Дефинитивно НЕ. Да можев поголемо „не“ да напишам, ќе го напишев. Не смее да се дозволи да престанат веселби заради одвратен настан. Имајте во предвид дека ова го следат мали, млади, кревки луѓе кои фали да им се укине нешто за кое веројатно се спремале цела година... Во никој случај не смее да се дозволи немил настан да одложи нешто позитивно, уште повеќе заради тоа што се работи за млади луѓе кои верувам дека се потресени од ситуацијата. Има период за тага, има книги на жалост, има посвети, денови. Ама патронен празник не треба да се укинува, уште помалку заради ваков одвратен настан. Тие млади луѓе не се виновни за ова и не смеат да бидат (на некој начин) казнети за тоа.
Одложување, одложување. И не 'казнети'. Деца се, треба да ги учиме на вредности, девојко. А, сега да беше патрон празник таму за некој ден?
Не можам да ги слушам македоснкиве новинари кога зборат у Србија на српски, ушиве ми крварат, аман збори си на македонски нека најмат превод нивен проблем ако не те разбираат. Ниеден народ не се понижува ко ние што се понижуваме!!! Сте слушнале Бугарин да свитка опашка да збори на српски у српска емисија - НЕ они си цепат на бугарски, али они не се предавнички народ само ние се приспосубаваме на други.
Баш мислев, дете не треба да знае за ова што се случи. Вакво ѕверско нешто не треба до детски уши да дојде. Тоа на децата што ја знаеле и познавале не треба детали да им се кажат, не па на непознати. Дете да те праша зошто нема патронат и ти да му речеш дека девојче убија? Не мора други деца да тагуваат, сепак се само деца. Доволно е што нас возрасните ова нè скрши...
Нормален развој на личноста е да развива емпатија, порано или подоцна сами ќе дознаат децата, нема цел живот во стаклено ѕвоно да ги држите. Со егоистично размислување само апатија се постигнува.
На дете некои работи не се кажуваат, а тоа пак ќе си развие емпатија ама за монструозен случај не, не треба ни да знае.
А, тоа што на децата им се достапни сите информации бидејќи мобилните им се в раце уште од 3 години? Во школо, сигурно ќе се дознае, и ќе се слушнат муабети. Како еве пример ти, би ги заштитила децата?
Зависи за кои деца зборуваме. Дете од прво одделение не буричка по интернет. И да користи тик ток, си има одредени работи што ги гледа и алгоритам. Дека нешто се случило може ќе слушне од некаде и ќе си ја праша мајката, ама сигурно нема да се му се каже што ТОЧНО се случило.
Не пишав прееска, бев негде трето, четврто одделение. Едно дете почина, преку ограда од трет спрат внатре во школото. Дали некој го турна, дали.. Не знам, не памтам. Знам дека, нема допирна точка со ваквиот случај. Но, кога бевме поназадни, со технологија, се дозна, не па сега. Во ред, за деталите. Точно,зависи од возраста. Но, сепак, ете...
Дечки, колку и да е тешко и потресно сепак треба да продолжи животот, особено детскиот. Веќе има повеќе од доволно материјал да развијат емпатија. Веќе две недели одат со стрес на училиште, изминатите 3 дена сигурен сум дека многу работи требало да им бидат објаснети, и им биле и од родителите и од наставниците. Петок е веќе релативно далеку од настанот, и не верувам дека некој сепак во школо журка ќе прај. Св.Климент и начинот на кој го празнуваат во училиштата е малтене културен настан а не забавен. Продолжување со животот не е рамнодушност. Станете од тастатурата и одете на протест, затоа што ако некој може да смени нешто тоа се возрасните. А децата, после вакви настани е многу битно шо побрзо да се вратат во нормала.
Дете можи да развие емпатија на 1001 начин. Смрт на друго дете не е начинот/неопходно. То е траума, не јачање на дете. Ако можи најмалите да не знат за ова - то е идеално. Впрочем затоа идеално е да не се гледаат вести пред нив, да не се коментираат актуелни настани и сл. Не секогаш можат да ја разберат ситуацијата, па ја толкуваат по свое и тоа остава белег на нив. Апсолутно сметам дека треба да има патронат во училиштата. Оти е ЗА децата. Повозрасните деца веќе и знат и се свесни за настанот. Можи да направат литературно читање во име на Вања. Ама позитивни настани треба да ставаме повеќе во живот на деца, особено после нешто лошо, а не да ги кратиме.
