Да и мене ми е жал па ене на глава ми се качува. Љубов и почит идат заедно, ќе ја пуштам ама гледам, а видам куче ставам ланче, а влезам у зграда до мене залепена е, има луѓе што се плашат, има што неќат … Распрдени се, ја не сакам да ми припари куче без ланец, ми е гајле ако е мирно, моето е плашливо и неќам да ми рипа плаши него тоа да се на исто ниво.
И бабава што вика? Никому ништо. Треба да и се стегне тужба. Нека шета куче ама штом е агресивно маска треба да му стави. Пази ја ти нејзе, имаш секаква багра, не им е воопшто жал.
Една во Карпош цело време го шета нејзиното пуштено, а е опасно. Мало, ама покажува агресија. Слушнав и дека каснало некој. Газдарицата упорно збори дека е мирно. Немаат совест, бе.
Баш пред месец се враќав дома и пред влез едниов комшија го држеше неговото куче (пудлица) во раце. Големово е акита инаку и ја нападнало пудлицава. Внуците на бабава беа надвор и беа ко "не знам брат како се десило ова" Други комшии што имаат шнауцер кажаа и на нивното се пуштало. И сакале да тужат ама ај да не ја прават големата па не. И демек ај договорија и овие да не прават скандали. И сега пак ја гледам бабава ја шеташе акитава. И нормално не се доближувам никако.
Кога веќе надминуваш зрела годишна доба треба озбилно да почнеш да размислуваш на иднина. Лека полека да одиш кон независност. Ако не може да си приуштиш иселување, почни да допринесуваш дома со тоа што сам ќе ги финансираш излезите, плаќаш с-ки за струја или купуваш храна. Со други зборови да помогниш, не паразитиш. Џаболебарење, изнаоѓање изговори за незаработка после дваесет и пет се единствено лика и прилика на мрзеливост, не анксиозност и депресија, две најчесто воспоставени дијагнози во модерната денешница која врска немаат со реалитет. Кожа ми се ежи ко ќе чујам не можел на работа, имал анксиозност од колеги, околина. Или не можела да работи било што ноктите ќе и се скршеле, другарите ќе и се смееле. Оф, драги мои, како да ви кажам ами за да преживееш мора да работиш крваво без да падни круна од глава, па макар и за минималец, без изговори. Така да драги млади дечки, родителите не ви криви ако ви се жалат за пуштен бољер после дванаесет поручек, несредена соба или спиење до два. Родител има право да е крив ако е неодговорен кон вас до полнолетство. После вие треба сами да го најде патот и донесете одлуки, па грешни или не небитно, само ваши да се. Ме радува што сега повеќето млади полека така почнувате да размислувате, и тоа е за симнување капа. Нешто што за моја генерација такозвани бумери беше непоимливо па кај мама и тате в куќа заглавувавме до 45 година невработени па и повеќе. Браво!
Сериозен проблем си имам. Зависник сум. Треба да одам на рехабилитација. Не можам, а да не слушам, читам или гледам нешто. Што и да правам, мултитаскувам со книга, подкаст, серија, филм. Периодов се опседнав со аудио серии. Не можам да функционирам во тишина, ме јаде анксиозност дека отфрлам време кое можам да го искористам за да слушнам или видам нешто ново. Како тоа да готвам во тишина, кога можам најновата епизода од некој подкаст да ја ислушам?? Зошто би дремела, кога можам да читам книга?? Буквално ми треба рехабилитација, да отидам сама во кабина во планина, без занимации. Само да седам, да готвам, да јадам, да шетам, да редам сложувалки, да одмарам мозок, очи и уши.
Добро бре луѓеее сето тоа што го правите и месите секојдневно го јадете или го замрзнувате? Незнам еве и јас месам разни пецива било што и ги замрзнувам па пак неможеме да ги изедеме, полн ми е замрзнувачот со разни пецива. ПС: скд не се работи само за тоа колку количински се јаде, треба не само за надворешен изглед, туку и за внатрешен да се грижиме, сега ако не се грижиме понатака ќе се одрази, нормално неможеме да бидеме сите манекенки, некои се крупни и од болест, од апчиња, ама треба и на храна да се внимава поради здравје највеќе. И јас некогаш јадам бурек, хамбургери ама не често, многу ретко.
Тој што не сака да работи одбива секаква работа. Тие и во странство ќе одбијат работа. Пишував во друга тема за другарот на маж ми. Не сака господинот да го испоти задникот. Научен е на лежечка работа. Секакви има.
Мене пикот ми е што има луѓе што за било каква заработувачка се немаат потрудено, лежачка или физичка не е битно. Изговори за незаработка наоѓаат во душевно заболување анкс, депрес. Погледни статистика од здр. завод колкав е процентот на млади луѓе кои се на лекови заради овие две дијагнози, фрапантно е, и колку заради истите се потполно вегетативни, нефункционални во секој поглед. Колку е тоа реално а колку изговор не знам.
Научени се да чекаат од мама и тато. На моја возраст колку ги има мрзливи. Срамота. Овде откако ќе станат полнолетни живеат сами. Уште се чудам. Си го ценат секој денар.
Точно дека има и мрзи, ама недај Боже да те фати депресија или анксиозност, познавам многу такви и не глумат како што ги опиша ти. Ситиот не му верува на гладниот, здравиот не му верува на болниот.
Има де, никој не спори. Ама и изговори да не се работи на сопствените отпори да се надминат тие состојби за да се живее на грбача на мама и тате до 30 години.
Какви се тие не сфаќам, јас незнам до што е ама не познавам такви што чекаат од мама и тато. Пишав и во друга тема, сите наши блиски и роднини живеат самостојно и дури тие им помагаат на родителите, колкава пензија или плата им зимаат родителите што им даваат на децата незнам, сите знаеме колкави се платите и пензиите, и тоа што пишале и пензионери работат за децата, е колку ги плаќаат, само за сметки и лекови не им стигнуваат, а каде е храната која е изгор скапа. Тие што ги опишувате изгледа недозреани се, кој здрав и прав човек не работи. Еден ден мама и тате ќе ги нема.
Јас познавам. Затоа и пишав. Ама што ќе прават кога ќе ги нема мама и тато? Јас и родителите ги обвинувам. Синчето на мама не смее да се мачи. Ќе му падне круната ако работи било каква работа. Ама затоа мама и тато се тука да помогнат.
Некој навистина нема психофизички способности да работи на пример во маркет или фабрика. Тоа не значи дека е мрза. Едноставно тие работни места не одговраат на нивните способности. А полесни работи има колку сакаш ама никој не ни ги дава.
Ама има и такви кои се здравствено ок, ама тешки мрзи. И само наоѓаат изговори. Имам таков во фамилија. Секоја работа на него му е тешка. И научен е постојано да бара пари. Е па како што можам јас да го мрднам газот, може и тој.
Ако е со физичка попреченост, хендикепираност е оправдано. Но ако е испод част оти има факултетска диплома не е оправдано.