Цела кујна хаос, маса не се гледа од што има премногу ствари ставени врз неа. Цела работна маса прекриена со сите состојки за јадењето внимателно насечкани, сортирани и зачинети. Тој - во свој елемент како да е македонскиот Гордон Ремзи и на секое прашање да помогнеш ти вели седни си и уживај си. Разбушавен со крокс за по дома на нозете трча на сите страни и брза да го заврши јадењето. Па нема нешто посекси од маж што готви бре луѓе.
Овие празничниве реклами вака предновогодишно што почнуваат да ги прикажуваат, дом, семејство собрано на трпеза... епа за некого се топлина и радост, за некој друг празнина и тага. Ај среќни празници.
Сдк.. Многу сум опкружен со исфрустрирани и хистерични женишта и ми се голем терет... Сдк2...Па уште мислат и дека се пример за светот...
Отворам денес Линкедин, и гледам порака за работа во некоја компанија. Не дека сум заинтересиран за работа, ама во последно време се поретко се случува да се добијат понуди... И чисто од љубопитност ја отворам компанијава да видам со што се бави, и прво нешто што ми падна во очи беше: "We provide technology for Ukraine military defense" Дали е ова предизвиик што треба да го земаааам?
Апсолутно. Ако ништо друго ќе ти овозможи инфилтрација во милитарните редови, па со малку конекции и среќа ќе стигнеш до позиција воен профитер.
ДА! Нема што да се мислиш воопшто. Кај ќе се пружи ваква добра шанса пак? Мислам еднаш рече дека си ја пропуштил шансата за да идеш таму, еве ти пак, и со милитанти нешто поврзано? Wow, јако. За Украина се работи ејјј Украина. Врти сучи све околу Украина, има нешто тука. И после тебе те нарекуваа русофил, а Украина те прогонува цело време. Спојлер
Добро, во некои теми стварно не се некои ок со мислењата и срам ми е кога ќе прочитам што глупости трескаат.
Тања ќе го има последниот збор. Ако се сложи, прифаќам интервју. Шала на страна, почнав нова работа пред помалку од година дена, не ми се менува, освен, нели, ако не е некоја сулуда понуда која не се одбива
Денес брзам накај работа да не закаснам и во меѓувреме застанав 5 минути да изгалам едно мило маче. #приоритети П.С. Пак на време стасав
Не сум видела ваква епизода, во јавност. Психотично и хаотично. Бог знае што им се случува на луѓево...
СДК дека денес цел ден се смеам со изрекава, цел ден ко песна ми е во глава How to politely tell someone they are stupid: Wisdom has been chasing you, but you have always been faster.
Ниту јас не сакам елки, китење, а си сакам да си декорирам, купувам некои украси, екибани за на маса. И јас си мислев само јас не сакам елки. Во последно време мразам Нова година хаха, исто како и секој ден, дури обичен ден нема напнатост кој каде ќе оди, бил.
Уф не знам дали е во ред или не ама добри неколку месеци, не гледам во луѓе. На улици, во локали, по слави родендени церемонии свадби, не се загледувам. Како машко во ред е да се загледам во женско ама не. Игнорот ми е ставен на максимум а границата меѓу игнор и увоболие е тенка. Дали ми дошло преку глава, дали е некое потсвесно глумење лудило или е избегнување на проблеми и стресови не знам ама верувајте дека е поубаво, поголем мир на умот и душата. Колку помалку загледување толку подобро. За приоѓања и да не праиме муабет.
Сакам да кажам дека денес е Петок. Никогаш толку брзо од хипер фокус во работна недела не сум прегорела.
Врв на дебилизам : Му го честиташ вториот роденден на синчето, со слика од операциона сала, кај што сестрите го држат него во раце а ти лежеш таму тро подалеку, на операциона маса со докторите околу тебе. Сликата е објавена од болницата иначе, па ајде да се пофалиме у која се породивме. Боже, прости ми, не можам да се воздржам.