Јас лично не го разбирам тој момент да се мешаме кај други колку ја почитуваат државата и да се јас лично навредувам што некој се одлучил да биде фул Германец (рецимо). Тоа што го пишав за несакање на државата не се однесуваше на мене, супер што сите донесовте таков заклучок, ама какво е тоа размислување да ни нам смета колку некој ќе "памти од кај дошол".
Се работи за различни мислења. Јас сум поврзана со некои работи од нашата култура и особено јазикот, но не сум поврзана со мојот национален идентитет. Мене ми е слепост да придаваме толкаво значење на апстрактен поим како што се држави.
Познавањето повеќе јазици а особено јазикот на нашите потомци е од голема помош за тие дечиња,живееме странство,ќерка ми зборува само македонски,сега на скоро 3 год почнавме да ја спремаме со по некој збор англиски за да полесно се навикне во градинка.Би сакала да учи барем уште еден друг јазик во меѓувреме. Секоја една особа која ќе не слушне дека зборуваме со неа на наш јазик, одговорот им е ,најправилна одлука,децата учат брзо,а јазиците се богатство,средство за комуникација. Не е дали си патриот или не,тоа е наш идентитет,макар и цел живот живееле надвор од МК.
Убаво е тоа да имаш космпополитски сфаќања ама притоа да не оставаш впечаток на светски патник страдалник со релативизирање на универзалното значење на зборот идентитет кој е твој и за изразената фобија спрема сопствениот идентитет во однос на издигнувањето на пиедестал на поинаков идентитет со генерализирање на работите ако се земе во предвид историјата и околностите околу развивањето, доживувањето и чувствата за националниот идентитет. поединечно на секоја земја, вклучително и нашата..оттука и зошто тој не може да биде причината за ти да се чувствуваш подолно и со помала вредност откаде потекнуваш и кои ти се корени...работата е што оние кои креирале такво расположение со свои погубни убедувања, размислувања и неприфатливи и инфантилни начини на однесувања со штетно влијание кај сите оние со мислење како тебе се поттикнувачите на револт и виновниците за тој трагично-развиен антагонизам спрема идентитетот кој треба да биде гордост и твој национален печат и разглас за твојата разноликост и уникатност во морето од подеднакво уникатни нации, а не да бегаш од него како ѓавол од темјан..ова е уште поуниверзално и не е себично во однос на твоето разбирање за космпополитизмот во кој има логично појаснување за твојата причина зошто така размислуваш освен за она што си ти, реалната причина зошто така го доживуваш, а сепак неизбежно е сржта, делот од тебе и поединечната целосност во најголема мера.. ми се чини дека напротив, идентитетот е сопствен оригинален белег и прифаќањето кој си, доведува до негово посвесно осознавање за оној кој нема развиено самосвест за тоа...тој е зацврстување рамо до рамо со космополитизмот, но не и повод за излишно самољубиво глорифицирање и ставање акцент на тоа како светот да почнал од тебе и со тебе и завршува (сите сме под исто небо) и од друга страна и потребата за неопходното инкорпорирање за достоинствено вреднување и вклопување на другите различности во една општа организираност во склоп на живеење, почитување (на закони) без нивно релативизирано и селективно толкување и бесмислено и тврдоглаво спроведување...тука не треба да се влева ни стравопочит и преовладување на деспотство со монополизирање на човечката душа и цензура на хуморот, критичното размислување итн туку непринудно да се настојува на насушната потреба за заедништво во една нормална држава, која и да е таа и со благодарност спрема неа..ама секој со свој ум и свое мислење..јас си кажувам мое мислење и никој нема обврска или притисок да го прифати туку има за цел да поттикне продлабочено гледање и размислување на оваа тема кому му е интересно..кому не му е, не мора да се расправа ако не му се допаѓа или нешто го погодило што не му се допаѓа..различни сме сите и ќе кажуваме различни мислења...поентата е да се дружиме и да разменуваме мислења што и е цел на еден форум..ако некому тие мислења и му помогнат, уште поубаво.
Да додадам само дека општо сме гнаса од народ. Да видиш свој човек било каде одма не те препознава. Се прават на три и пол, мислиш нешто ќе им бараш или земеш. И не се држиме ич, сами си правиме. Ќе завршам, имам многу да кажам али не би тука.
Ако испадни се како што треба и утре живеам во друга држава, не би сакала моите деца да не го знаат македонскиот јазик. Мајка им каде и да оди ќе е Македонка, сите роднини од една страна ќе се Македонци, зошто да ги лишувам од тоа? Тоа што сме дупка од држава што секогаш ја воделе неписмени не значи дека треба да си го заборавиш идентитетот, културата, традицијата и јазикот од каде доаѓаш. Не знам дали некој друг повеќе плука по своето од Македонецот. Не сум ни којзнае каков патриот, со оглед на тоа што сакам да заминам, ама никогаш нема да разберам да не си го сакаш потеклото свое.
Да не се чудиш. Се возам во автобус и македонка ми се обраќа на германски. А убаво ја слушнав како зборуваше на македонски со децата. И она слушна дека јас зборував на македонски. Дали женава сакаше нешто да покаже?
I mean, во право си, но во моја глава истата поврзаност со истата култура ја чувствуваат и Срби, Бугари и различни народи од нашите подрачја. Има различни држави што користат ист јазик. Општо не чувствувам потреба да се ударам во гради и да викам дека сум Македонка или да форсирам луѓе да се горди на своите корени. А што е толку чудно? Јас не е дека не сум патриот затоа што намерно нејќам пошто државата ни е пропадната. Едноставно ја немам таа емоција на гордост што сум Македонка, барем не на начин на кој што вие опишувате. Во повеќето ситуации не ми значи скоро ништо, во други ми е мило да слушам позитивни работи. Ама ако некој ме праша да се опишам себе, тоа што сум Македонка би го набројала на околу 50. место.
Можев да и вратам на германски, ама не сакав. Јас германски и англиски зборувам само по институции и продавници, банки, и сл. Со балканци исклучиво на македонски комуницирам. Го разбираат нашиот јазик, ама така им одговара.