Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    6.707
    Пол:
    Женски
    Многу е убаво кога во петок немаш предавања и ти е слободен ден.. јухууу :lol:

    Среќен Валентајн или Трифун на ситеее :D
    П.С. Секогаш повеќе сум го славела Трифун, зошто виното е тука за тебе и кога дечкото ќе те откачи ;) :lol:
     
    На t-sweet и Cka им се допаѓа ова.
  2. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк честит Св.Трифун и Св. Валентајн
    кој како милува и си прославува :)

    Da smo živi i zdravi još godina sto da je pesme i vina i da nas ćuva Bog

    Ve :* :hug: Ozbilna :hai:

    Јакиот човек има само една слаба страна- Жената што ја сака! :geek:
    [​IMG]
     
    На kala21, Elennaa, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.064
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам како нежна принцеза за овие изминати 13 години :D :lol:
    Најпрво, пред 7 години правев операција, и ако сум почекала уште малку да се влошела ситуацијата, не ни сакам да помислам што би можело да се случи. После тоа пред неколку години кога бевме на екскурција. Јас нејадена, сонцето ми пречеше, возбудена, сите стуткани во училишниот двор, и јас се онесвестив. Ама баш она како на филмовите :wasntme: Среќа, тука беше мајката на една другарка, па ме кренала на раце и ме однела во ходникот.
    [​IMG]
    Кога бев кај баба ми, се враќаме од шетање, и мене ми се сврте, па тука беше ветеринарната амбуланта, па седнав, жената што работеше ми донесе вода со шеќер. Па, на играрна на сред пола игра пак ми се врти. Незнам како успеав да издржам до крајот на играта. Па сега, есенскава екскурција што беше, во автобусот пак ми се слоши, па ајде шоферот отвара врати. Наставнициве викаат да се отворат прозорците низ автобусот. И најновото синоќа. Си се враќам од играорна, и ми се врти, мислам секој момент ќе се струполам. Па ајде се потпрев тука на едно бетонче, и дојде брат ми со кола и ме зема.

    И го сфатив најважното, од дома не излегувам додека не се најадам како што треба, па макар и да доцнам 10 саати. Какви диети, најади се, па да видиш што е живот. А за слабеењто постои друг, поздрав начин. Секој ден трчај, па за некој месец кога ќе се погледнеш во огледало нема да знаеш дали си ти, или пак кога ќе се качиш на вага :wasntme: :D

    Доста се расприкажав јас, да ви го честитам празникот! Денов поминете го најубаво, и послушајте го советот на Милена (Здраво Македонијо) :D :hug: :hug:

    Ајт здраво, заминав јас :geek:

    Да не ме сфатите погрешно, само недостиг на витамини. Затоа сега пијам некои апчиња :wasntme:
     
    На LittlePinky, sweet-star и lana.del-rey им се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Се изначитав на ФБ: Среќен Св.Трифун. (демек до толку го сакаат и слават Трифун |( )

    Во ред е тоа, ама што не пишувавте: Среќен Петровден, Петковден, Св.Јон, Спасовден, итн. ? :^)

    И на крај, ајде признајте поради Св.Валентин ви е фамозното чувство. :D
     
    На Marossa, Dea8, sadgirl21 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Еве ме мене денес... (за валентајн)
    [​IMG]
    :rofl:
     
    На LittlePinky и sweet-star им се допаѓа ова.
  6. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    403
    Морало само за празнициве да се зборува..само да се осеќам бедно xD
    Упс.. и јас ги спомнав :@
     
  7. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    СДК интересен момент е кога маѓијата ќе исчезне. Како беше она “Секој ти изгледа нормален, додека не го запознаеш„ :)
     
  8. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    18.507
    Пол:
    Женски
    Ех... :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.jpg
      Untitled.jpg
      Големина на фајлот:
      46,6 KB
      Прегледи:
      411
  9. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Денеска е Валентајн Деј.
    По градот гледам,и на излозите од продавниците љубовни украси.Низ целиот град владее некоја младечка,романтична атмосфера.Сите трчаат ваму-натаму купувајќи го поклонот за својот партнер во последен момент.Некои пак седат дома на филмски маратон уживајќи во слободата на „сингл“.Но сеедно,сите уживаат на овој ден.Било да е поради петочната радост,било да е заради Валентајн Деј-от.

