да слушнам. Господ на никој да не дава..
Иначе Thanksgiving day(денот на Благодарноста) е ден што официјално ја започнува празничната/Божиќна и (пред)Новогодишна атмосфера во САД (со се Black friday, кој е ден веднаш по Thanksgiving). Има слатко-горчива историја поради тоа што првичната намена е поврзана колонизација на домородното и нативното население во Америка кое било колонизирано( благ израз) со пристигнување на колонизаторите во Америка. https://blog.nativehope.org/what-does-thanksgiving-mean-to-native-americans Но денес семејствата, вклучително и дел од домородните кои си имале сличен и пред доаѓањето на колонизаторите, го слават како ден кога се собираат заедно на трпеза заедно, и во чест на Благодарноста издвојуваат нешто за што се благодарни од претходната година, во животот или случки од кругот на најблиските и семејството.
Само да кажам дека за најавиве за снегов по којзнае колку претходни неостварени, сум ладна ко Снежна кралица, а одвнатре потајно вриштам ко мало дете од 5години и едвај чекам. Како и да е, whatever.
Исто така и факинг глупа и без мозок и заслужува да ја чукнеш по џеб и пратиш во затвор Ебати способноста со што се фалите. Не ги "фаќало" од една-две чашки. Полиција и правда надам се ќе ве фати побрзо.
Ќе биде исто така "силна" кога некој друг ни крив ни должен ќе настрада поради неа, и на крај пак ќе се извлечат, немаме правда, незнам што прави полицијата, а бе одземи им возачка.
Мора да си простиш. Седни и земи пенкало и тефтер. Пишувај, што те мачи, што се десило, како се осеќаш, што мислиш. Биди искрена и "зборувај" сама со себе како да разговараш со друг. Твоите емоции и мисли послушај си ги како некој друг да ти ги кажал. Имај разбирање кон нив. Биди нежна кон нив. Си направила што си направила, човек си, правиме грешки. Прости си за грешките. Биди милостива кон себе. Прости си. Ќе биде океј. Со лесно и се надевам дека утрово си добила најпозитивни вести!
Од вчера почна да се споделува видео од Србија од 1981 година, прво го видов објавено од српски сајт па почнаа да го објавуваат и нашите. На видеото деца кажуваат дека биле тепани од родителите и што мислат за тоа. Претажно, а коментарите трагични.
Се прашувам дали само мајките останаа на форумов или има девојчиња за дружење по темите за фитнес и одржавање тело,лице итн… Девојки отворив тема за протеински десерти! Никако да живне темата или да се избрише!