Јас мислам дека секој сака свои пари колку и да е мрзелив. Само проблемот е тоа што не нашол нешто што ќе го заинтересира и мотивира досега. И плус уште ако почнеш да правиш споредба што некој работник добива колква плата и какви привилегии а притоа не е Ајнштајн, А што добиваш или недобиваш ти тогаш уште толку ти се убива мотивот за работа. Па стануваш апатичен и депресивен. Е па ќе станеш тоа ти е како мачка да ставиме да биде дел од мвр. Мачката е корисна ама не за таму.
Не е проблем само хендикепираност. Пример има еден куп проблеми поради кои неможеш да креваш да речеме тежина или неможеш долго да стоиш туку треба и да приседнеш...
Да, ама овде не беше муабетот за физичка попреченост. Зборуваме за млади и здрави луѓе кои се кријат зад дијагноза мрзеливост и си смислуваат илјада сценарија само да не работат.
Да де само сакам да нагласам дек сите што одбиваат работа или даваат отказ не се мрзеливи. Може имаат потреба од слободни викенди... Повеќето од работните места се во смени и зе работи и празник и делник и викенд. Со еден слободен ден. Зошто не даваат на пример по два дена. И кога ја гледаш таа разлика помеѓу работниците си викаш па не работам. И незначи физичка попреченост туку ете како ограничување на пример како што кажав сите сме со различни психофизички способности. За едни мајка за други маќеа.
Еве на пример јас никогаш ама никогаш не би работела во маркет, подобро во конфекција или некоја фабрика каде што одат и прва смена, ако треба и саботи би работела, втора ај некако ок и тоа не сакам баш, ама трета нема шанси, друго е ако не сум мажена друго е мажена со деца, сабајле место да поспијам и одморам треба деца да спремам, е сега ќе кажете и сопругот може, да ама што ако одиме исти смени еве втора а градинките работат само прва смена, не зборам за мене, општо, ние и двајцата одиме само прва среќа.
Ти да си гледаш твоја работа. Ако бира некој работа, како си ти засегнат/а? Во нашава држава сакаат да им работиш и празници и делници и три работни обврски за минамална плата. За фабрики исто, не може секој да оди по цела недела трета смена.
Да Вработените во градинката работат само прва смена и тоа во празници и викенди не. и што ќе правиш до децата со такви работни места. Зошто еве и градинките не работат во викенди во празници (градинкиве како пример за сите останати). Како и да е барем во државава владее апатија кај дел од невработените токму поради големите разлики па исто и несоодветно и неправично пополнети работни места.
Ох некој се најде навреден. Мене баш никако не ме засега. Пребирајте и најдете си ако можете до 45 на грб на родители.
Не сум навредена од вакви ко тебе. Вакви совети добивам од една што се вработи наставничка и си плати за работно место. Битно мене ми продава памет хах. Тие се најсилни. А во приватен сектор ни ден не би издржале.
Драга девојко, камо среќа да работам просветна дејност, или некој јак сектор, ама јок, не сум тој калибар. Трпам мобинг од шефот моментално и не, воопшто не е пријатно, на раб сум на отказ. Но, дома не можам да се вратам кај родители со свиткана опашка на нивна минимална плата. Има разлика кога не може да мислиш само на себе туку и на тие со кои треба да живееш и допринесеш.
Понекогаш колку и да мислиш на сите останати некои работи не се издржуваат. Може не си до толку зафатена со сите неправди што постојат во приватниот сектор. Прекувремени неплатени, враќање к15, пријавување на скаратено а работиш прекувремно, одмор 14 дена само во лето..
А нема секој храброст да ги пријави. Да напоменам дека трн во око им е ако земеш боледување. Може и да те шутнат од работа.
Епа тука пишуваат ќе си платиш жена, аха да и градинка и жена, парите на дрво растат, јас што ќе плаќам жена и градинка дома ќе седам и ќе чувам деца, гледаме како други жени таканаречени дадилки чуваат деца, со тепање, и тие не би работеле за минимална плата, значи треба една плата на жената да и даваме. А па овие што пишуваат па две работи да се работат, еве нека ми кажат како, зошто јас незнам, да немам деца може ама со деца одвај една работа не па две.
Или таму кај што работиш да немаш тоалет или да не јадеш дур не исполниш норма или да немаш пауза за јадење.. Е па не не сме сите мрзливи и не е до нас.
Имав таква работа. 15 минути пауза за јадење, кафе да свариш и во тоалет да одиш. Па вие бирајте, драги мои, што ќе правите
Кога студирав сакав и да работам, прочитав оглас во еден бутик за пола работно време и ми одговараше, не беа нормални со условите, сред лето беше, и да јадеш забрането беше, мастика џвакање, вода ако ти се пие дискретно под каса алооо не крадам па да се кријам, не вршам криминал ако се напијам вода, ве-це немаше, ако ептен ни се идеше го користевме јавниот на ГТЦ, со колешки никако зборење, муштериите ако ни се познати никако муабет, да седнеш никако, стоевме како здрвени Марии еј неможев 4 саати да издржам а не 8, и тоа требаше на проба од 1 месец, 1 недела одев и чао пријатно.
Епа, ако некој не е фер третиран, треба да собере храброст и луѓе. И да се буни јавно. А, не да се вади со изговори од типот „јас си трпам, не ми е гајле за другите“ или „да не ме избркаат од работа оти преку партија се пикнав и ако се бунам ќе ме шутнат“.
Или најмногу се нуди работа во продажба. Па неможеме бе сите да бидеме продавачи. Може ми одговара да работам сама а не со 500 луѓе дневно, да работам седната а не цел ден застаната...Ама нема не даваат такво работно место.
Тешко да го добиеш случајот. Така иде тоа кај нас. Ретки се оние што успеаваат. Комшика го пријави газдата и мораше да ја исплати. И плус отштета му зема.