Да ама не треба само блек фрајдеј за попуст и гужва се ствара, треба да има повеќе попусти, и да сакаш да го купиш посакуваното парче одма го снемува. По бутици гужви. А тука па едни попусти, во странство стварно има попусти.
Не се лажи, толку кошта како и да е. Може 100 евра плус да биде негде. Баш побарај на Google, ќе видиш. Баш гледав за мобилен вчера, све превара до превара.
Компатибилност =/= компаКтибилност. Компатибилност = ускладеност; компактибилност не знам дали воопшто постои на македонски, ама и да постои, поврзано е со компактност (збиеност).
Она што навистина ти е потребно се наоѓа во срцето Гош. Иначе јас (си) купив ама не на Блек Фрајдеј попуст, тоа што мене ми требаше го немаше на попуст, ама бар со исав и паметно како и секогаш што купувам. Така што не знам дали јас го зезнав системот или он мене, ама во најмала рака би рекла дека сме изедначени.
Сдк седам дома, гледам од прозор и гледам само згради. Пред една деценија го купивме станот. Една од причините беше погледот кон градот. Тогаш тие згради не постоеја.
Го молам Бог за трпение, а колку повеќе се молам толку помалку го имам.... Изгледа на крај ќе испадне како овој вицот, Господи те молам трпение да ми дадеш, ама сега, одма!
Асоцијалност = губење желба за излез, избегнување комуникација ради анксиозност/депресија, внатрешни конфликти. Антисоцијалност = намерно избегнување контакт со луѓе, дружење само за лична корист. Првите имаат сочувство вторите не. Првите ако те повредат сами ќе воочат и извинат, другиве ќе те стават на игнор или нема да им е битно. Проблемот е што забегавме кон вториов тип. Станавме бајаги нарцисоидно општество со големо Н без враќање.
Е ова, ова. Станавме (не стануваме) нарцисоидно општество (со се нормализација и градификација на нарцисоидни особини, или претходно познати како не/човечки слабости, недостатоци и маани). Само што луѓето се социјални суштества и колку повеќе има антисоцијалност, толку тогаш паралелно и последователно расте и асоцијалнoста, а со тоа и дополнителна асоцијалност како последица на асоцијалноста, иако не секогаш со анксиозност и депресија... И севкупниот резултат- нефункционално или квази-функционално општество, со висока стапка на анксиозност и депресија, и така во зачаран круг. Значи зборот ми е, не е на арно работава.
Како може женскиве јавни тоалети да се толку неуредни, не ми е јасно. Дома така оставате извалкани шолји? Така оставате хартија расфрлена наместо во канта? Не е секаде вака, фала Богу, ама стварно нема смисла ова. Хигиеничарки, слушам, кажуваат во машки тоалети е почисто. Што е со жениве? Зошто? Па некој после вас ќе има потреба да влезе бе, гнаси едни. Страшна работа.
Зашто побогу давате на деца и стари луѓе да шетаат големи кучиња, особено ако кучето не е френдли со непознати??
Зошто се морони, или не размислуваат или пак злобни се и баш ги заболе дали некој може да наебе, крајно неодговорни се. Неколку пати се дешава да глеам еден ист како си се шета релакс и лабаво со толкав доберман, пуштен, ни поводник ни ништо, може дресирано си е кучето и сталожено ама да не забораиме дека се едни од подоминантните раси кои можат да покажат агресија, плус гломазни и делуваат поопасно па колку пати само возрасни и деца се имаат исплашено и почнуваат да вриштат, а типот вика „абе не се плашете, мирно е“. Куче не е за секого дефинитивно.
Особено не за луѓе што се куропецаТ и да е мирно, зашо да плаши други кучиња, се знае без ланец е у кучешки парк или парк голем без никој. Куче без проводник не треба да се шета! Освен ако recall не ти е совршен у било која ситуација, а тоа и не баш така лесно да се постигне ..
Сопствениците се виновни, никој друг, за тепање се буквално, нема разбирачка едноставно со некои. Најљубезно им кажуваш, џабе, ко на ѕид да збориш. Ретко кој трезвено и ко шо треба би изреагирал, обично се здрвуваш, укочуваш, се шокираш при такви ситуации. А тие шо се нормални и прави сопственици кои имаат одговорност нема да си дозволуваат да ризикуваат. Не верувам дека нив до толку им до слободата на кучето, жал дека им е да иде на поводник, па затоа пуштено, не, поише е од неодговорност и немарливост па и од ќејф, ете така ми се сака.
Абе овие што ги зборам се на поводник ама ги шетаат или стари луѓе или дете од 12тина години и недајбоже се пушти кучето по некој, нема детево или стариов сила да го задржи. Ни па да трча по него и да го оттргне. Во зграда имам една баба што една шета големо куче што трипати има нападнато други мирни помали кучиња од истава зграда оти лесно ѝ се отпушта од раце. И избегнувам со кучево во лифт да се најдам. Во другава зграда има еден дедо со померанец и баш е мило кутре, плус мала раса и тука нема проблем. Исто и во моја зграда повеќето кучиња што сме се среќавале во лифт баш се мили со непознати и се галеле со мене и све. Ама кога ќе видам дете со некој питбул или доберман коса ми се крева.