Секој пат кога ќе видам видео од фамилијарна собиранка, со јадење, пиење, муабет, смеа, дружба, секогаш осеќам топлина во душата. Различни генерации собрани на едно место во одреден момент, без разлика дали има посебна пригода или чисто онака, си поминуваат време заедно додека можат. Нема ништо боље според мене!
Многу интересна тема, на каде одиме со модернизмов. Македонија како земја и Македонскиот како јазик, се поими кои не треба да се мешаат со конкретнава ситуација тука. Инаку, имам роднини во странство. Кога беше референдумот за промена на името велеа, нас не ни е гајле, нека биди и Централна Балканска Република, нас не ни е гајле. Ми се пофалија пет пати, дека гласале за промена во амбасада. Друг роднина, кој сега кука и плачи што му правеле странските газди, исто. Мизерија и беда, потценување на свој корен. Лани беа дојдени тука, со гордост ми кажаа дека заборавиле да пишуваат кирилица. Ова нивново и психолошко е. Оти низ годиниве и други глупости треселе.
Го ислушав цело интервју , замисли која мизерија , таткото велел : доста праќате алишта и јадење, нам ни требаат пари. Епа мочко еден треба сам да си кадарен да заработиш некој денар , а не да наоѓаш маана и на тоа што ти донирале граѓаните. Брејјј, неблагодарна работа, сакал пари, ќе си го испотиш газот и ќе дојдеш до пари , гомнар еден , уффф на нерва ми идат вакви луѓе што сакаат се на готово , одма сега на рака ќе ти преброеме колку пари ти требат Значи каков пример за неговите деца, родител на векот ============================================================================= Да не пишувам еден под друг коментар , да му честитам роденден на Кечо Среќен роденден @Ketchup
Мене во целава ситуација најмногу ми е жал за децата. Децата не се ништо криви. Да бевме во некоја нормална држава, ако до сега не му беа одземени, после ова ќе настапеа социјалните служби. Ама Македонија...
Ти благодарам најмила! Мислам дека со години некој не ми честитал роденден на форумов, прекрасно изненадување. Торта од мене
Среќен роденден @Ketchup Голем да растеш. И нешто друго се кажува, ама не е за на форум. @Herrera од такви не може да дојде на ред некој на кој навистина му треба помош. Најчесто ваквите се алкохоличари, коцкари и неработници.
ОБСЕ треба почесто да одржува самити во Скопје со цел почесто добивање пократко работно време и повеќе слободни денови за граѓаните.
Да за Вие што работите државно, да имате повеќе време за шетање и трошење на парите шо ги земате како мито. А ние приватниците да си ја чукаме главата како да ја завршиме работата побргу со блокирани улици и институции што не работаат.
Да, да, да нема некој потреба да оди по болници ок би било, ама треба и маркетите да не работат, не само администрација, па од кај ќе пазарувате? Упссс како не ми текна, па Грција.
Не, објасни ми те молам. Немора Грција, еве Србија ќе си пазарувате, ама...ако не работат и маркетите тука.
Мислам на тие што работаат државно во целина, заради таква администрација цела држава отиде во странство, можеби ако не работите толку и почесто сте на одмор (Не само на паузи) државата ќе биде подобра.
Каква врска имаат луѓе што работат во администрација со одливот на луѓе од земјава? Или колку само да се тресне нешто...