Америка го бара , а Северна Кореја тврди дека не постои таква личност кај нив. Или мене ми се чини или многу мудро играат овие од Северна Кореја, не биле толку мутави. Алал да му е на дечкото ,програмер, хакериште прва класа , му симнувам капа, кој си го бива, нема збор , браво Онака сакав јавно да го пофалам, знам дека во Македонија никој не го интересира за хакерите од Северна Кореја, ама јас си читам тук таму .....ептен интересна држава ми е Северна Кореја. Ми текна на муабетите ко ќе спомне некој, бреееј блазе си му работи во таа и таа фирма. Пред некој ден бевме на гости кај не е битно кој и ќерка им е преселена во Америка, работи за Фејсбук и падна муабетот, браво како и се пружила таква шанса , многу би сакале да имаат можност да работат за позната фирма , пример ја би сакала за Гугл ако може некој да ме препорача , до душа секој со свои желби и вика татко и , абе се убаво ама се жалела ќерката дека не и било погодено баш, не се жали на платата од Фејсбук туку друго не и штимало таму у канцеларијата во Њу Јорк. Нема да пишувам на широко за целиот муабет, сакав само да се надоврзам така ние обичниот народ ко ќе чуеме лелеееее му се пружило на некој да работи во ептен позната светска фирма , ама од друга страна и таму у таа позната фирма не е се така сјајно како што ние си мислиме. Ај одам да вечерам, ми се пријаде
Мислам дека сум једини човек дома што пази некој да не се отруе дома. И храна што изгледа дека е за јадење и на мирис е вкус е океј, ако е стара, значи не е ок. Пазам и месо и зеленчук како мијам и готвам и све што не е стоено во фрижидер, мириса чудно, не јадам и фрлам. А моите - аа абе ништо не му е, дај јас ќе го изедам Се случило неизеден ориз да заборавам во фрижидер неколку дена. Кога приметив си имаше нормална текстура и мирис. Али среќа знаев дека е заборавен па фрлив. Инаку близок доби труење пред неколку години баш од "не му е ништо". Среќа помина само со повраќање. Имам слушнато и дека не е страшно да изедеш храна со мувла, пеницилин само си внел. Мислам...
Јас порано не се замарав многу, но после операциите стекнав навика. Ако не ми се допаѓа мирисот одма фрлам. И моиве исти се, они сакаат да го дојадат тоа.
Кога не знаете да дискутирате субјективно и сами споделувате ваши лични работи и искуства, а никој не ве тера, понесени од несоочени комплекси, секако дека туѓото различно мислење ќе го доживувате како напад. Но бидејќи сте неспособни за субјективна дискусија немате капацитет да увидите дека не е напад. И секако немате развиена свест да увидите дека улогата на жртва не е за воспевање, туку е за презирање. И поради тоа, за ваш личен спокој подобро е да избегавате да "дискутирате".
Малите македончиња деца на наши иселеници во Чикаго,учат македонски со “Светот на Биби” Додека децата на нашите иселеници во Германија не ,односно на прсти можат да се избројат. Не познаваат мајчин јазик,не можат со сопствени баба и дедо да се разберат за да биле Uber Alles Тоа е тој измеќарски менталитет.
Ова се двојни аршини. И албанците кај нас учат албански ама вас тоа ви смета бидејќи живееле во Мк и требало мк да учат. Кој како сака нека си учи, може некој се иселил од Мк засекогаш и нема потреба да учи македонски. А тој шо сака да си научи, може дома а и на приватни часови.
Не се двојни аршини. Децата треба да го знаат јзикот во државата каде живеат. Но не ти како иселеник да не дозволиш твоето дете да збори македонски. Германски треба да знае,но не да не го познава и збори твојот мајчин јазик.
Животот ќе ми се руши пред очи, а јас само ќе гледам од страна, без сила и без можности да направам нешто.
Која си па ти да се мешаш како некој ќе израснува дете? Што полза добиваш ако дете што живее во Германија зборува македонски? Некои иселеници не ги боли уво за Македонија и тоа е... океј?? Боже сачувај...
А тебе заборавив да те прашам за мислење Македонци се,тоа е нивниот корен и имаат мајчин јазик македонски. Никогаш нема да бидат друго колку и да зборат совршен јазик. Еве ги и овие во Америка совршено зборат англиски па учат македонски. Ама мора да се има полза,корист добивка ,измеќарски менталитет. Среќа има неискомплексирани па каде и да одат не забораваат што се.
Не дека можиш да му се мешаш на некого за воспитувањето на детето, ама срамота е и греота да не си ги знае сопствените корени. Ти можиш колку сакаш да ја хејташ државата, на сите ни е преку к од се’ што не чини тука и едвај чекаме да си ги спакуваме куферите ама ова не е исто. Тоа дете има баби, дедовци, роднини, братучеди од кои свесно го одделуваш ако не го научиш барем јазикот да го зборува, нешто што е основно. И не сакам да звучам ич како патриотка, ама ако не ја сакате државата (и јас не ја обожавам) барем имајте почитување спрема тие шо сте ги оставиле позади вас тука во дупкава.
Абе само во Македонија зборот „патриот“ е потсмешлив збор. Идете у Германија видете германците како си ја бранат Германија. Ама ние сме многу напреден свет, тоа е. Хехе патриот.
Aма во Германија направија нешто за народот, во Македонија што направија? Направија да се иселат сите од неправди. Далеку сме ние од Германците, епа ќе си ја бранат државата кога направила многу за народот. И ве молам без напаѓање, си кажав мое мислење.
Децава овде зборуваат на македонски. На училиште учат и германски. Не можам да заборавам од каде потекнуваме само затоа што сме дошле да живееме овде. Кој како сака нека зборува. На моето семејство мајчин јазик ни е македонскиот.
Вака, патриотизам е родољубие, да си горд на своите корени. Ако сам не си родољубец тогаш океј, ма да тоа ми е потценување сам себе, негирање на тоа што си неминовно ти. А, во Германија и да смениш и име и државјанство и се, за нив пак ќе си емигрант од ред на сиријци и талибанци. Да, тука сме до дереџе, ама сами си го направивме да сме до тука со прифаќање и верување на се и сешто. Темата е многу интересна, ама дефинитивно не е за дискутирање за со маса каква што е на Фемина. Ништо лично, само се надоврзав