Неможам да ги разберам луѓето кои се мешаат во туѓите животи. Значи се би направиле само за да дознаат нешто повеќе за некого. Нешто што најмногу ме нервира е следново. Поминуваш по некоја улица за првпат. Нормално дека ќе има некои луѓе кои седат во двор. И сега, мора ли да го изгледаш од глава до пети тој/таа што поминува бре? Па и на сето тоа во лице да го оговараш. -Леле мори Маре, која е оваа? Првпат поминува тука. Аааа има нешто. Де жени, нели ве срам да оговарате така? Сте ги начукале по 40 години, тие само гледаат да оговараат некого. Немате свој живот? Ајт таму сиктер.
За мене есента започнува кога ќе почнам косата да ја сушам со фен. Вечерва почнав значи од вечер есен е Конечно почнаа да ми растат кркмите и кога си ја сушев косата не знам како почнале да се тргаат на страна како опавчиња и сега како був сум. Добро е што косата ми е права барем не треба да ја пеглам, зошто многу мачно ми изгледа за одржување виткана коса, посебно локниња такви ситни убавки. Дали заприметивте дека во Кока Колата ставаат помалце јаглероден диоксид и помалку е газирана. Преѓе со тетка ми дебатиравме на оваа тема и кога не слушна мајка ми ни вика добро вие како зависнички најдобро знаете ццц. Па што смешки имаше кога стигнавме кај тетка ми... Го качуваме куферот горе и ни вика ајде да пробате едно слатко што го донесов од Тасос со смоква и мед од бор. Јас пробувам и викам мм ми се допаѓа овај мед, не е кaко тој од пчели... и се смеат а oд што е ми викаат од стршлени... На бегање тетка ми не носеше дома и пред да излезиме ми вика лелеле сега ќе си го земев куферот, не знам кај ќе одев Хахахаха
Е ме насмеа со ова зашто јас никогаш не ја сушам, дури ни зимо ако не треба да излезам после тоа. Значи нема ни есен ни зимо за менееее.
Мојот збор е потежок од се што набројавте, боли до ј*јца. Планирам бомбаш да станам хахахах полесно е од фитнес. Нема мака, вадиш осигурач и фрлаш едно од помалите ѓулиња, ај и онака проаѓа без поголеми инциденти во стил на кик бокс. Фала ви Отидофме офф.
А пази, поминуваш по улица онака стокмена шишеросана и слушаш: Еве курвата оди да се курва, а јас гавата само горе и колку што можам повеќе тропам со штиклите, ама сега ни опинците не ми ги гледаат оти нели моторизирана сум. Е јбга што живеев во таква средина на непродуктивни луѓе. Немој бе за годините (јас имам повеќе)тие не се важни до сењачината е.
Абе бидете реални дека по селата е така. Во село (зборам поготово за помалите) каде што сите до еден се знаат, кога ќе видат непозната кола или човек невозможно за нив е да не се свртат. Не е простотилук, така се навикнати. Дури и „добар ден“ ти викаат што е многу убаво и тоа во град го нема. Секако ако зборевме за село бидејќи кога си ја замислив ситуацијата ме асоцираше дека се работи за село. Бидејќи ми се случило тоа во кое село и да сум поминала. И друг е менталитетот, не можеш да бараш некој што е навикнат да гледа секој ден исти фаци, кога ќе види нова од култура да врти глава. Едноставно е различен животот и тоа е тоа, не е ништо лошо ниту пак за чудење.
^^ Не се работи за селото или градот. Такви луѓе ги имало, ги има и ќе ги има насекаде. Едностнавно, до луѓето е, не е де местото на живеење. И во селото и во градот има и љубезни и нељубезни луѓе. Нема никаква врска.
Стигнавме и постапалките да ги разнесеме денеска, конечно. Со задоволство направив една цела колекција чевличиња за малите ножиња Дел од нив:
Не можам да разберам, како некои луѓе си губат време, размислувајки, интересирајки се за тоа што, како и зошто другите правеле некои работи и сл., како си трошат енергија за тоа, да се преокупираат со други луѓе, не ми е јасно, а од тоа, нема никакво фајде, нит Оскар даваат, нит Нобелова награда.
Меморирав некои документите на екстерната меморија и го здогледав фајлот со слики. Вистински момент да избришам некои слики помислив. Го отворив првиот албум и започнав да селектирам слики и да ги сместувам во корпата. Една по една. Таму каде не бев сигурна ја погледнував сликата. Една уште една... Излегов надвор и удрив делит на цел албум, а потоа на цел фајл слики. Нека идат у бестрага.
Поубаво од сама да се офарбаш очигледно е љубениот да те фарба. Додека чекам другите да ме офарбаат, јас и миена ќе бидам ако сама се фарбам. Јас сум прилично брза и живчана, па на фризер не можам да доседам, сите други ми се пипави и ме фарбаат саат и нешто. На крајот сите сме незадоволни. Него мака ми беше на почеток кога сама почнав да се фарбам што кога ќе ги извадев очилата ништо не гледав Оние што ги носам нон стоп не ми се мачкаа, па сега имам едни само за тоа
Марамке убаво моме, и Озбилна е прилично брза и живчана, па на фризер не може да доседи од иста причина.И јас би сама да ми е малку пократка.. ама кога си го имам љубениов зош да си се мачам Добивам бесплатно фарбање, дремка, сон, ма на крај пуштам мозок на пасење Ај жити младоста не и се смеј на Озбилна, дај нареден пат пушти го нека игра со косата
Ветерот и дождот си играат со мојата коса,додека забрзано го барам чадорот капките ми ја милуваат кожата,тој ме држи за рака и прескокнуваме вирчиња,дождот и ветерот повторно си играат со мојата коса правеќи бранови,а јас мислам на оние летните кои ми недостаигаат,и истовремено колку ја чекам есента.Нејзиниот здив кружи околу мене,во паркот мирисаше на ајвар,цело соседство ми се чини направи.Тогаш можам да го насетам почетокот на есента.Тој мирис ми стои заробен во сеќавањата.И календарот би го заборавила само ако мириса на сок од вишни и слатко од тиква.На прагот е,си велам.Кога есента доаѓа,и го отвара своето ковчеже од милион лисја составено,го прекрива градот со нејзините најсилни бои,и тогаш улиците ги преплавуваат луѓе со забрзани чекори и разнобојни чадори. Јас ги бојам деновите во боја на љубовта иако никогаш нема да знам која е нејзината боја,можеби се милион бои кои немаат име и истовремето се нарекуваат љубов. Со него ја наоѓам среќата во малите нешта.Ми ги бои деновите во боите на среќата. Го нарекувам љубов. И љубам.