Додека ние ќитиме елки и правиме планови за празниците, една мајка и сестра се соочуваат со незамислива загуба, И оговарања и оговарања и оговарања од еден куп непознати околу нивното најсакано кое нема никад да го видат. Аман толку ли е досаден животот, што се добива веќе со разглабање на нечиј туѓ приватен живот? Нè информираа дека нема некој рендом лудак што граба деца, веќе нема што да копаме по нечија приватност, никому ништо не мења. Глејте вие да сте поштени и да не се плеткате со секакви, и уживајте си во мирниот и монотон живот.
Обожавам да читам или гледам интелигентни луѓе кои имаат што да кажат. Еден од нив е и господинот Љубомир Гајдов кој можам да го слушам и 3 дена да си збори нема да ми биде досаден. Да се обидам да издвојам некои точки за кои збореше , ќе ги цитирам оти се негови зборови, а целиот клип трае бааги време ехеее, има многу работи што да каже човекот. "Во мај месец следеа избори, ама кога Заев го прати во Америка Фрчковски = атентаторот на Глигоров, американците му рекоа на Заев : маршшш, ти многу не навредуваш што праќаш у Вашинготон атентатор на шеф на држава и од таму доаѓа идејата ….немате парламент, имате 2 влади, македонска и албанска и за тоа е спас само голема коалиција ......Утредента оди Заев во тв слободен печат изјавува : треба да направеме заедничка влада ако треба и без мене и најавува дека дава оставка....инаку не е будала да си дава отказ но поради Америка....." "Знаете ли кој има најдобри автомобили во цел свет? КОРЕЈА 14, 5 % во буџетот оди за образование плус родителите плаќаат 3, 5 % === 18 % во таа инвестиција во памет, образование. Памет + пари + менаџмент ////мора да имаш кој да те води , ако немаш лидер во државата, безредие, значи се бира лидер и он гледа каде ќе биде државата за следните генерации, ќе инвестира во образование..." "Америка преку Нато сака да инвестира неколку милјарда долари за економски развој на балканот и дел од тие пари секако и за Македонија. Но знете кога : рекла кога ке ги тргнеме овие апаши во Мк, ќе ни ги украдат парите ..а од кај знаат американците дека нашиве крадат :: се иде компјутерски , не ги носат парите у торба , жиро сметки и се се гледа каде одат парите кои каде си префрлаат и крадат. Зошто луѓево се мисли на власта македонска крадат ? Па дека нема да ги фатат у МК ==нема закони во државата...." Алал да му е на човекот, со восхит го ислушав, уз пат спомна и на теми Европска Унија, пријателство меѓу Израел и Македонија, ,кога ќе можеме да си го вратиме името пак во Македонија ..... Топло препораувам да се изгледа клипот кој има време.
Не знам кои се покомични и по за жалење дали они или личностите како тебе тука тебе го мислам на слично мисленици секако. Дали толку се дигате во облаци што мислите дека ако сте заминале Днк сте смениле па сега не сте Македонци туку се друго па мислите сите за пари и корист ве бараат не знам. Ама трагично е. Јас со години живеам надвор и никогаш ова не сум се осмелила да го кажам и тоа да не ни објаснувам што работам и се. А некој ако треба ќе отрча и во Мекдоналдс или сл. ќе работи ама одма мисли е од Белиот свет па си дава за право вака да коментира за луѓето со кои до вчера дишел ист воздух. Каде и да одиш и во Тумбузија оди менталитетот со тебе ќе те издава каков си. Не е Македонија крива за простотилукот што расне во неа.
Денес дознав дека не сите луѓе го слушале константниот звук на електричните уреди, сијалици, техника...Во шок сум.
Какви глупости пишуваат во темана за исчезнати, ми се гади од оговарувачки менталитет, па и од форум, од сè, ми доаѓа да се повлечам на секаков начин у животов, да баталам сè, никој да не ме знае, никого да не познавам, пошо сите очигледно само ги интересира драма и туѓи маки, и само гледаат да мудруваат без никаков осет.
Омг има Pasion De Gavilanes на Нетфликс! Дали да избинџам 200 и кусур епизоди згодни мужи, згодни жени и добра музика?
Нема да згрешиш. Јас имам и цд со песните од серијава. Го даваа со весникот Време. Најомилена песна ми е оваа
За некој ден е св. Климент Охридски и и низ училиштата низ Македонија, се слави. Музички настани, поетско читање и сл. Можеа барем до понеделник да почекаат. Не е вкусно, воопшто. Дечките од Коменски тагуваат, се потпишуват, а другите се веселат. Воопшто не е вкусно и достојно.
Св. Климент што е сега во петок, да, добро е да се одложи. А може да се одбележи и без музика и веселба. Може да се чита поезија или нешто говор да се одржи и толку. Само, кратко ќе е тоа, дали вреди за толку да се организира нешто.
Според мене, не е воопшто умесно. Нека застане директор да одрже говор и се да се одложи. Не е убаво, навистина.