Полека, полека, како се пронајде во ова? Не чисти де, кој те тера, сите си имаме свои приоритети, кога се сака се има време за се, секој како си сака прави. Па знам и јас такви што скапо им е 2.000 ден за чистење. Не трошела ништо бе чистачката, а трудот нели се цени? Не си само ти со деца, си кажуваш за тебе, а јас за мене дека никој не сакам да ми се плетка во кујна, ниту мм, ниту мајка, ниту свекрва. Толку!
Па платен и е трудот. Не кажувам само за мене,општо ти доловувам ситуација каков е животот со деца и без деца. Секоја чест како не ве мрзи по цели денови да озборувате на форум свекрви и остатокот од луѓето за тоа како го живеат животот.
Би додала дека не мора ни фамилија да имаш за ако сакаш да викниш некој да ти чисти. Секакви ситуации има, секој си има различни приоритети.
Овој период пред и околу празниците, декември-јануари, откако “пораснав”, многу ми е носталгичен и… bitter-sweet. Ми фалат моментите со луѓе шо ги нема веќе, а и со тие шо се тука ми фали да поминувам многу повеќе време заедно, како некогаш..
Не сфаќам како нашите родители, конкретно моите ќе ги спомнам, оделе на работа цело време (откако знам за себе моите се вработени), шест дена во неделата по 8/9 часа, и нас време ни посветувале, и чистеле дома и ручек правеле и стигале се’. Ние денес сме големи мрзи. Познанички сега брзо стапени во брак кои работат само прва смена до 16 часот се жалат дека немаат време еден ручек да спремат, а немаат деца сеуште и едвај чекаат да одат кај нивните на ручек да каснат вистинска храна. Мислам, стварно е срамота. И за чистење се стига според мене, ама секој со приоритетите.
Немој, ќе ти се нафрлат сега зошто ти имаш различно мислење од нивното. Сакав истото да го пишам, ама сега имам многу поважни работи отколку да докажувам. Немаме деца се уште, ама имам многу блиски со 2, па и 3 деца, еве на мм братучедка работи во конфекција, напорна работа, остануваат некогаш повеќе, има деца, одат во градинка и сама си чисти. Ние што си чистиме дома демек немаме приоритети. Ако е така и да не јадеме, зошто се немало време, и да јадеш треба некој да зготви, а жена за тоа па ни најмалку на памет не ми е, ама да, заборавив, има ресторани, што ќе се готви дома. Комшика си има дуќан и цел ден е таму, маж и работи само прва па се тој чисти, за викенд заедно а имаат 2 деца, женава освен што има дуќан, не би кажала за што е, од сабајле до вечер е таму, откако ќе дојде дома прави колачи по порачки. За се се има време ако се сака. И знам дека е потешко со деца, ама и тие со деца што ги познавам и работат, и чистат, ручек прават, носат деца натака навака и пак имаат време и на кафе или ручек да седнат. И не е до парите, има да плати хигиеничарка ама не сака дома некој да и се вртка исто како и јас. Многу ги потценуваат хигиеничарките, а да не се тие кој ќе им чисти?
Некој што бил на Малдиви да ми објасни како им текнува вакви хаљини да стават во куфер? Ох животе за на инстаграм. Дали луѓето веќе прават нешто за самите себе, дали знаат квалитетно да си го поминат денот или се е сведено на ваков површен живот?
Среќен нека ти е роденденот. Татко ти нема никој да го врати, ама се надевам дека ќе имаш луѓе кои ќе те натераат барем за малку да не мислиш на неговата загуба. Тоа би била мојата роденденска желба за оваа година. и понатаму...
Децата се валиден изговор само додека се на бебешка возраст. После тоа, глупо е. Божем бездетните немаат обврски кои им го земаат поголемиот дел од денот.
Среќен роденден, ти посакувам убавини кои ќе ти ја пополнат празнината, колку што може да се пополни. Ова ме потсети на мојот 29ти роденден. Толку не ми значеше ништо, толку ми беше сеедно, што ниту прославив ниту почестив некого. За прв пат во животов не одбележав роденден. А не ми беше толку тиња период, полошото дојде два - три месеци подоцна. Животе, вино скиселено.
Сакам да пишам совет за кој сака. Кој неќи - нека не отвора. Spoiler: Совет за кој сака Пред да пишите дека нешто е напад најобјективно застанете и прашајте се кој дел ве афектира на лично ниво. И зошто. Ако немате одговор - не е напад ама го доживувате така. Следно прашање е да видите зошто го доживувате така и кој дел е тригер иако нели, не требало да се доживеј така.
Не е исто без некои блиски. Знаеш оние големи трпези со сè што сакаш. И нешто што нејќеш, ама те тераат да го пробаш. Направено со љубов од домаќините или секој донел по нешто. Куп луѓе собрани, цели насмеани. Па мацо и куцо љубопитно мавтаат со опашките околу. Па, забавниот вујко или забавната тетка кажува вицови или смешка од нечие детство. Па, зборат за тебе како си кажал некој бисер или направил нешто во рано детство и инстантно пропаѓаш во земја иако не се ни сеќаваш јасно на тој момент. Тоа ми недостасува. Порано не можев ни да замислам дека месециве ќе ми се болка поради загуби и трауми. Ама, животот е кучка.
Воа алабер извадок од црнобело, парот си платил за статија... За хаљината не знам, едноставно не можам од вакви луѓе. Не ми е јасен народов што е опседнат со луксуз, сѐ што прави прави за перформанс.
СДК , додека форумџиките си ги вадат очите и не знаат да се дружат макар виртуелно, јас да пишам кои 20 членови беа најактивни во оваа 2023 година чии никови ми излегуваа често кога отварав фемина форум: @Adidas888 @Mrs. right @SummerGirl @Biljarkata @Bratot @Munchmallow20 @nextredstyle @Anyshka @Mnik @Tanjamm @Hisha @Spicy Senorita @JuLleE @Gosh @1209 @INNERBEAUTY @Angie1432 @Aнонимус_ @ALISA0000 @Feminka22 Значи , ова се членови кои нон стоп беа активни во тие теми кои јас ги читам и затоа од моја гледна точна цело време нивни коментари ми се појавувале. Деновиве кај и да е ќе се избира и форумџика на годината, па очекувам барем еден од овие активните да се најде на листата оти навистина имаат потрошено нивно драгоцено време да коментираат во разни теми. п.с. Убаво би било ако може почесто да пишуваат @Rama , @Dust , @referentka Членови кои фалат на форумот : @buba4e89 , @Bridget , @cresa-jagoda