А, да ве прашам, еве вие сте директор на Песталоци. И ве канат на патрони празник и пу пу не важи, идам? Вие сте, еве ученик кој треба да настапи со песна на патронат и е ви биде убаво на душа да пеете а ете таму негде во Скопје, се случи трагедија. Како не е забавен? Нема музика? Нема танцување? Барем до петок можат да почекаат другите училишта и да одложат за нареднава недела. Ви се молам.
Субјективно е твоето мислење во однос на потребите на децата. Го гледаш низ своја призма и даваш видување како мислиш дека е најдобро да биде, за да си дадеш време емоционално да се помириш со случајот. Си има педагози и психолози да се занимаваат со тематиката. И ден на жалост кога има, не престанува све, туку едноставно се менува тоналитетот на настаните.
Реалноста е дека животот продолжува, засегнатоста е само на оние кои се директно засегнати.. родител/матично школо/другарки/роднини итн… Дека на дете ќе му објаснувам детално нема, се знае како се пристапува, се внимава на зборови . Емпатија/култура се учи од мали години, затоа и постои родител од мали нозе го усмеруваш…
Можеби. Но јас, би почекал до понеделник. Концерти се откажаа, драмски претстави (културен настан) се откажаа. Не знам нашите училишни партиски "педагози" и "психолози" колку досега работеа со децата, па не отсега. Немам верба во нив, искрено. Зборуваме за ОДЛОЖУВАЊЕ. Сепак, секој со свое мислење.
Во никој неаме доверба... Ама иаме во Петко Трајков и во Трајанка Стојкова на Фејсбук шо ќе пренесат рекла казала муабети. Од CSI професионалци до психолози и психијатри сите. И двете крајности се забегани.
Првично, вака го прочитав, шо и не е многу далеку од вистината. #дасенасмеемемалце #којсесмеенегубиодлепота #работитесеприличнозабеганидонеповратиначе
Ми фалат овие серии најсериозно, да пуштиш мозок на пасење. Ќе додадам некоја од нив на бесконечната листа на серии и филмови што сакам да ги гледам.
Досега ги бранев мамичките кои мислеа ако родиле дете, постигнале се во животот, но ситуација денес ме изнервира. Имено, чекам ред во кантина на аеродром, пет часот сабајле, пред мене двајца порачуваат и додека они прават нарачка, правам чекор на страна за подобро да видам на излогот што се нуди и цена. Позади мене, мамичка што мисли дека има право на се, ја гура количката на моето место и технички доаѓа она на трето место да чека, а јас како да сум тогаш дошла. Нема врска, одлучив што ќе нарачам и во обид да се вратам чекор во редот, мајкичкава со безобразен тон ми вели: Ние сме на ред, со дете сме не гледаш. Во моментот не изреагирав никако, се изненадив на проститулук и само кажав ок, нема проблем. И она таква горда, извојувала победа, нема да чека триесет секунди после мене да нарача. Секако можев да кажам, душо, јас бев тука на ред, или и јас а играм на таа карта и да и кажам, океј ти си со дете во количка, ја сум бремена, сега што правиме, но едноставно одбив на простотилак. Среќа дечкото, што беше на каса примети ситуација, и кога дојде она на ред, он ми се обрати мене, па нарачав и платив и само преврте со очите за мамичкава, во обид да ме утеши. Не знам од каде толку безобразлук во луѓево, нестрпливост, неучтивост.. Кога се преобразивме во нелуѓе?
Сдк дека ова е стварно болен народ. За мк зборам. Имав една јакна шо ја купив во мк, не баш за ефтини пари, и бев ја заборавила кај една другарка. Е сеа, една друга "другарка" много и се допаѓаше таа јакна и отишла си ја земала од кај неа. И ај ништо не реков, две години си ја носи, гајле нема. И некни и кажав, сакам јакната да ми ја вратиш, ако треба ќе ти ја платам. Луѓе, да видите тоа лутење, цркање, се налути оти си ја барам мојата јакна назад. Ама сега, инат ме фати и ќе си ја земам. Божее, ќе си го побараш своето назад па и се лутат.