    А јас само сакам да ви посакам убаво,интересно петочно попладне и убаво да си помините вечерва,какви и да ви се плановите. :*

    Mood: Just Okay. :)
     
    На Papillon.Papi и Srckata28 им се допаѓа ова.
  10. Pink.Barbie

    Pink.Barbie Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    23
    Хах, што убаво текстче, ми го разубави денов...
    Јас, како сингл, си седам дома и си гледам филмчиња, а и типично за мене јадам. :lol:
     
    На Papillon.Papi и Maria.Vampire им се допаѓа ова.
  11. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Сите купуваат подарок за Валентајн ден пред тоа, неколку дена.. само јас ми се чини ке трчам на истиот ден по подарок. :D ..па не сум возможна, секогаш чекам јајцето на г*зот да ми дојде за вакви работи па да ми текне да изреагирам. :lol:

    Јас цела недела си кулирам, ич мува не ме лази.. а сега со 4 саати спиење треба да шетам по продавници.
    Али тоа е, ке си ја помачам тро душичкава коа не ми текнало да мрднам навреме.. а да ме праша некој што правев овие денови? :^)

    Паа.. зафатена бев - со јадење и филмчиња. :wasntme:

    ..и за крај, Среќен Валентајн/Трифун кој и да го славите, убаво да си поминете. :) А јас?

    Јас и двата ке си ги славам. :lol:
     
    На Elena69221, MandyLane, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bennet

    Bennet Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    55
    И тој ден дојде, Св Валентин. Само што се оклучив на фб слики фрчат насекаде...Те сакам најмногу на свет, Ти си ми се, Ај лов ју, бла бла. Луѓе, САКАЈТЕ СЕ, но не мора тоа да го покажете само на овој ден преку објавување слики на фб. Хмм, јас секој ден се вљубувам во нешто ново, само не во човечко битие (бар досега :) ) И овој ден ќе си го прославам сама, ама нема врска. Ај ем хепи тудеј 8) позз до сите вљубеници во љубовта и виното и до сите други кои не ги слават овие празници. Хев а најс деј ;)
     
    На hermosa и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.232
    Допаѓања:
    91.845
    Пол:
    Женски
    Заљубена сум но не го славам Валентајн искрено :) Трифун не баш ме интересира може да си се напијам после пред ручек една чаша вино :lol: колку да се одбележи ....
    Ме нервираа тоа што гледам како луѓето се замараат за толку незначајни работи може да се каже и глупости,цела година не купила ни едно чоколатце,не се сетила да го изненади партнерот без повод со некоја ситница па сега дека е 14ти ајдее мечиња,чоколада,честитки па ознаки на фб дека се најзаљубениот пар па колку се сакаат ...бла бла блаа ...
    А има и други што се прават фраери као демек каков Валентајн каква љубов ние си го славиме Трифун и изнасликале вина,ракии што ти уште не и они Трфун го слават абе боже мој глупости :D

    Секако не е важно што ќе кажат другите правете вие како се чуствувате но сето тоа нека биде во граница без претерување и убаво поминете си што и да славите :)

    Јас денеска па сум посебно расположена ќе експирементирам во кујна на диета сум, ама денеска имам месо за јадење па имам можности на да направам некој специјалитет :lol: + да и ја олеснам работата на мамичка да не се грижи кога ќе биде ручекот готов,па ај да почнам со врме... устварии веќе започнав туку да завршам на време :lol:

    Имајте убав ден феминки подарете насмевки на сите затоа што со тоа ширите само позитивна енергија :) :sun:
     
    На Barbie20, Kaylie, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Денов ми е за желби. Онакви земски, што имаат целосна врска со некоја реалност по која копнеам и сакам да стигнам.
    На пример, море.
    Живот крај море. И мало коктел барче или ресторанче од дрво склопено. Цел ден во шарен фустан, без долна облека бре. Гради во вис, на слобода. Само неколку пати во годината пат до град. За плаќање сметки или филмски/театарски проекции. Два вида свет.
    Морски свет на жар. Срце на жар бре.

    А овде, пијам Краш Експрес и листам новина сабајлечки. Машината центрифугира, нешто слично како и мојот памет. Еднаш сакам да ја избегнам утринската ритуализација на чинот наречен пиење кафе. Па си отварам прозорец, да ми влезе градот во нос.
    Кога одам пешки низ Скопје, ми лепат прикаски. Го обожавам мигот на судир со улични продавачи, случајни минувачи, раскрекани студенти што се дружат по отворените кафулиња, кривите носеви на адолесцентите карши Карев, мирисот на печива од киоскот кај Архитектура, велосипедистите. Сето тоа од зраците сонце, добива некој нов шмек, како истурена среќа што секој ја зграбува во мигот и останува допрен, разубавен. Можеби сум луд романтик, но овој град ми е пријатен, ми е пријател. Осамен на мигови, како и јас, додека го чекам својот номад да ми ја стопли душичката. Дружбата со тие секвенци е од проста природа. Да се насмеам додека чекорам. А Месечината, повторно ќе ми биде шешир и денес. Смирена, прибрана, со поглед некаде далеку. Многу далеку, морам да признаам.
     
    На renata77, anabel-a, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Ем Љубов ем Алкохол ^_^

    И додека речиси заборавив, со цедење „среќен празник“ низ пената и четката за заби, од другата страна на телефонот добив „те сакам“ и од душа искрено гласно кикотење кога му текна како јас го сфаќам славењето на овие два празници :wasntme: Хм, нема поубав поклон :D

    Ем Љубов, ем Коњак, ем водење Љубов *смајиштонамовнува* бррррррррр... :inlove:
     
  16. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Ако не можете да бидете среќни, бидете пијани.
    Среќен СВ.Трифун.
    [​IMG]
     
    На kala21, sweet-star, Umbrella22 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Св. Валентајн - ден на лигавењето...
    Прво, ова е католички празник, а во Македонија не живее католичко население...
    Второ, католиците на многу глуп начин го слават.

