Зошто ти смета тоа? Онака те прашувам, не знаев дека и тоа на некого го иритирало покрај толку други негативни работи во светов. Мене баш ми е убав периодов и тие слики на feed. Подобро да гледаме фотосесии од фамилии, бебиња, друштва, луѓе, колеги собрани од работа сликани пред елки и во новогодишна атмосфера, отколку да читаме за црна хроника случаи и да се чудиме што се случува со светов и државава. Нека се радува народот на нешто, малку убави и позитивни работи ни останаа...
Не знам зошто површен, си биле таму, се сликале и објавиле. Е сега моментов со праќање по портали ми е сељачко, другото е океј. Баш ваков би сакал јас, роматичен, да објавува прв на социјални мрежи и да се гордее. А не оваа инцел генерација на дејтови во кола, криење на врска и извини ама сакам ти како жена да пријдиш прва, па и да се тегни за да плати сметка, уште полошо. Подобро ваков, кој не му е шубе да го наречат папучар, него овие другиве кои немале пари за една роза за осми март, а и Валентин не го славеле. И да не продолжувам, доста е.
Те имам прочитано неколку пати, доста интересно пишуваш. Во врска со натпреварите, јас не сакам во никоја категорија да бидам сврстена. А и онака, натпревари не сакам, не сум нешто компетитивна. Искрено, и чудно ми е дека некој мене воопшто ме читал. А драгоцено време, барем мене ми нема одземено. Брзо пишувам.
Зашто е површен. Кој носи ваков фустан на одмор за ако ‘изненадно’ ме запроси да гори фидот? Значи не е важна спонтаноста, лежерноста во тој момент туку чекај да видат сите колку сме најубави и совршени. Не ти е површно? А за тоа другото што ти го сакаш, ти си знаеш, секој си има свои стандарди.
Не бе, не размисувај така. Си одбележуваат момент луѓето, нивно право си е. Убаво пиша една членка, подобро фидот да гори со вакви вести, да гледаш луѓе среќни и весели, него ли напатеност и трагедии. Јас сум секогаш за првото. И не го гледам како површност, можеби естетика.
Не е храброст да се бориш со лагите на овој свет, ко да сме казнети во него од раѓање, ко во некој левел од пеколот постоиме некако, што ли не чека после смртта, тие пред нас знаат, но не можат да кажат. Молчат тие, молчиме и ние.
Епа ете ок, што да кажам, секој со својот вкус за естетика. Инаку, овие црнобело жими се не знам од кај ги црпат љубовните приказни. Другар идеше со девојка му година и кусур, се враќа таа во родниот град на 1 недела и се караат нешто. За 3 недели оп на црнобело ‘Несекојдневно запросување во ***, погледнете ја нивната љубовна приказна’ и слика од девојка му со друг. Така да, дискутабилни се тие нивни моменти али нивно право, да.
Зашо моменталното задоволство е по лесно да се добие , него нешто на кое треба да посветиш внимание и труд. Светов брза само негде, брза со се, но пак не стига никаде..
И јас пораснав без мајка. Учев од татко ми. Ама ретко беше тоа. Скоро по цели денови беше на работа. Не сум некоја јака готвачка, ама се трудам. И се чудам како може жена да не знае грав да свари. Не е тоа филозофија. Имав колешка која не и даваше на ќерка и ништо да пипне.
Чудак сум. Галама во маало, не ми пречи. Галама кај комшии од гости - напротив. Кога се испраќаат/пречекуваат - џагор по ходник, ептен сакам. Фрик.
Мислам дека си ги праќаат сами во редакција или преку пријател на пријател што работи таму. Ем порталот ќе има објави ем овие демек познати че бидат. Тоа со фустанот се гледа дека знаела дека ќе биде запросена, затоа и поднела фустан.
Јас не се чудам од причина шо знам дека некои не сакат да готват. И јас не сакам да готвам. Секој си има личен избор, кој како сака нека си прави, на некоја може доволно и е да знае да испржи јајца, некоја може сака во ресторан да јаде.... Имав другарка не сакаше садови да мие. Од школска возраст беше таква, викаше жена дома да и ги мие. Ама затоа и си избра таков живот, да не мора да мие садови. Побогу, има мажи шо не знаат ни шпорет како се уклучува па тоа не ви е чудно.
Познато ми е тоа чувство ама наместо да тагуваш, биди среќна и благодарна за тоа што го имаш. Секогаш има за што да бидеме благодарни. Не се сеќавам дали те имам читано, дали имаш нешто споделено, колку време си сингл, но само верувај и биди позитивна во меѓувреме, ќе дојде партнер во животот.
Чудно им е што маж не знае да уклучи шпорет, ама на жените други им готват и им чистат, и уште чудно им е зошто некои жени чистат по дома сами, па некои неможат да си дозволат чистачка. Еве јас можам ама не сакам друг да ми се мотка дома. Во темана се расправаа на која мажот бил по домаќин, па мажите чистеле, правеле ручек, а сега испаѓа тоа го правеле жени што си се платени за тоа. Па кога пишавме неколку дека мажот ќе направел поплава ако измиел садови одма рипнаа не бил сакат, ние сме ги разгалиле мажите. Ама зад сето ова стои платена жена што си ја работи таа работа.
Aма ова не се однесуваше за тоа, туку муабетот беше за тие што си плаќаат жени и тие жени што си чистат дома заедно со мажите. Секако дека и мажот треба да учествува во домашните обврски. Членката сакаше да каже со тоа дека и нашите родители работеле па имале време за се, тука никој не спомнува дали мажот учествува или не.