Кога сме биле деца не сме размислувале дека тие моменти и собири за некоја година ќе завршат. Ми недостасува да е тука баба ми, да сме деца со братучедите и да се собереме, да отвораме заедно пакетчиња и играме пак сите заедно. Да нема скарани роднини поради парче имот после смрт на родителите и за тие пусти пари што се отепувачка. Сега кој со кого не збори, кого го нема веќе во овој свет, а кој си тера свој живот, сте се оддалечиле и немате ни контакт. Единствено што ме теши се зборовите на баба ми последните месеци пред да почине. Дека стигнала до 80+ години, проживеала и сега доаѓало наше време, да сме уживале во младоста и дај боже да сме проживеале толку како и неа. Среќна била што имала толку внуци и што староста и била исполнета со нас. Пак солзи ми течат додека пишувам, но пробувам тоа да си го мислам. Си викам можеби веќе не се собираме со поширокото семејство, ама фала богу родители, брат, дечко се тука. Да ми се живи и здрави тие, во моментов тоа ми е најважно. Ќе се сеќаваме на минатото и убавите моменти, ама во сегашноста и иднината само најблиското семејство ми е битно да ми е тука.
Воопшто не е срамота. Одиш на работа 8 саати, додади спремање, одење и враќање - околу 10 саати од денот само за тоа. Минимум. После тоа да се вратиш, да спремиш јадење, да јадеш, да измиеш, па да зачистиш, да средиш и толку, отишол денот. И тоа треба да го идеализираме, да имаме вкупно 45 секунди во денот за себе и за семејството? Ништо чудно што толку луѓе се константно преморени во брнаут, баш поради тоа што за 24 часа се очекува да имаш време за СЕ'. Тие луѓе што ги идеализираш сите се сега на терапии со години и мислат дека е скроз нормално да имаш хипертензија од 30 години. Не знам, го читам муабетов и ми е незгодно како тоа се восхитувате на мачење. Мене ми е мило што луѓе можат да си дозволат чистачка, да си дозволат готвена храна секој ден без да се замараат за садови и ручеци, да си дозволат викенди со шетање со семејството без да мора единствените два дена да им се за робување дома. Го посакувам истото за сите и да прекинеме да се осеќаме виновно за одмор.
Јас сум досадија жива. Кога ќе фатам да пишувам. Само со бан може да се спасите од мене А џабе што сум активна, кога не ме сакаат фала сепак мило ми е што паѓам некому во очи
Не ми е својствено и разбирливо да немаш желба да зготвиш нешто за семејството. Не ми е и нема да ми биди. А време за се’ се има, посебно ако сте само двајца со сопругот дома. Кој сака нека си вика жени дома за чистење и готвење. Мене би ми било непријатно непозната личност да ми расфаќа низ соби. Мислам дека сум способна една генералка неделно да направам во станот, не боли.
Па едно е да имаш желба и тоа да ти биде по желба, друго секојдневна обврска и да мораш. Ова тука што го зборите е секојдневна задача. Секој е способен да исчисти, нема што да си докажуваш на себе. Само некој има привилегија да си плати и да не се замара, што реално не знам кој не би го сакал, колку и да се натегате тука јас вака јас така.
Па и јас како што сум пребирлива за јадење, некоја непозната ќе ми готви, јас барем си знам што ставам во јадењето, тоа што си сакаме. И готови јадења да се пак ќе има садови, сигурно нема во порцелански садови да достават. За некои готвењето е мачење, за некои не, готват со љубов. Штета што не јадеме благо, и тоа би правела секој втор ден. А и хигиеничарката не доаѓа секој ден, 2x во неделата обично, и како го направија ова со чистењето како секојдневно да треба генералка да се прави. Не бе ние не шетаме нигде, само дома и чистење. Ако си одржаваш ќе си биде чисто. Или ако ми се истури сок, ќе ја викнам хигиеничарката да ми исчисти.
Прво престанавме да одиме кај пријатели дома,славиме родендени ,крштевки,дипломски,матурски надвор. Треба порано да резервираме зошто сите слават надвор. Сите се заклучивме дома. Кога последен пат слушнавте песна и галама кај соседи,па бука кога си одат дома во рани утрински часови? Порано имавме фиксни телфони,ке се затвориш во соба и со саати ке збориш потоа стигнаа мобилните,прво зборуваме и се јавувавме,сега поретко,се допишуваме. Дома имаме се за дружење сами со себе,серии,турски сапуници,нетфликс,форуми. Порано ни доаѓаа соседи на појадок,па пријатели на непланиран ручек,и планирање излет за 5 мин.Сега се со однапред договор барем две недели.Да се видиш со некој. Ај сврати на кафе кога ке се видиш со некој,сега тоа го нема. Кај смее некој дома да ни дојде?Надвор ке се видиме. Сега волшебниот вибер,со пријатели,родители,браќа,сестри, па види дали се појавиле двете сини штиклички. Па имаш опција да не поплават штикличките,а да ја видиш пораката,нели ти пишав ама не си ја видел/а пораката. Па можеш и да блокираш некој без да види нели?Па без грижи нема да види дека си го/ја блокирал. Дали гледате,па не,не гледаме, ставиле опција да не гледаме дека како друштво отидовме во П.М.
Се осеќам многу неубаво, секојдневно од моја генерација и помали девојки се мажат, раѓаат деца, некоја и второ… јас сум сингл, нерасположена сум зошто немам партнер, ми треба некој покрај мене како на секое живо суштество… сите како да си најдоа животен партнер ама јас не, не знам каде згрешив ама овај живот е тежок и не би сакала вака да живеам, подобро решение ми е самоубиство… Знам дека ќе речите се ќе си дојде на свое, не вреди за машко да си го одземаш животот и.т.н ама не е за машко туку е за мене, претешко ми е… ако ја знаете повеќе мојата приказна ќе ме сфатите, верувајте
Не гледам проблем во плаќање да ти чисти некој дома, и не мислам дека треба некој да се правда за тоа. Главно зашто правдањата се смешни. Други приоритети имате? Не, едноставно имате пари. На никој не му е приоритет чистење.
На муабетов за готвење едно е дали можеш да дозволиш во време и пари да готвиш или не можеш, друго е да немаш појма и во живот шпорет да немаш уклучено, а да се правдаш со време. И да, познавам стварно луѓе што НИЕДНО јадење не знаат да направат оти иделе на работа. Значи не збориме ретко готват ама знаат него не знаат ич. Инаку еднаш уз муабет со другарка на телефон ѝ викам "си правев ручек тоа и тоа" и оваа зачудена вика - чекај ти сама си готвиш? Викам да. Вика - па како ти даваат твоите? Мајка ми дома не ми дава ништо да правам. Останав спичлес
Нема шо спичлес да остануваш, има такви родители, еве јас пораснав без мајка, бев само со баба и татко, баба ми израснала два сина шо не им давала во кујна да влезат па така и мене ми праеше, не ми даваше да се приближам до шпоретот. Пораснав и незнаев ни јајца да си испржам, се сама научив, можеби не го праам баш убаво али се трудам.
Ајде сега ќе почнат со слики од новогодишни фотосесии и со слики од пред елката, дали дома, дали во ресторан.
Под проблеми мислат на сметки, деца, домашни обврски ко нели чистење, готвење Мислам... деца не значи дека ќе имам, сметки и домаќински работи секако треба да знаеш и сам да живееш. Башка тие "проблеми" ваљда се преполовуваат со партнер, не се појавуваат де ново.