Па и мајките можат да се интересираат за фитнес и за одржување тело и лице, и обратно девојчињата да не се интересираат. Ете некои вежбаме ама не користиме такви протеински додатоци, ниту па десерти, ја искрено неам ни потреба. Порано поактивни беа во тие теми, постираа, сеа ги нема.
Па ги нема тоа ми е зборот а е многу од корист. Гледам све теми за мајки бебиња,свекрви што уште не каде што неможам да коментирам да дружам.
Ете го снегчето конечно. Се радувам ко дете и сакам повеќе да заврни да се види бело, иако зиморлива сум. Ама и брзо ми здосадува ако остани дооолго време, убаво е да гледаш додека паѓа само.
Толку многу твое има во мене иако одамна не сме заедно, го негувам сѐ уште и нема горчина во него. Твојата тишина ме научи да ја носам само убавината од минатото во себе, но понекогаш само недостасуваш малку повеќе, но се навикнав и на тоа некако.
Дај нека заврши блек фрајдеј оти ќе банкротирам Му викам на маж ми , дај речи СТОП, он ми вика : штом ти прават мерак стварите купи се што ти сака душа. Цела сум подновена, од глава до пети за ефтини пари, по 15 евра патики, 20 евра чизми па купив по 5 пара да имам и чизми и патики , а не знам и дали ќе ги облечам сите, зимски палтиња по 25 евра за мене и маж , разни споредни ствари ракавици, шалови, долен веш , шминки , депилатор , термо фармерки .....од се по 3 -4 пара да имам да си ги менувам, дуксерици ефтини у сите бои, бреееј ефтинија аман боже, пиџами божиќни си правам бајрам со мозокот, ама морало и такви да се купат И не само алишта и обувки, туку и за по дома сервис чинии, теписи , троседот стаса, телевизорот, регалот за у кујна , прекривачите у сите бои по ред , мислиш ко у хотел дома ќе средувам се у иста боја да одговараат и перници и прекривачи , ортопедски перници за мене и за маж ми оти цело време се жалевме со здрвен врат сме па сега е моментот , па маж ми за него разни алатки за поправка по дома, па средства за одржување на колата , трпезариска маса, столови црно со сребрено , сакам да се осеќам ко у кафич ....и друга ланци тракатанци , куфери начекавме ефтино и ајде и тоа се подновивме..... Жими се најмило, ептен се потрошив , ц ц ц , дај нека заврши месецот и доста беше блек фрајдеј. И да, работиве што ги начекав сега на попуст држат бааги висока цена во нормални денови. @Amellie13 тука заврна снег, таман да ги испробам чизмите Врти една перална да се исперат една тура ствари па да пуштам и друга перална. п.с. Преска излеговме на ручек у градов и погодите што .....на излогот пишале 27 евра патики СКЕЧЕРС , аман боже , а веќе имам 5 пара други купено. Ајде нека завршува блек фрајдеј , аман нема крај на попустиве
Во зграда на 5ти спрат, во станот до мене живееше една девојка која ја гледав често како вежба. Еднаш ја видов како влегува во зградата заедно со мене, цела црвена и задишана од трчање, и тоа лето беше, и наместо да одмори, она почна да шпринта по скалите нагоре до 5ти кат. Јас бев воодушевена, посебно како некој што мрази, мрази Мрази трчање и не се чувствува воопшто убаво при истото + вишок кг + астма која се влошува од физички замор. Реков секоја чест, јас точно никогаш не би направила така. Можеби требаше во минато време да користам во речениците затоа што јас, Срцка28, денеска трчав на трака во теретана... и не беше лошо. Си запишав цел да почнам да трчам, прво од инат на себе затоа што еднаш реков дека никогаш нема да трчам во животот (да излезам од комфорт зона) и друго, затоа што се обидувам да изградам доверба со самата себе - ако нешто замислам, можам да го направам колку и да ме предизвикува. Значи... горда сум на себе, иако е само day 1.
Ќе си се навикне човек така сам, на самотија, ко куче скитник... Па кога ќе се појават некои си таму, пеперутки, во стомак, чудно е. Невообичаено. Ја крши монотонијата. Го нарушува мирот. Заљубеност е тежок и голем збор за да ја опишам мојава ситуација, се надевам не е. .. Ама па и ако е, со Господ на помош. Амин.
Онаа психологија кога е толку небитен/а, па мора патолошки да измислува и извртува ситуации да си се убедува како сите го/ја напаѓаат и се замараат со него/а, а уствари никој никој не го/ја ферма ни 2 посто. Абе иди бегај туго- несречо, ходајуча несвест, слеш комплекс, шо и да си.
Си седам и сматрам ситуација, 2ч по полноќ, локација МаЌедони'а. Господата со ауспуците нели, си го мерат кој е појјак. Од друго ќоше иде Пера, балкански хомосапиенс во сив свој капацитет на изволте + и под дејство на супстанци ваљда, за капацитетот да биде уште покапацитетен. Пера исто така мора да го слушнат сите (во 2h по полноќ рековме) колку е најјак и колку е насмеан од се срце и во сета плуќна снага со другарчињата во хор. Еве и сликовито претставено
Не ме зезна они, сама се зезнав. Плус, купив само работи што ми требаат, али болката е иста. Ти ништо не си купи?
Купување рандом предмети на попуст е жива глупост за џабе фрлени пари. А за времето да не зборам. Облека е не битна, апарати многу брзо застаруваат...може се на старо или поклон од тие што купуваат многу. Многу пари и време се заштедуваат вака. Парите може да се трошат за нематеријални работи повеќе. Се има за одмор, пензиско, здравствено, струја, услуги, транспорт. Попаметно е да се купува се што не може да се допре од материјал. Плус и фаќа прашина и простор и треба да се одржува плус и губи вредност.
И јас како тебе викам се ствари шо ќе ми се најдат, да се обноват па ко фатив едно по едно и ... Туку глеј сега шо ми прават отто скапаните Го намалиле Macbook И како да не купам бре , аман
Машки мозок. Не му требало ништо Кај ова на жена ќе и го кажеш , шо мислиш ти, зошто живееме ние жените а? Па за шопинг.
Вакви работи кога прочитам премногу ме радуваат. Јас почнав да вежбам пред околу шест години. Пред тоа почнав да се хранам здраво и да подготвувам оброци. На почеток ептен ми беше тешко, се заморував брзо и онака брзо дишење. Сега после толку време поминато, ми е крво што не сум почнала порано. Пред се е бенефит на ментално здравје, а дури потоа на физичко. Ти посакувам да си ја следиш рутинава.