    Јас денес „прекрасно“ си поминав на физчко....Оценуваше скокање на глупиот јарец... Но пред да не оцени, требаше сите да скокнеме по еднаш...ЗАтоа што НЕКОЈ не си ја вршеше работата јас си треснав и заработив неколку модринки, истегната нога, прашина и тројка по физичко (бидејќи потоа многу лошо скокав затоа што бев „во лоша состојба“). :lol:

    Потоа, на последниот час класната мораше малку да не малтретира затоа што некој глупак на часот по информатика (како што реков, наставничката е мирна, кон мутава) го наполнил со грицки и амбалажи. :rofl:
    Па потоа за да не исплаши почна да зборува како ако оној што го направил тоа не признаел, сите од класот ќе добиеле опомена. Ми мириса на комунизам. :fubar:
    А не дека тоа ќе се случи.
    Но, можеби бев малку сомнителна затоа што додека класната викаше, јас се кинев од смеење. Не можев да престанам, посилно беше од мене, Навистина е глуп чекор да го наполниш компјутерот со грицки. Никаква креативност нема овде. :lol:

    Туку ајде, петок е, Св,Трифун, па да не се нервирам.
    Нека ви е среќен празникот (Св.Трифун, освен ако не сте католици, а верувам дека речиси никој не е).
     
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Ме иритираат она статусите на фејсбук
    Немале дечко за велентајн |( ,алоо па некој мајка нема за 8ми март.

    Православна христијанка сум и не го славам денот на вљубените.Треба секојдневно да си ја искажуваме љубовта спрема оние кои ги сакаме, а не ова бла бла бла..Си имаме наш празник за љубовта Вера,Надеж,Љубов незнам шо мајка бараме да ги славиме католичките празници.
    Не пијам, мала сум уште :D така да и Трифун не го славам но секако сум за да се слави Св.Трифун а не Валентајн.

    Така да.. денес јас си славам петок, конечно викенд и малку одмор :D
     
    На cheetah.girl, Anabelle.Amorette и QueenElena им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.840
    Пол:
    Женски
    Во Македонија иако поголемиот дел од населението се декларира како Православни Христијани,исто така има и Католици. Само во мојата фамилија има неколку Католички семејства,така да нареден пат пред да сакаш да омаловажиш некого заради својот избор на празнување информирај се . ;) ;)
    Друго нема погрешен и глупав начин на празнување. Секој празниците ги доживува онака како што душата и срцето му налагаат и ги празнува онака како што тој самиот смета дека треба да бидат празнувани. Тоа е исто како Католиците или Мулиманите или било кој друг сега да каже дека Православните Христијани на многу глупав начин го празнуваат Божиќ и Велигден.

    Не ги славам денешниве празници,но ке се водржам до хејтање на истите. За мене и двата празника се многу убави. Ден посветен на најчистата емоција која ја носиме во себе-љубовта, љубов кон себе,љубов кон партнерот,љубов кон најблиските,љубов кон доброто вино и храна, љубов кон животот. Во оваа трка со времето со која сме секојдневно соочени,со ова секојдневие исполнето со грижи и секирааци,со оваа тмурност во нашите животи потребен е ден кога ке заборавиме на се лошо и ке се посветиме на искреното љубење. Потребен е ден кој ке не потсети дека во животот има други поважни работи од работата,парите,сметките... Потребен е ден кој ке не потсети дека среката доага од срцето и од душата,дека среката е бакнежот и прегратката,дека среката е насмевката на најблискиот.... Ден кој ке не потсети дека среката е во малите нешта и дека тие се оние кои го прават животот голем и вреден за живеење.

    За мене срекни се оние на кои секој ден им е посветен на љубење.Оние кои секој ден успеваат да измамат насмевка на нечие лице и оние кои секој ден успеваат да најдат начин и преку намалата ситница да му покажат на партнерот колку го сакаат и колку им значи. За останатите кои се изгубиле некаде по патот на животот,денешниот ден нека биде нов почеток ,нека биде нова страница од вашиот живот кој секојдневно ке ја исполнувате со љубов. Чиста и искрена љубов.

    [​IMG]
     
    На Barbie20, MandyLane, Dog-lover и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Вљубените слават Валентајн,среќен нека им е,љубителите на алхохол слават Св.Трифун и нив нека им е среќен празникот,а јас што славам петок,нека ми е среќен викендот. :D
    Да наздравиме во чест на петок,да живее петок,УРА. ^_^
     
    На Kaylie, Someonespecial, Anabelle.Amorette и 1 друга личност им се допаѓа ова.