Форумов уствари е олицетворие на она што сме ко народ. Ако тука се џилиткаат, безобразни, без осет, оговарачи, сееирџии којзнае какви се во живо. *****дабетер После се нема луЈџе, па ко за почеток ни ти не си човек, како очекуваш да најдеш некој со твои очекувања , а да не се погледнеш себе. Пф
Можеби некому ќе му е чудно, но си гледам јас вакви приказни за животинчиња на you tube, без оглед диви или домашни... Сите тие уживаат во друштво на нивните сопственици и обратно , но и со останатите миленици.
Потсетник за по барем една недела оти сега сум преморена, ама сакам да зборам за true crime како жарн и опсесијата на човекот со морничавото. Ова ептен ми функционира оти ако не неделно, на две недели си читам последни неколку мислења скроз нарцисоидно. Денес и на работа слушав на темава и ушт епоќе зацапав. Толку нагон да ја зборам ама толку малку ментална енергија ми е останата. И последното шо сакам да го кажам е до моите другарки (и другари) кои ми вршат булинг: н е м а м дечко. Помирете се, не чини да сте делулу.
Ако седиш и добро слушаш (или пример на форумов читаш) какви коментари се даваат на нечиј туѓ физички изглед, многу лесно можеш да дознаеш кој каков личен комплекс си има
Не ми се верува дека постојат луѓе со начукани у гз 30, кои оговараат позади грб други луѓе * читај * пријатели. Па веќе кога си пуштила јазик, што не кажеш лично? Бога да чува, заостанати осмоодделенци.
Ова инфлуенсерките на слики што седат во зима само со џемпер на голо плус гаќа и чорапи, колку им е сметката за струја/греење?
Зависи каде живеат и на што се греат. Една соба со парно е многу лесно да затоплиш. Цел спрат од куќа - малку потешко. Или ако се наоѓаат во Флорида, секако дека ќе седат така.
Зависи колку заработуваат од реклами. Па од тука може да повлечеме една паралела колку проценти им е од платата. А колку му е на обичен вработен. Затоа и се накотија.
Никогаш нема да ги разберам оние што на пар во врска ќе им речат - сега ви е убаво, си уживате, ќе видите во брак проблемите кога ќе дојдат. Па ти мори Славице што не се разведеш ако само проблеми ти донесе тоа мажење?
Денес славам 9 години на Фемина Форум. Девет години како ви досаѓам, како ве нервирам (Реин поготово), како делам памет, приказни, може некого сум го насмеала, некого навредила (ненамерно). Некогаш знам да спијам овде, некогаш да ме нема со месеци. Ама како втор дом ми е и секогаш му се враќам. Да ми се множат годините. денес на мој рачун сте
I Една е ситуција да е бездомник и сосема друга ако е муслиман а одговор на твоето прашање, така практицира не сите секако зашто е погрешно на многу нивоа, ама кој кажа па дека е нормален или можда не му чуе за закон? Така да има врска, не е пишано колку да се спомне муслиман само сигурно.
Не ги коментирај да не ти залепат „осетливите“ етикета дека им љубомориш ко што знаат во темава. Или поткажувачките да не те издадат на некоја инфлуенсерка.